Култура
Пијанистот Ричард Клајдерман во април во Скопје

Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во придружба на жичан октет ги носи своите романтични мелодии во Скопје.
Ричард Клајдерман – француски уметник со рекордна продажба на албуми, кој го има популаризирано пијаното ширум светот повеќе од било кој, после Бетовен. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен пијанист со продадени над 90 милиони албуми во светот.
Познат е како „Принцот на романтиката”, поради неговиот начин на изведба на композициите, во свој романтичен стил.
Светски виртуоз кој ги полни салите и стадионите уште од 1976 година, кога неговиот прв сингл „Ballade Pour Adeline” – „Балада за Аделина”, компониран од францускиот музички продуцент Пол де Сеневил, достигна продажба од 22 милиони копии во 38 земји.
Оттогаш Клајдерман снимил над 1.000 мелодии, со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивци во светот, со продадени над 90 милиони албуми. На врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена.
Негови најпознати композиции освен “Ballade Pour Adeline” се: “Love Story”, “Piano Concerto”, “Arabesque”, “Warsaw Concerto”, “Fur Elise”, “Clair De Lune” и многу други.
Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични исполненија на пијано. Најчесто изведува композиции на Бетовен, Шопен и Моцарт.
На скопската публика ќе ѝ ги претстави своите безвременски композиции кои ја воодушевуваат публиката на сите континенти.
Концертот кој ќе се оддржи на 1 април 2017 година, во Македонската опера и балет ќе започне во 20.30 часот, а билетите, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на “Купи карти за сѐ”, “Пола Југотон”, “Цвеќара Розе” – Веро 2 и билетарата на МОБ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Култура
Проекција на „Смрт во Венеција“ за крај на осмото издание на Филозофскиот филмски фестивал

Во Кинотеката на Македонија со прогласување на победниците во конкуренција на долгометражни и краткометражни играни филмови вечерва од 19 часот завршува осмото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
За наградата „Златен був“ (од жири и публика, во двете конкуренции) се натпреваруваа 6 долгометражни и 22 краткометражни филмови.
За крај, по свеченото доделување на наградите, во рамките на Ревијалната програма Филм-филозофија и во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје, публиката ќе има можност да погледне еден безвремен филм – „Смрт во Венеција“ (Death in Venice / Morte a Venezia, 1971) на Лукино Висконти базиран на истоименото дело на Томас Ман.
За релацијата филозофија-литература-филм и нивната поврзаност во ова класично дело од филмската историја ќе зборува Александар Прокопиев.
Актуелно
Почнува втората фаза на изградба и внатрешно уредување на Турскиот театар

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска оствари средба со делегација на Генералниот директорат на државните театри на Република Турција, по што заедно со генералниот директор, Мустафа Курт, и министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, го посетија објектот на Турскиот театар, којшто влегува во втора фаза на внатрешно уредување и техничко опремување.
Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на објектот на Турскиот театар, министерот Алаѓозовски ги информирал новинарите за преземените чекори за надминување на застојот во изградбата на објектот.
„Продолжуваме со нашата политика на одглавување на капиталните проекти. Како што ги одглавивме Тетовскиот театар, зградата на Албанскиот театар и Македонската филхармонија, ова е уште еден објект кој треба да го ставиме во функција. Интерес на Министерството за култура е да се работи брзо и во добра динамика за да може Турскиот театар да ги добие своите квалитетни услови за работа, но истовремено сите работи врз објектот да бидат изведени врз база на прецизни договори и квалитетно вградување на сите потребни материјали за што ќе разговараме со нашите пријатели од Турција. Сè уште расплеткуваме неколку ситуации околу плаќањата, дали правилно се исплатени одредени фактури, дали одредени барања дадени на суд се исправни, објективни. Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“, истакна Алаѓозовски.
Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, Аднан Ќахил, посочи повеќе проблеми кои влијаеле на застојот на изградбата на театарот за време на претходната власт, која, според него, намерно ја оставила турската заедница на маргините на капиталните инвестиции во културата и културниот живот воопшто.
„Тоа можеше и требаше да се направи порано. Во минатата Влада, Турците беа ставени на маргините на настаните. Тие три години т.е. од 2008 година можеа не вакви театри, туку цел град да изградат, но не изградија. Дваесет илјади метри квадратни со една подземна катна гаража кажува дека дилетантски е работено. Секој кој испитувал геолошки знаел дека тука има подземни води“, рече Ќахил и праша зошто баш тука каде има подземни води почнала изградбата.
Тој најави дека со одлука на Владата и разговор со турската страна ќе има соодветна динамика за изградба и соодветна опременост на Турскиот театар. Според него, тоа го заслужува турскиот народ во Македонија, кој е оставен на забот на времето. Инаку, втората фаза на внатрешно уредување и техничко опремување на Турскиот театар ќе се реализира во соработка со Генералниот директорат на државните театри на Република Турција.
концерти
(Видео) Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

Денес, точно напладне, почна претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер-фест“, што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. Како што беше објавено, цената за комплетот билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини 990 денари на http://mktickets.mk/.
На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.
Фестивалот има цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво – 80 денари.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“