Контакт

концерти

Пијано вечер со младиот пијанист Милан Дучевски

Објавено пред

Првиот солонастап на младиот пијанист Милан Дучевски, во Пиjано центарот при Националната опера и налет, ќе се емитува на фејсбук-страницата и на јутјуб-каналот на приватното училиште „Пијано арт“ на 22 јуни 2020, во 20:00 часот.

Промотивно видеонајава за концертот: https://youtu.be/XH1dA_mxf7Q
Премиера на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/pijanoart/posts/1723294064487982
Премиера на „Јутјуб“: https://youtu.be/po-AlyEM-o0

Програмата ги вклучува следните дела:

Ј. С. Бах – Трогласна инвенција бр.15
Л. ван Бетовен – Пијаносоната Oп.10 бр.1
Ф. Лист – Eтида Oп.1 бр.4
А. Хачатурјан – Токата

Ф. Шопен – Валцер Oп. 64 бр. 1
Т. Зографски – Минијатури, бр. 2 и 3
С. Рахмањинов – Прелудиум Oп. 3 бр. 2

Ф. Шопен – Ноктурно Оп. 9 бр. 2

Милан Дучевски е роден на 15.8.2005 во Скопје. Своето музичко образование го почнува во „Пијано форте“, по што продолжува во приватното музичко училиште „Пијано арт“ во Скопје, во класата на проф. Маја Стојановиќ. Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди.

Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Милан учествуваше на меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде што доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова пред МКЦ

Објавено пред

Овој понеделник, со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт со музиката на исклучителниот германски композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како: Landscape atmosphere, Life in a box и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

концерти

Jубилеен концерт на Пламенка Трајковска

Објавено пред

Во Сули Ан, со почеток во 20.30 частот, ќе биде одржан јубилејниот концерт на Пламенка Трајковска, насловен како Ladies and Gentlemen. Нашата еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија, како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, ќе се претстави со дел од својот богат музички репертоар, а ќе настапат и нејзините долгогодишни соработници – колегите од гудачкиот квинтет и од Trio Gentlemen.

На репертоарот се композиции од опусот со наслов ,,Светулки“ за соло виолина во поп романтичен стил, теми од албумот ,,Апасионато“ од Пламенка Трајковска и македонски кросовер од најавениот албум ,,Корени“.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, како и Филхармонијата на Република Северна Македонија, а се одржува во рамките на годинешново „Скопско Лето“.

Прикажи повеќе...

концерти

Онлајн-концерт „Бах во метро“ на гудачкиот квартет „Сетема“

Објавено пред

Младинскиот гудачкиот квартет „Сетема“ ќе реализа онлајн-концерт со наслов „Бах во метро“ на 10 јуни во 20 часот.

Концертот ќе биде стримуван на фејсбук-профилот на гудачкиот квартет „Сетема“ на следниот линк: https://www.facebook.com/SetemaQuartet/ и на јутуб-профилот на Пламенка Трајковска на следниот линк: https://youtu.be/6brV4vtMtXA

Гудачкиот квартет „Сетема“ се состои од млади музичари ученици, вљубеници во камерната музика, и тоа: Сања Здјелар, Емилија Грковска, Теохар Хаџи-Стојанов и Мартина Јаневска. Сите се ученици во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“. Ментор на концертот е Пламенка Трајковска.

Програмата на концертот се состои од композиции посветени на сопругата на Ј. С. Бах од збирката „Тетратка за Ана Магдалена Бах“. Овие композиции оригинално се напишани за пијано, а за концертот, нашата виолинистка Пламенка Трајковска направи аранжман за гудачки квартет.
Поради пандемијата, гудачкиот квартет интензивно ја подготвуваше програмата онлајн и направија неколку клипови од композициите во своите домови. Клиповите ги уреди Пламенка Трајковска и тие се споделени на фејсбук-страницата на квартетот.

Концертот го снимија во една од скопските гаражи почитувајќи ја препораката за меѓусебна дистанца. Сега тие ги покануваат љубителите на класичната и барокната музика да уживаат во единствен камерен онлајн-концерт. Концертот на гудачкиот квартет има цел да ги поттикне младите музичари кон камерното музицирање како единствена форма на споделено музичко размислување. Програмата, која се состои од дела на Ј. С. Бах, ги стимулира попродлабочено да ја восприемат музиката од овој композитор, како и барокната музика.

Концертот е поддржан од програмата за проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2020 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45, 77 отсто. На 3463 гласачки места до 19 часот гласале...

Македонија26 минути

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија3 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија6 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион11 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија12 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија13 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Досие