Контакт

Култура

Подготовките за Струшките вечери во завршна фаза

Објавено пред

Подготовките за 58. издание на Струшките вечери на поезијата се во завршна фаза. Покрај добитничката на „Златниот венец“, познатата романска поетеса Ана Бландијана, како и добитничката на наградата „Мостови на Струга“, младата хрватска поетеса Моника Херцег, своето присуство го потврдија над 30 поканети странски поети од различни земји кои ќе бидат претставени на фестивалот, од кои ги издвојуваме Рафаел Солер од Шпанија, истакнат шпански поет и раскажувач, Сачиданандан од Индија, еден од позначајните поети од Индија кој пишува и на малајаламски јазик, Миа Лекомт од Италија, поетеса којашто има и француско потекло, Иштван Кемењ од Унгарија, еден од најистакнатите современи унгарски поети, Јоргос Јанопулос од Грција, поет кој е веќе делумно претставен пред македонската публика.

На фестивалот ќе бидат претставени и најреномираните поети од Република Северна Македонија од различни генерации, како и поетите што ќе влезат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.

Во рамки на изданијата на Струшките вечери, освен луксузната монографија за добитничката на „Златниот венец“, во завршна подготовка се книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, книгата на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во превод на англиски јазик, четирите буклети на поетите во рамки на платформата Версополис, но исто така, во завршни подготовки е и тематската антологија во која ќе бидат претставени најреномираните македонски поети.

Во рамки на Програмата на фестивалот, освен традиционално востановените програмски содржини коишто се препознатливо обележје на фестивалот, предвидени се и нови програмски содржини што ќе придонесат за поголема отвореност и видливост на фестивалот.
За да се зголеми видливоста и отвореноста на фестивалот, освен директниот пренос на главните фестивалски читања што ќе го врши националната телевизија ќе биде обезбеден и live streaming на официјален јутјуб-канал со што ќе се овозможи следење на содржините на фестивалот ширум светот.

Струшките вечери на поезијата имаат намера да ја подигнат јазичната комуникација на фестивалот како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, но и да го унапреди односот кон својата публика и граѓаните.
Во таа насока дел од содржините, а особено главните фестивалски читања и комуникацијата со јавноста, ќе вклучува повеќе јазици. Освен досегашните македонски и англиски, ќе користиме и албански и француски јазик.

Во перспектива, од преведувачката работилница во рамки на следните изданија на Струшките вечери на поезијата ќе ни доаѓаат преводи и на шпански, германски, руски, кинески и другите светски јазици. На Струшките вечери на поезијата како светска манифестација и како место на славење на јазикот во неговиот најкреативен облик им прилега повеќејазичноста.
Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата и токму затоа имаме намера на Струшките вечери на поезијата да го негуваме и францускиот јазик.

Истовремено користењето на македонскиот и на албанскиот јазик е во корелација со владините јазични политики, со законот за јазици и во духот на новата стратегија за едно општество и интеркултурализам. Струшките вечери на поезијата се светски, но и струшки! Тие се фестивал со кој стружани со право се гордеат и го поддржуваат. Токму затоа, подигањето на нивото на јазична комуникација е со првенствена цел да ја врати посетеноста на читањата на отворено, кои отсекогаш биле обележје на фестивалот. Поезијата и јазиците се цивилизациски средства за поврзување и за комуникација меѓу граѓаните и народите и придонесуваат кон мозаикот од различности кој го негуваме во нашата земја, се вели во соопштението од НУМ „Струшки вечери на поезијата“ за годинашното издание на фестивалот.

Култура

Владата одобри 209,5 милиони денари за изградба и санација на културните објекти

Објавено пред

Владата денеска даде согласност за Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.

Годишната програма за инвестиции во културата за 2020 година содржи 12 проектни активности, кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата, кои се носители на активностите. Со Програмата се предвидуваат активности за продолжување со изведување  градежни работи за изградба на објект за театарот во Струмица, изградба на театар и библиотека во Тетово и завршување на работите во театарот во Велес. Се предвидува почеток со реконструкција на објекти на национални установи за кои претходно беше обезбедена проектна документација како прва фаза од реконструкцијата во објектите на НУ ЦК АСНОМ во Гостивар, НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово – зграда театар. Со Програмата ќе се почне и со активности за обезбедување проектна документација за реконструкција на објектите НУ Музеј на Македонија, Национална галерија – објект „Мала станица“, НУ ЦК „Антон Панов“ – Струмица, НУ ЦК „Марко Цепенков“ за потребите на театарот и адаптација на простор во галерија во објектот на НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево. Исто така, со Програмата се предвидува и реконструкција на покривот на објектот на спомен-домот на Разловечкото востание во с. Разловци, Делчево.

Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Годишната програма за инвестиции во културата се предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2020 година во износ од 209.500.000,00 денари.

Прикажи повеќе...

Изложби

Осумнаесетто издание на „Зимски салон“

Објавено пред

Осумнаесеттото издание на „Зимски салон“ ќе се одржи на 3 февруари во Чифте Амам со почеток во 20 часот.

„Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја.

„Денешната физиономија на ‘Зимскиот салон’ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата Гранд при’ (престој во ателјето на Citè des Arts во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум, а тоа е конкретна тема на ‘Зимски салон’, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна“, велат од ДЛУМ.

На годинешниот „Зимски салон“ селектор е македонскиот историчар на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски, а зададената тема гласи „Првиот грев – првата доблест“.

На изложбата ќе учествуваат: Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Кирил Гегоски,Тања Балаќ, Марјана Костојчиноска Узунчева, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Борче Богоевски, Илина Арсова, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Виолета Чаповска и Слободан Живковски.

Од страна на кураторот на изложбата „Зимски салон“ како поканет гости ќе се претстави уметникот Алекандар Зафировски.

Прикажи повеќе...

Култура

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Објавено пред

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи на 9 февруари.

Режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со познати холивудски ѕвезди, меѓу кои и Леонардо ди Каприо.

„Да биде јасно. Јас не стоев до него. Тој стоеше до мене. Имам две номинации оваа година“, се пошегува Котевска за фотографиите на кои стои до Ди Каприо.

На официјалните профили на Академијата на социјалните мрежи е објавена и групна фотографија од сите номинарини за Оскар оваа година, меѓу кои и Ал Пачино, Бред Пит, Роберт де Ниро, Шарлиз Терон, Квентин Тарантино…

„Медена земја“ има две номинации за Оскар – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер. Кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума, кои ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм на 34 доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Првпат во историјата на „оскарите“ се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион47 минути

Сасоли:Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион1 час

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија1 час

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните...

Македонија12 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија14 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија14 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија16 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт16 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија16 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија17 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија19 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија21 час

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија21 час

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија22 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ22 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура23 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет23 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет1 ден

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет1 ден

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Досие