Контакт

Книги

Поетите Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година

Објавено пред

Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија секоја година на еден домашен и на еден странски поет, оваа година им се доделува на македонскиот поетски маг Михаил Ренџов и на поетот Мирослав Биелик од Република Словачка.

Чествувањето на поетското творештво на овие писатели ќе се изрази преку објавување заедничка збирка поезија во рамки на традиционалната едиција на добитници на оваа награда, а со оглед на пандемиската ситуација, врачувањето на статуетките на вообичаен свечен собир во просториите на ДПМ се одлага за некои подобри времиња во втората половина на годинава.

Михаил Ренџов (1936 г.) е современ македонски писател кој се има пројавено во различни книжевни жанрови: разновидни поетски форми, проза, есеистика и книжевен превод. Сепак, за поезијата може да се каже дека има централно место во неговиот опус и дека токму специфичниот поетски нерв е она што го чини уникатен неговиот авторски профил.

Завршил гимназија во Штип, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство и во одреден период бил директор на оваа институција. Член е на Македонскиот ПЕН-центар. Член е на ДПМ од 1965 г. Автор е на дваесетина поетски книги: „Иселеник на огнот“ (1965), „Ноќно растење на зборот“(1967), „Каде од оваа страна“ (1968), „На работ од сонот“ (1972), „Страв“ (1976), „Полноќ“ (1979), „Нерези“ (1982) (награда „Браќа Миладиновци“), „Аутодафе“ (1985), „Феникс“ ( сонети, 1987), „Земја. Потоп“ (1991), „Шпил“ (1994), „Вечната бесконечната“ (1996), „Јас оксиморон“ (1998) (награда „Ацо Шопов“), „Псалми“ (2000), „Галичица“ (2007), „Окарина“, „Јас. Елегии“ (награда „Браќа Миладиновци“); на поемите „Тој“ (1993) и „Предвесница“ (2009) (и двете овенчани со наградата „Григор Прличев“), драмската поема „Апокалипса“ (2002); прозната книга „Захариј и други раскази“ (2004) („Рациново признание“); на книгите за деца „Сонување патување“ (1991) и „Ангела сонува“ (1998).

Од неговата преведувачка дејност посебно внимание заслужува препевот на асиро-вавилонски еп „Гилгамеш“ објавен во три изданија.

Мирослав Биелик (1949 г.) е современ писател од Република Словачка, познат во својата средина по дела од различни книжевни и книжевно-научни жанрови. Објавил повеќе од сто стручни студии од областа на книжевноста и културата. Работел во „Матица Словачка“ како библиограф, бил долгогодишен директор на Словачката народна библиотека и на „Матица Словачка“. Денес е претседател на Друштвото на писателите на Словачка.

Негови позначајни прозни дела се: двотомниот роман „Венециски Диптих“ (Benátsky diptych) – „Реалност“ (Skutočnosť, 2007) и „Нереалност“ (Neskutočnosti, 2010), и романот „Калеидоскоп“ (Kaleidoskopis, 2013).

Автор е на следниве збирки поезија: „Времето е тивок гласник на мислата“ (Čas je tichý posol mysle, 2003), „Незначајно движење на стрмната рамнина“ (Nepatrný pohyb po naklonenej rovine, 2005), „На крајот на еден х-век“ (Ku koncu jedného x-ročia, 2009) и „Меланхолија“ (Melanchólia, 2018).

Книги

Објавена книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавена книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“ од чешкиот писател Марек Томан. Делото од чешки го преведе Мирјана Наумовски (Мими Наум), а неговото објавување во рамките на проектот „Креативна Европа“ е поддржано од Европската Унија, македонското и чешкото министерство за култура.

Дејствието се одвива во Америка, на Дивиот Запад. Во слаткарницата на кривогледиот Џим служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и читателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој ги краде сите книжевни текстови. Заедничката борба со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот. Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание на квалитетната и на другата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да предизвикаат љубов кон книгата.

Марек Томан (1967) е чешки прозаист, поет и преведувач. Студирал филозофија на Карловиот универзитет во Прага. Бил уметнички директор во радио, а од 1997 година работи во чешкото Министерство за надворешни работи. Десет години бил дипломат во Естонија и Унгарија.
Негови дела се преведени на англиски, фински, унгарски, српски и други јазици. На македонски јазик му е објавен и романот „Пофалба на опортунизмот“ („Бата прес“, Скопје, 2019)

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурс за најдобра песна на „Празник на липите“

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија традиционално во месец јуни ја организира поетската манифестација „Празник на липите“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и под покровителство на Град Скопје. Овој пат поетската манифестација со физичко присуство на поетите се одложува за некој подоцнежен период во текот на годината, кога условите ќе го овозможат тоа.

Денес се распишува наградниот конкурс за најдобра необјавена песна на „Празник на липите 2020“, кој ќе биде отворен до дваесетти август оваа година. Членовите на ДПМ се покануваат да испратат своја песна за конкурсот на електронската адреса [email protected] или по поштенски пат, на адресата на Друштвото на писатели на Македонија – „Максим Горки“ 18, 1000 Скопје, и тоа во четири примероци.

Исто така, се охрабруваат, доколку се во можност, да испратат видеозаписи од сопствената интерпретација на песните, за да може пријавените песни да бидат објавувани во електронските медиуми во текот на конкурсот.

За изборот на најдобра песна на манифестацијата и оваа година ќе одлучи тричлена жири-комисија составена од истакнати членови на асоцијацијата. Доколку условите не ја дозволат реализацијата на поетско читање, тоа ќе биде организирано како онлајн настан.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова поетска книга „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска

Објавено пред

Деновиве излезе од печат најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска, „Јазикот на светлината“, во издание на „Македонија презент“. Книгата е поддржана на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура на РСМ. „Јазикот на светлината“ е шеста стихозбирка на авторката.

Рецензент на книгата е проф. д-р Венко Андоновски, кој истакнува дека најновиот поетски ракопис на Спасовска, кој неодамна ja доби и наградата „Антев златник“ на меѓународната поетска манифестација „Антево перо“, е пообемен ракопис со повеќе циклуси, кои покажуваат дека поетесата има повеќе тематско-мотивски опсесии. Но, во сите тие мотиви, без разлика дали станува збор за светлината и нејзиното симболичко место во вселената, за црвениот змеј, за Соломоновата чаша или за митолошките рециклажи на џиновите и митските суштества, за змијата која постои уште пред Адам и Ева, или едноставно, за Македонија како земја на единствената светлина, едно нешто е секогаш исто: проблесокот, зенот, сознанието…

Поезијата на Сузана В. Спасовска во оваа стихозбирка, главно посветена на светлината, сепак, ја сведува таа светлина на десетици разни еманации: на цвет, школка, вода, љубов, сонце… На дело е една поетска синтакса на светлината, превод на светлината во навидум неслични на неа нешта и, што е најважно, зад секоја песна се крие најважното својство на секој голем поет: крикот. Тие неми крикови, тие навистина стилски беспрекорни песни од оваа стихозбирка, убеден сум, стануваат мера за нашата современа поезија…

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет11 час

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија18 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија18 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија18 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија19 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија19 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион21 час

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија21 час

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија21 час

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија23 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија23 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија24 часа

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет24 часа

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија1 ден

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија1 ден

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава1 ден

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија1 ден

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Топ1 ден

Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и...

Македонија2 дена

Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако...

Досие