Контакт

Култура

„Попусто е да се објавуваат книги, ако нема каде да се продаваат“- издавачите бараат материјална помош за спас на книжарниците

Објавено пред

Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците укажуваат дека економската криза и условите на пандемијата мошне сериозно го погодиле издаваштвото и печатарството во земјата.

Од Конзорциумот нагласуваат дека голем број книжарници се затворија, а тие што останале едвај опстојуваат и се наоѓаат во ситуација пред целосно затворање, неработење и исчезнување.

„Молиме и бараме Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија посебно да се погрижи за книжарниците и книжарите, зашто книжарството кај нас со години беше во криза, преживуваше и не се развиваше и напредуваше (со ретки исклучоци кога материјалната поддршка беше добиена од државни извори), па сега книжарниците се наоѓаат во катастрофална положба, пред колапс и трајно бришење од регистарот на трговски фирми и мапата на стопански субјекти. Недозволиво е во голем број градови од нашата Република да нема ниту една книжарница, или да има само една а најмногу две, но и тие не продаваат книги и други изданија, туку само училиштен прибор, канцелариски материјали и други најразлични ситници меѓу кои најчесто играчки, па дури и тоалетна хартија“, велат од Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците.

Предлагаат директна државна материјална помош и долгорочни стимулативни законски мерки за сите книжарници во Македонија, со што ќе се зачуваат, спасат и обноват постоечките, а ќе се отворат и нови книжарски места таму каде што воопшто ги нема.

Попусто е да се објавуваат книги, велат издавачите, ако нема каде да се изложат, продаваат, промовираат и да стигнат до рацете на читателите.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото, Јапонија

Објавено пред

Филмот „Врба“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 22 јануари ќе го отвори 13. меѓународeн Филмски фестивал „Историка“ во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал „Историка“ е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании „Тоеи“ и „Шошику“, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм ‘Врба’“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на „Реинденс“ во Лондон, најдобар филм на „Синеквест“ во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија…

Минатиот месец „Врба“ освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк.

„Врба“ собори рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („суптилен и длабок“ – „Варајати“), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД.

Најновиот, седми филм на Манчевски, „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безобразна комедија и безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд „Еуримаж“, а 46 проценти се од Македонија – од Агенцијата за филм и Македонската радио-телевизија (МРТ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и од Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика „Дениш стринг квартет“, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска-Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатира дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, годинава се доделува 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

Бисера Костадиновска-Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура

Објавено пред

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска во Министерството за култура ѝ ја предаде функцијата на новоизбраната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа истакна дека во ресорот се почнати повеќе процеси и проекти што се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази, кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците.

Костадиновска-Стојчевска се заблагодари на убавите желби и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија13 часа

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион15 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија16 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија16 часа

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија18 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет18 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија19 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет19 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија20 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија1 ден

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија1 ден

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија2 дена

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион2 дена

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет2 дена

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија2 дена

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ2 дена

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија2 дена

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Досие