Актуелно
Почина поранешниот министер за култура Благој Стефановски

Поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге почина денеска на 67-годишна возраст.
Стефановски беше болен подолго време, а потоа и позитивен на коронавирусот.
Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.
Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.
Во својата професионална кариера тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на Охридско лето.
По завршувањето на министерскиот мандат, го оформи Мал драмски театар – Битола и работеше на независната сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.
Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.
Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.
Актуелно
Популарни светски и македонски хитови на традиционалниот Василичарски концерт во НОБ

Националната опера и балет ја продолжува традицијата воспоставена пред повеќе од 25 години и во вторник и в среда, 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, ќе го одржи гала-концертот по повод празникот Василица.
Оваа година концертот носи наслов „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани.
Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп-солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува Стара Нова година, Националната опера и балет го утврди овој концерт во 1993 година и во годините потоа тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моментната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.
Билети може да се набават на билетарницата на Национална опера и балет и онлајн.
Актуелно
Во МНТ премиера на монодрамата „Последната лента на Крап“

На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12 премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба, режија и продукција на првенецот на Македонскиот народен театар Ѓорѓи Јолевски.
Претставата е копродукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и „Перипетија продукција“ од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.
Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска-Угуровска.
На светло-дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло-операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.
„Последната лента на Крап” е претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти. Меѓу нив една лента има посебно место: таа што се наоѓа во кутија три – ролна пет! На неа е снимен тој, средовечниот Крап, пред цели 30 години, одамна минато време, каде што зборува за уште подалечни, а клучни настани од својот одамна изминат младешки свет, за изгубената љубов, за смртта на неговата мајка, за илузиите и неуспешната кариера. А, стариот Крап, сега има амбивалентен однос кон тоа што го слуша.
„Ова е претстава за изолацијата, за стареењето, за кревкоста на сеќавањето, нашиот комплексен однос со технологијата, во еден свет во кој времето неповратно минува, низ бројни ограничувања со кои нè соочува самиот живот“, се вели во најавата за претставата.
Билетите се достапни онлајн на веб-страницата, како и на билетарницата во МНТ.
Билетарницата работи в понеделник и во вторник од 12 до 18 и среда од 9 до 14 часот.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира