Контакт

Култура

Поради номинациите на „Медена земја“, МКЦ најави групно следење на „Оскарите“

Објавено пред

Македонскиот филм „Медена земја“ успеа да добие две номинации за претстојните „Оскари“ – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Поради ваквиот успех, Младинскиот културен центар најави дека на 9 февруари, со почеток од 23 часот, во киното „Фросина“, ќе се одржи пренос во живо од 92. доделување на престижните филмски награди во театарот „Долби“ во Холивуд.

„Закажуваме пренос во живо на ‘Оскарите’! 9 февруари во киното ‘Фросина’. Повеќе инфо набргу…“, стои во кусата најава од МКЦ.

Првпат во историјата на „Оскарите“ се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски „Оскар“, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

концерти

Гудачкиот квартет „Дисонанс“ вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Фестивалската програма на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Членовите на овој музички состав „Дисонанс“ за прв пат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото кое било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник Дневник ќе напише: „Овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело кое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во C-dur, KV 465.

Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Прикажи повеќе...

Култура

Целиот опус на Васил Хаџиманов бенд достапен на дигиталните платформи

Објавено пред

Комплетната дискографија на Васил Хаџиманов, и неговиот бенд, сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми кои сега се достапни за луѓето ширум светот.

Станува збор за албуми кои секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари ширум светот ги препознаваат и наградуваат највисоките оценки. Албуми кои добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба.
Во последните 20 години, Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и низ целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.
Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41-те Annual Jazz Station Awards, додека бендот го зазеде второто место во категоријата „најдобра џез група“.

Прикажи повеќе...

Култура

Охридско лето со концерт за четирирачно пијано приреди прекрасна вечер

Објавено пред

Разни композитори и разновидни музички стилови на едно пијано донесоа вчеравечер рускиот пијанист Илја Максимов и неговата партнерка Јулија Коќубан од Полска на фестивалот Охридско лето.

Програмата на руско-полското дуо-пијано ја опфати „Сонатата за четирирачно пијано“ од Моцарт, „Малата свита“ од Дебиси, а ја изведоа и композицијата „Шест пиеси“ од Рахманинов.
Максимов – Коќубан првпат се во Охрид и на фестивалот Охридско лето и, како што велат, иако прочитале за убавините со кои ќе се сретнат, сепак, по доаѓањето, виделе дека градот е уште поубав кога ќе се посети.

„Ова е нашиот прв настап на Охридско лето. Бевме многу возбудени што доаѓаме бидејќи многу читавме за Охрид. И морам да кажам дека нашите очекувања беа многу пониски отколку реалноста. Ова место е восхитувачко. Кога првпат стапнавме во црквата ‘Света Софија’, ја почувствувавме таа прекрасна енергија и атмосфера“, вели Максимов.

Иако настапуваат како дуо-пијано, рускиот пијанист Илја Максимов и неговата животна и музичка партнерка, Јулија Коќубан, зад себе имаат и самостојни музички кариери.

„Да се свири на едно пијано за четири раце е поинаку и има голема варијабилност на камерната музиката. Ние обично свириме посебно како пијано дуо и ова ни е прв концерт во странство на кој свириме со 4 раце. Но, бидејќи сме венчани и го делиме животот, и свирењето е полесно со пијано за четири раце“, открива младата пијанистка Јулија Коќубан.

И Максимов вели дека не ги запоставуваат соло кариерите, но, сепак, најубаво е кога и во светот на музиката патуваат заедно.

„Секогаш кога имаме шанса, настапуваме заедно. Двајцата имаме посебни кариери како уметници, Јулија е извонреден пијанист, јас исто така давам сè од себе. Секако, кога имаме соло концерти, даваме сè од себе изнесувајќи го тоа пред публиката, но одлично е кога сме заедно бидејќи можеме да патуваме заедно и да искусиме многу нешта“, додава Максимов.

Јулија Коќубан е една од водечките пијанистки на својата генерација. Нејзиниот деби-албум „Шуман, Шопен, Бацевич“ е оценет од музичката критика како еден од најинтересните полски деби-албуми во последните години, а последното ЦД со клавирските концерти на Тансман и Бацевич е номинирано за највисоката наградата во полската музичка индустрија – „Фредерик“.

Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти“ во Италија. Неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика, па сè до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имаат посебно место во неговата концертна кариера.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија1 час

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет1 час

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија2 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет3 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет4 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет4 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија4 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија19 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија19 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија20 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија22 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија1 ден

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Досие