Контакт

концерти

„Поточиња“ на 21 и 22 март во МОБ

Објавено пред

Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21 и 22 март ќе помине во знакот на 17. издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

Разиграни, распеани, а на сцената единствени, „Поточиња“ се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните „Поточиња“ ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

„Поточиња“ во Македонска опера и балет за 21 и 22 март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч, 13:00 ч и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, билетарница на МОБ и онлајн – www.karti.com.mk

концерти

Фестивалот „Скопје колинг“ презакажан за септември

Објавено пред

Продукцијата „Авалон“ информира дека поради актуелната состојба со коронавирусот, фестивалот „Скопје колинг“, наместо во јуни ќе се одржи на 12 септември.

„Vini Vici, Махмут Орхан, Кирил Џајковски и Кирилик, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12 септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак, нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот“, велат од „Авалон“.

Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Прикажи повеќе...

концерти

Откажани сите концерти на Филхармонија до крајот на март

Објавено пред

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата, која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и терминот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10 до 14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

концерти

Одложени концертите на „Авалон продукција“

Објавено пред

Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата коишто се однесуваат на коронавирусот, „Авалон продукција“ соопшти дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и „Електрични оргазам“ се одложуваат.

Од „Авалон„ велат дека континуирано работат за да обезбедат нови датуми за концерти во мај.

Новите датуми ќе бидат објавени в понеделник во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет3 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија3 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет4 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион4 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет4 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа6 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија15 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа17 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа18 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија18 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија19 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија21 час

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет21 час

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија22 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет22 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија22 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет1 ден

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 ден

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 ден

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Досие