Контакт

Култура

Почесна „Златна рамка“ за Жаклина Крстевска, Петар Мирчевски, Петар Богоевски и постхумно за Томе Молдовски – Мољац

Објавено пред

Почетокот на првото издание на филмската ревија посветена на македонскиот филм „Златна рамка” беше означено денеска со свеченото собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) кое донесе одлука да ги награди професионалците Жаклина Крстевска за најдобар филмски автор, Петар Мирчевски за најдобар филмски актер, Петар Богоевски за најдобар филмски работник, а постхумна почесна „Златна рамка“ доби Томе Молдовски – Мољац.

Наградата во име на Молдовски ја прими член на неговото семејство, а останатите награди ќе бидат врачени утревечер во Клуб-ресторанот во МКЦ.

Овие награди секоја година ќе се доделуваат за да се одаде почит на филмските професионалци кои имаат многу значајни и многубројни остварувања зад себе.

На собранието зборуваше претседателот на ова здружение, режисерот Игор Иванов-Изи, и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

„Она за што сум се борел и ќе се борам е филмот да остане надвор од политиката. Во ДФРМ гледаме партнер со кој заедно ќе создаваме критериуми за филмот да оди напред. Ќе работиме на квалитет, а не на квантитет. Оваа ревија е начин да се направи отчет на сработеното, да не ни се случи како во минатото да се даваат средства за филмови кои никој никогаш не ги видел. И натаму се бориме да ги вратиме накалемените долгови, а во моментов наследивме 90 незавршени филмови. Сепак, во сите овие проблеми во кој била втурната Агенцијата за филм, успеваме да создаваме силни критериуми за македонскиот филм да добие видливост и успех во светски рамки како што тоа ни се случи во изминативе месеци“,  рече Тозија.

Иванов го соопшти и предлогот за прием на почесен член во ова друштво, филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре, кој е неуморен многугодишен поддржувач на македонскиот филм. Куновски беше едногласно избран од членовите на ДФРМ.

Работниот дел на Собранието продолжи зад затворени врати со претходно утврдена агенда.
Трите филмски денови на ревијата, почнувајќи од денес, се поделени во три дела: документарна програма од 17:00 часот, краткометражни филмови кои почнуваат во 19:00, додека, пак, долгометражните во 21:00 часот. Сите проекции се во кино „Фросина” и се бесплатни.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ в сабота со почеток во 11:30 е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, а в недела исто со почеток во 11:30, тркалезна маса на тема: „Нема кинематографија без филмска критика” предводена од страна на уметничкиот координатор на „Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Шеридан: Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е

Објавено пред

Светски познатиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан кој се наоѓа во Битола, денеска во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“  одржа мастер клас. Шеридан чии филмови се ремек делата „Моето лево стопало“ и „Во името на таткото“, на фестивалот пристигна во својство на претставник на Европската филмска академија (ЕФА). Тој истакна дека е изненаден од сериозноста на на начинот кој е организиран фестивалот.

„Ја разгледував програмата и забележав дека многу голем дел од филмовите кои овде се селектирани да се прикажат се одлични“, рече Шеридан.

На прашањето како влијае брегзит врз Ирска, Шеридан одговори со ангедота:

„Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е. Ние им бевме закана на Британците на некој начин. Во минатото на границата со Ирска се граделе кули и доколку не е некој закана за тебе нема да градиш такви кули. Британците сметаа дека Европјаните ќе ја искористат Ирска за да ја нападнат Британија. Така другите гледаа на оваа мала католичка земја, која беше назадна и старомодна. И тоа е нашата историја“, рече тој говорејќи за политичката историја на неговата земја.

Шеридан зборуваше е и за неговиот филм „Во името на таткото“, и за тоа како политиката и црквата ги разделуваат семејствата.

Шеридан е роден во Даблин 1949 и е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија. Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек-делото „Во името на таткото“, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои „Златната мечка“, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за „Оскар“, 4 номинации за „Златен глобус“ и 2 номинации на БАФТА.

Прикажи повеќе...

Култура

Константинов: Во уметноста не треба да се прави компримис

Објавено пред

За разлика од политиката, во уметноста не треба да се прави компримис, вели композиторот Љупчо Константинов, чиишто ноти збогатија голем број македонски филмови, меѓу кои „Среќна нова 49“ и „Тетовирање“.

Константинов на 40-то јубилејно издание на фестивалот „Браќа Манаки“ синоќа свечено ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, по што попладнево пред новинарите и филмаџиите говореше за неговата љубов кон музиката, но и пристапот и предизвиците со кои се соочува композиторот во едно филмско дело.

„Музиката почнува таму каде што завршува зборот. Се согласувам со она што го кажале и некои големи автори на филмската музика дека најтешко за композиторот е да дојде до темата и тоа одзема најмногу време“, рече Константинов. Според него, технолошкиот развој не може да ја уништи филмската музика, меѓутоа ја прави понеодржлива.

Во однос на соработките, Константинов вели дека пристапот кај секој режисер е различен. Така, додека еден режисер дозволува самиот тој да си ја постави музиката, друг работи на начин што одредува за која сцена сака музика. Сепак, додава Констатинов, тоа не функционира секогаш на овој начин, бидејќи музиката најавува дека нешто ќе се случи или е реминисценција на дејство или чувство. Композиторот раскажа дека првата љубов со музиката му се родила во Охрид, каде со другарите се собирале и свирел забавна музика на гитара. Тогаш го засакал и филмот.

„Човек мора постојано да се образува и надоградува, на младата генерација сега и’ многу полесно. Порано беше тешко да се дојде до партитура, а сега се’ е на интернет. Без оглед на се’, треба да се биде љубопитен и постојано да се експериментира“, заклучи композиторот на денешната средба со новинарите.

Во чест на Љупчо Константинов, вечерва ќе биде прикажан филмот „Среќна нова’49“ во режија на Столе Попов.

Елена Тарчуговска

 

Прикажи повеќе...

Култура

Алкаине за соработката со Алмодовар: Лутината помина и сега повторно работиме заедно

Објавено пред

За долгогошната соработка со режисерот Педро Алмодовар, пријателството и меѓусебните несогласувања, денеска во Битола зборуваше кинематограферот Хозе Луис Алакаине, кој е дел од неговиот последен проект „Болка и слава“ што синоќа го отвори фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Алкаине раскажа дека иако двајцата долго се знаат, тие 16 години не работеле заедно на филм бидејќи биле скарани. Лутината низ годините поминала, па нивната соработка во моментов, кинематограферот ја оцени како одлична. Рече дека од почетоците во 1988 година кога разботеле заедно на „Жени на работ на нервен слом“, па досега, и двајцата многу се промениле.

„Бевме скарани повеќе од 16 години и не работевме заедно на филм. Тој не ме бараше и ниту јас него, сѐ до 2004 година кога Естер Гарсија кој е директор на продукцијата на сите филмови на Алмодовар ме праша дали нема да ми пречи ако снимам уште еден филм со Педро. Тогаш помислив дека 16 години се доволни да помине лутината и сега повторно работиме“, раскажа Алкаине низ смеа.

Осврнувајќи се на филмот „Болка и слава“, кинематограферот откри дека Алмодовар обрнува исклучително внимание на боите кои понекогаш е тешко да се прикажат на големото платно.

„Снимавме сцена во која Антонио Бандерас седеше со зелена прекривка која е многу специфична за доловување. Неговото тело правеше сенка, но Алмодовар инсистирапе зелената боја да биде насекаде иста и без сенки. Местевме многу за да ја снимиме сцената“, кажа тој.

Алкаине синоќа присуствуваше и на отворањето на фестивалот, каде посочи дека јазикот на којшто тој зборува не е шпанскиот, англискиот или македонскиот, туку сликите и преку нив најдобро може да се изрази. Кинематограферот во Битола доаѓа по втор пат, откако пред шест години ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело.

Елена Тарчуговска

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Регион2 часа

Инциденти на Парадата на гордоста во Белград, уапсени четири лица

Повеќе инциденти се регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири...

Македонија6 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија7 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет8 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија9 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа9 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа10 часа

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура22 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија23 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт1 ден

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа1 ден

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ1 ден

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија1 ден

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија1 ден

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт1 ден

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет1 ден

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет1 ден

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет1 ден

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Досие