Контакт

Култура

Почина актерката Љупка Арсова-Џундева

Објавено пред

Почина тивката дама на македонското актерство, Љупка Арсова-Џундева, соопшти утрово Македонскиот народен театар.

„Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова-Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременската убавина, романтичната појава и жестокиот став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ беше во 2015 година како Марина во претставата ‘Вујко Вања’ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најдат мирот и љубовта кон луѓето и колку што е можно човек треба да му се радува на животот.

„Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше да каже нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш“, стои во натписот на МНТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Скопје лајт арт дистрикт“ од 29 мај до 1 јуни

Објавено пред

Второто издание на фестивалот на светлината „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни. Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјава и странство од 20 до 24 часот, на 18 локации, ќе ги изложуваат своите дела, ќе ги изведуваат своите претстави и перформанси и ќе им понудат на Скопје и на скопјани едно ново, магично и необично доживување.

Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, „Скопје лајт арт дистрикт“ и реномираните светлосни уметници што ќе бидат дел од него на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовиштата што магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д-проекциите и уште многу други светлосни атракции.

Фестивалот ќе биде збогатен и со посебен дел за одмор, забава и дружење на посетителите, а ќе имаат можност да присуствуваат и на првиот 3Д мапинг-натпревар, на кој уметници од земјава и странство ќе се натпреваруваат за фестивалското гран при, наградата „Златко Славенски“.

Отворањето на фестивалот е закажано за 20 часот на 29 мај во Куршумли ан во Старата скопска чаршија, а посетителите ќе може преку мобилна апликација и мапата на веб-страницата на фестивалот да се вклучат и самите да ги откриваат поставките преку предодредена патека, која ќе ги одведе до самиот финиш, во Градскиот парк во Скопје.

„Скопје лајт арт дистрикт“ е во организација на ЈУ Универзална сала, со поддршка на Град Скопје и проектот ROCK како дел од програмата „Хоризонт 2020“ за истражување и иновации на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Култура

Басара и Попов ги примија наградите „Прозарт“

Објавено пред

Тука, на Балканот, а и не само тука, не можеме да опстанеме без хумор и иронија. Шегата е тест на интелигенцијата на кој би требало да сме подложни секој ден. Бидејќи без интелигенција – нема толеранција. А без толеранција – сме загубени колку и банално да звучи ова. Ви благодарам за честа да бидам во друштво со првокласни писатели од Балканот и од Европа, рече писателот Алек Попов заблагодарувајќи се за наградата „Прозарт“, која фестивалот „Про-За Балкан“ му ја додели за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

Наградата на Попов му ја врачи уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, кого го врзуваат години пријателство со лауреатот како преведувач на неговите романи „Мисија Лондон“ и „Сестри Палавееви“, која деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Прозарт медија“. По повод наградата, Попов прочита извадок од „Сестри Палавееви“, а и кус расказ со наслов „Гласот на Старата чаршија“, за мало девојче што во еден момент станува господарка на светот, и додаде:

„Ја прифаќам оваа награда како израз на признанието на нешто што многу често се занемарува во литературните кругови што имаат високи претензии – барем во мојата земја. Иронијата, парадоксот, хуморот, трансвестијата, карневалот. Дистинктивни карактеристики не само на мојот стил и гледање на светот, туку, генерално, на целата наша балканска култура. Тоа е можеби најсуштинскиот дел од оваа култура. Снобизмот, не само во литературата, е одвратен, а резултатот од него е мизеријата – идејна и творечка. Не случајно решив да ви раскажам приказна од периферијата и да се фокусирам точно на закачката и намигнувањето. Некои од нашите интелектуалци болно се возбудуваат во врска со прашањето на центарот и на периферијата. Мислам дека треба да го земат примерот од тоа мало девојче во Чаршијата. За него, ова прашање не постои. Со едно магично намигнување тоа станува центар на универзумот. Големата господарка“.

Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, даде кус осврт за наградата „Прозарт“, која советот на фестивалот ја доделува за артистички опус и, како што вели, нешто што останува како значаен дел во нашата прозна стварност во регионот, кој сè уште го чувствуваме како наш. Тој му ја врачи наградата и на лауреатот за 2018 година, Светислав Басара, кој, поради здравствени причини, лани не можеше да дојде во Скопје.

„Голема е честа на овој човек да му се даде наградата ‘Прозарт’ за неговата голема посветеност не само на пишувањето туку и на занаетот “, истакна Прокопиев.

Басара се заблагодари за признанието и за трпението што организаторите на фестивалот го имале. Тој потсети на мудрите зборови „…она што се случило, се случило, она што не се случило, исто така се случило“, кои турскиот писател Тарик Туфан, исто така гостин на фестивалот, ги прочита како дел од извадок на негов роман.

„Еве ви жив доказ за тоа. Ова требаше да се случи пред една година. Минатата година бев спречен да дојдам, а фестивалот имаше една година да размисли дали да ме бара или да бара друг добитник и остана свој на своето, што мене ми е особено драго и особено ми е драго што по 30 години сум повторно во Скопје, иако во Македонија сум бил на други места, и што поминав три убави дена со драги луѓе за што ви благодарам“, рече Басара.

Со врачувањето на наградите синоќа беше затворено 7. издание на фестивалот. Во чест на Попов, вечерва во Кинотеката во 21 часот ќе биде прикажан филмот снимен според неговото сценарио – „Мисија Лондон“ (2010), а по проекцијата, публиката може и да поразговара со него и со неговиот промотор Прокопиев.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Објавено пред

Македонскиот писател Венко Андоновски на 24 и 25 мај ќе учествува како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург.

На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментот најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Тамара се искачи на седмото место на Евровизија, имало пропуст во гласањето

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска сепак заврши на седмото место на фестивалот и прво според гласовите на жири комисијата....

Македонија2 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија3 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија5 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија6 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија6 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија7 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија8 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија8 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет9 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа9 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет10 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа11 час

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Досие