Контакт

Култура

Почина актерот од легендарниот филм „Кум“

Објавено пред

Актерот Дени Аjело, кој имаше номинација за Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Направи вистинска работа“, почина на 86 години во Њу Џерси.

Ајело почина по кусо боледување, потврди неговиот портпарол Трејси Милер за „Л.А. Тајмс“.

Со длабоко жалење известувам дека Дени Ајело, сопруг, татко, дедо, глумец и музичар, почина синоќа по кусо боледување. Семејството бара приватност во овие моменти“, соопшти Милер.

Даниел Луис Ајело Џуниор глумеше во голем број филмови, „Еднаш во Америка“, „Пурпурната роза од Каиро“, „Леон: професионалец“, „Среќен број Слевин“ и многу други. Често глумеше италијанско „тврдо“ момче, а неговата кариера траеше од раните 1970-те до денеска.

Култура

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Објавено пред

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња.

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на Твитер упати пофални зборови за „Медена земја“.

„Колку совршен филм во овој момент. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша Ли Кертис.

Прикажи повеќе...

Книги

Отпечатен „Битолскиот говор“ – небранетиот докторат на Воислав Илиќ

Објавено пред

Седумдесет години, од денот кога бил предаден докторатот „Битолскиот говор“ од Воислав Илиќ за оцена на Филолошкиот факултет во Белград, дури деновиве е обелоденет во издание на „Бата прес милениум“.

Монографијата за битолскиот говор ја приреди за печатење лингвистот Васил Дрвошанов, чија тесна специјалност е дијалектологијата. Научната јавност првпат има можност целосно да се запознае со ова дело.

Трудот е работен врз сочуваниот примерок, напишан на српски јазик на 352 страници машинопис, од збирката на рецензентот Стојан Ристески. Во рецензијата темелно е предадена структурата на монографијата и детално се образложени причините за небранетата докторска дисертација „Битолскиот говор“ од Воислав Илиќ.

Во поговорот кон монографијата, со оглед на фактот што дисертацијата на Воислав Илиќ е прва монографија во историјата на македонската дијалектологија, Дрвошанов, помеѓу другото, забележува: „На крајот неизбежно се наметнува поставувањето на прашањето: Што ќе беше ако беше бранета и, секако, одбранета докторската дисертација? Дали не зборува тоа дека на Воислав Илиќ му е одземено правото на првенство на штета на авторот и на штета на македонистиката и на славистиката, воопшто?!“ – заклучува приредувачот Васил Дрвошанов.

Прикажи повеќе...

Култура

„Една година потоа“ – изложба на Владимир Темков во Кавадарци

Објавено пред

В недела, на 19 јануари, со почеток од 19:30 чаасот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов -Климе“ Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци насловена како „Една година потоа“.

Во вторник, на 21 јануари, со почеток од 20 часот театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе ја изведе претставата „Професионалец“ работена според култниот текст на еден од најдобрите европски драмски автори Душан Ковчевиќ, во режија (како гостин) на Ненад Витанов од Велес, а во претставата играат Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија2 часа

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија4 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет4 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ4 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија6 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет7 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура7 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија9 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија9 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет10 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт10 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет10 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет23 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие