Култура
Почина врвниот хармоникаш и композитор, Милан Завков

Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.
Завков започнува да свири хармоника од 8-годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот „Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски.
Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.
Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот „Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група „Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.
На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како „Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, „Камен да беше срцето” и „Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, „Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, „Лична Јовано” и „Лазарополе” од Наум Петрески, „Пат за Стамболград” и „Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски.
Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.
Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јубилејно петто издание на „Златна рамка“, кое ќе се одржи од 20 до 23 април

Како иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“, која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година, финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм, ДФРМ годинава го подготвува јубилејното петто издание на манифестацијата, кое ќе се одржи од 20 до 23 април. „Златна рамка“ е единствена можност на едно место да се видат сите остварувања на домашната кинематографија од една календарска година.
„Златна рамка“ веќе четири години успешно ја промовира нашата актуелна кинематографија и претставува единствен настан посветен на македонскиот филм.
„Токму годинава се одбележува еден мини јубилеј од пет години и со големо задоволство може да констатираме дека ‘Златна рамка’ ги исполни очекувањата што беа забележани во иницијативата за нејзиното почнување. Транспарентното прикажување на годишната продукција го подобрува квалитетот на проектите од година на година, нашата кинематографија предизвикува интерес кај домашната публика, медиумите покажуваат интерес за македонскиот филм, а филмските професионалци имаат можност да ги стават во фокус прашањата што ги засегаат и да ги афирмираат своите остварувања со еднаков третман на сите што се вклучени во филмските екипи. Ваков ревијален приказ претставува и своевиден отчет, што им го должиме на публиката и на критиката, кои на едно место може да добијат целосна слика за сработеното во македонскиот филм во една тековна година“, велат од ДФРМ.
Во рамките на „Златна рамка“ на 20 април ќе се одржи и годишното собрание на друштвото, на кое оваа година ќе се изврши избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој, почнувајќи од 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во септември, планирано е да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“.
Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено и за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. ДФРМ е единствената македонска овластена институција, препознаена од Американската академија за подвижни слики, за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата. Годинава, изборот на македонски кандидат за „Оскар“ ќе се одржи во октомври, при што ќе се формира комисија од филмаџии за што ќе бидат организирани затворени проекции за филмовите кандидати по што членовите на комисијата ќе ги прегледаат филмовите и потоа ќе се состанат за одлучување. Минатата година за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ беше избран „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска.
Култура
Проекција на луксембуршкиот филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на затворањето на Неделата на франкофонскиот филм

На последната вечер од одржувањето на Неделата на франкофонскиот филм, вечерва, со почеток од 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи проекција на луксембуршкиот филм „Неверојатната приказна на Фрици“.
Проекцијата е во организација на Амбасадата и Почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург, кои годинава ја имаа честа и задоволството да се придружат во одбележувањето на Месецот на франкофонијата преку учество во Неделата на франкофонскиот филм.
Амбасадата за таа цел овозможи прикажување на анимираниот филм на режисерите Раиф Кукула и Матијас Брин, „Неверојатната приказна на Фрици“, кој ни ја раскажува несекојдневната авантура за 12-годишната Фрици, која се впушта во патување низ поделената Германија есента 1989 година притоа станувајќи сведок на турбулентните настани за време на падот на Берлинскиот ѕид.
Претходно, во текот на Неделата на франкофонскиот филм беа прикажани романскиот филм „Радио Метроном“, швајцарскиот „Последниот танц“, белгискиот „Последното искушение на Белгијците“, како и францускиот документарен филм „Деца на татковината“.
Неделата на франкофонскиот филм се одржа во организација на Францускиот институт и Амбасадата на Република Франција, со поддршка од амбасадите на Романија, Швајцарија, Белгија и Луксембург.
Култура
Културните работници на протест пред Министерството за финансии – бараат повисоки плати

Денеска, во 10 часот, повторно пред просториите на Министерството за финансии, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
„Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство платите на речиси 70 % од вработените се под просечната плата во Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари“, се потенцира во соопштението од Синдикална организација при Министерството за култура на УПОЗ.
Вработените во овие три институции, како што се појаснува 30 %.