Контакт

Култура

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Објавено пред

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст.

Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните 50-ти години. Тој напиша филмски партитури за шпагети-вестерн филмовите на Серџо Леоне „За грст долари“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“ …

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови, а исто така има добиено и „Оскар“. Почесниот Оскар го доби во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата, а во 2016 година доби Оскар за музиката во филмот „Осумтемина омразени“ од Квентин Tарантино.

Мориконе почина на клиника во Рим, како резултат на последиците од неговиот пад минатата недела, кога ја повреди бутната коска.

Како што беше најавено, погребот на музичкиот великан ќе се изврши во кругот на семејството.

Веста за смртта на Мориконе, во име на семејството, ја пренесе неговиот пријател Џорџо Асума. Тој изјави дека музичарот се држел достоинствено и свесно и дека пред смртта се збогувал со сопругата Марија, која секогаш била покрај него во неговата кариера и во приватните моменти, а последните денови ги поминала со него.

Композиторот им се заблагодари на своите деца и внуци за љубовта што му ја дале.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавена книгата „Вовед во кинеската култура“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“ од кинеските автори Је Ланг и Џу Лијангџи.

Книгата претставува монографско претставување на кинеската култура – од почетоците на кинеската цивилизација и големите пронајдоци на древна Кина до денес. Во неа е даден преглед на севкупната кинеска култура, со посебен детален опис на најзначајните аспекти и на одредени уникатни карактеристики и одлики на кинеската култура.

Во 30 поглавја и со голем број илустрации во книгата се објаснуваат класичната филозофија, мудроста и религијата на Кина, креативноста и комуникацијата, уметноста и естетиката, како и нејзините народни обичаи и традиции. Книгата се фокусира на културниот дух и основните вредности демонстрирајќи го шармот на кинеската култура со атрактивни описи, како и животните ставови и естетскиот вкус на кинескиот народ и универзалните вредности содржани во кинеската култура.

Освен општото знаење, оваа книга дава детален вовед за одредени специфични особености и акценти на кинеската култура, односно духот и суштинските вредности на кинеската култура, особено оние со универзално значење овозможувајќи им на читателите да стекнат подлабоко разбирање и запознавање на суштината на кинеската култура. Темите опфатени во оваа книга се движат од древните чуда, како што се Забранетиот град, Големиот ѕид, теракотната војска и традиционалните живеалишта на обичните луѓе, па сè до трајните уметнички дела во калиграфијата, сликарството, пејзажното сликарство, градинарството, пекиншката опера, порцеланот.

Авторите се врвни познавачи на кинеската култура. Ѓе Ланг е професор по филозофија и декан на Факултетот за уметности на Универзитетот во Пекинг. Неговите главни дела се однесуваат на историјата на кинеската естетика и естетика во кинеските романи. Џи Лијангџи е професор по филозофија на Универзитетот во Пекинг. Автор е на повеќе дела за кинески уметности.

Овој монографски преглед на кинеската култура е веќе објавен на петнаесетина јазици, односно речиси на сите поголеми јазици во светот. Преводот на македонското издание од англиски јазик е на Елена Саздовска.

Прикажи повеќе...

концерти

Грчките уметници Гримпас и Лазаридис настапија на Охридско лето

Објавено пред

Со добро избрани композиции на Рахманинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика, кои вчера беа дел од публиката на Охридско лето.

Виолончелистот Гримпас е задоволен од својот настап пред публиката во црквата „Света Софија“, иако, како што рече, како музичар во оркестар веќе подолг период не музицира на концертните подиуми.

„Многу сме среќни и голема ни е честа со колегата Лазаридис што имаме можност да го изведеме нашиот перформанс во ова прекрасно место. Многу ми недостигаат концертите. Свирам во оркестар, но поради корона-кризата, не настапуваме, па, така, ми недостига музиката. Што се однесува до фестивалот Охридско лето, можам да кажам само пофални зборови за извонреднатa организација и би сакал повторно да настапиме овде“, изјави Гримпас.

На репертоарот беа Сонатата за виолончело и клавир оп. 19 од Сергеј Рахманинов, како и композицијата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, што беше соло настап на пијанистот Лазаридис.

Христос Гримпас студиите ги почнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар, како и на Оркестарот на Европската Унија.

Добитник е на повеќе награди и признанија. Од 2002 година е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“, со кој настапува во музејот „Тејт модерн“ во Лондон, во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.

Пијанистот Џорџ Емануел Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30-годишно присуство на интернационалната музичка сцена, како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции. Активен е на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи што го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други.

Прикажи повеќе...

Култура

Flipbook Film Festival во МКЦ парк од 11 до 13 август

Објавено пред

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 11 до 13 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм. Од пристигнатите повеќе од илјада кратки филмови од цела Европа беа селектирани вкупно 87 филма во три натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.

Во главната селекција на најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 25 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година, меѓу кои победници на „Санденс“, „Берлиналето“, „Анеси“, номинирани за „Оскар“.

Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 25 филма. Оваа категорија е особено интересна бидејќи авторите своите филмови ги прават за време на своето студирање на европските филмски академии и може да си дозволат целосна авторска слобода и експериментирање со медиумот. Ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи: хрватската, белгиската, чешката, француската.

Новина за македонската публика е натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, хибридна филмска форма, која во последните десетина години зазема сè позначајно место во изразот кај многу документаристи и аниматори во главната, студентската селекција, и во панорамата ќе бидат прикажани дури осум македонски анимирани филма, повеќето премиери за македонската публика. Во фестивалските денови ќе имаме можност, меѓу другите, да ги гледаме новите филмови на Иван Андреевски, Вук Митевски, Саша Станишиќ и студентските филмови на Сандра Јовановска и Кристијан Савиќ.
Покрај физичкото издание на фестивалот, со бесплатни филмски проекции и изложба на цртежи од анимирани филмови, на отворено во паркот на Младинскиот културен центар, поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот, Flipbook Film Festival ќе има и онлајн-издание. Од 7 до 13 август македонската публика ќе има можност бесплатно на платформата cinesquare.net да ги гледа сите филмови, да гласа и да ја додели наградата за најдобар анимиран филм од онлајн-публиката, а ќе бидат одржани и онлајн-работилници за сценарио, продукција и постпродукција на анимиран филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија2 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет3 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија3 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет4 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет4 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет5 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија6 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија8 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија8 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија9 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет11 час

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија11 час

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет11 час

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион12 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија13 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет23 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија24 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија1 ден

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Досие