Контакт

Актуелно

Почина режисерот Тихомир Башовски

Објавено пред

На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Башовски.

Првиот филмови Бачовски го сними во 1966 година. Како познат кино-аматер во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освои повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално да се занимава со режија во МРТ. Во националната телевизија беше режисер повеќе од три децении.

Погребот на Тихомир Бачовски ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Во МРТ утре во 10 часот ќе биде одржана комеморативна седница.

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Феми Кути и македонската филхармонија приредија музичка експлозија во Белград

Објавено пред

Од

Повеќе од 20 илјади белграѓани беа сведоци на фантастичниот концерт на Македонската филхармонија, која под диригентство на Џијан Емин синоќа настапи со африканскиот маг на афробитот Феми Кути и неговиот бенд „Позитив форс“.

„Под отворено небо, на прекрасната тврдина Калемегдан, се случи неповторлив музички настан, а тоа го потврдија и коментарите на публиката и нејзините френетични аплаузи“, се наведува во соопштението од Македонската филхармонија.

Оттаму додаваат дека сите музичари на сцената биле поврзани со силна позитивна енергија.

„Позитивната енергија, моќната изведба на Кути и на сите оние кои се најдоа на сцената, атрактивните танчарки, врвната продукција и извонредниот влог на маестро Џијан Емин да се претставиме во одлично светло и надвор од Македонија, силно се рефлектираше и од другата страна на сцената. Овој концерт беше помогнат од градот Белград кој се покажа како одличен домаќин, а организаторите ветија повторна соработка во скора иднина“, стои во соопштението.

Од Македонската филхармонија наведуваат дека соло-настапите на дел од музичарите од оркестарот заедно со Кути предизвикувале постојани овации кај публиката.

Концертот завршил со бис и огномет, а од нашата филхармонија се надеваат дека ова нивно гостување во Белград долго ќе се памети.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Вработени на исти позиции земаат различни плати, реагира Синдикатот на културата

Објавено пред

Од

Синдикатот на културата на Република Македонија тврди дека вработени на исто работно место во разни институции земаат различни плати. Исто така, од таму реагираат дека платите на вработените во библиотечната, музејската и конзерваторската дејност се екстремно понижувачки.

„Во културата постои хаос во однос на начинот на пресметка на платите и нивната висина, така што во одредени институции платите сè уште се пресметуваат со бодови иако тоа треба да биде според коефициенти на сложеност на работното место. Исто така, наспроти колективниот договор од 2005 година, кој патем е последниот важечки правен акт за регулирање на работните односи во културата, вработените од една дејност земаат помали плати во однос на вработените со аналоген статус во друга дејност. Состојбата со платите и правата на вработените во библиотечната, музејската и конзерваторската дејност се екстремно понижувачки (нето-платата изнесува околу 18.000 денари за носителите на дејноста). Воедно, платите во одредени локални установи се поголеми од платите на матичните национални установи. За неправдата да биде уште поголема, во една институција, вработени на исто работно место, со исти работни задачи и образование, земаат различни плати?! Исто така, сакаме да укажеме и на долгогодишното неисплаќање на стручните звања и уметничките категории, што ни беше ветено, но сè уште не е реализирано“, велат од Синдикатот.

Од таму велат дека во културата сè уште функционираат т.н. антикризни мерки, со кои се врши забрана за унапредувања, како и забрана за добивање теренски надомест што, всушност, претставува 90 отсто од работата на музеите и конзерваторските центри, а важи и забраната за службени дневници при работата на уметничките ансамбли и стручните лица надвор од седиштето на установата.

„Забраната за унапредување е дискриминирачка затоа што ги става во нееднаква положба вработените во културата наспроти вработените во државната администрација за кои истата одредба не важи, со што се крши Уставот на Република Македонија. Крајно време е да се извлече културата од утврдената маргинална положба, да се слушнат и да се почитуваат културните работници и да им се додели соодветно валоризирање на нивниот труд. Токму затоа сме собрани овде, за да укажеме дека е крајно потценувачки и поразително културните работници на Република Македонија во 21 век да земаат пониска плата од просечната во државата“, велат од Синдикатот.

Свесни сме дека овие проблеми ќе се решат со донесување нов колективен договор за кој Министерството за култура покажа сериозен интерес за негово брзо потпишување. „Но, сепак го изразуваме нашето незадоволство во однос на постојаното занемарување на културата при вреднувањето на трудот на државно и општествено ниво“, додаваат од Синдикатот на културата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија3 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија3 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток7 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ7 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија8 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток8 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија9 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ9 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток9 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести11 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија11 час

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија11 час

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија2 дена

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Досие