Контакт

Култура

Почина рускиот писател Андреј Битов

Објавено пред

Големиот руски писател Андреј Георгиевич Битов почина вчера во болница во Москва, на 82 години, потврдија неговите пријатели и семејството.

Роден во 1937 година во Ленинград, Битов уште додека беше жив стана неоспорен современ класик на руската литература. Тој е еден од најпреведуваните руски писатели на модерното време и се смета за двигател на постмодернизмот во руската литература.

Битов завршил студии по геологија на Институтот за рударство и виши курсеви за сценаристи и режисери. Првата книга раскази ја објавил во 1963 година.
Негови најпознати дела се „Гулаг како цивилизација“, „Аптекарски остров“, „Седум патувања“, „Денови на човекот“, „Пушкин Куќа“, „Грузискиот албум“, „Човек во пејсаж“, „Новиот Гуливер“, „Неизбежноста на ненапишаното“, „Погребот на лекарката“, „Петтата димензија“, „Патување од Русија“, „Нулта том“.

Романот „Пушкин Куќа“ е преведен на повеќе европски јазици, а во Франција ја доби наградата за најдобра странски книга на годината.

Меѓу наградите што Битов ги има добиено се и најважните руски книжевни награди: „Андреј Бели“, „Буњиновата награда“, „Големата книга“ и „Јасна полјана“.

Тој е еден од четворицата основачи на самиздатскиот алманах Метропол (1979) поради што во Советскиот Сојуз не беше објавуван до 1986 година.

Покрај прилозите и романите, Битов исто така пишувал публицистички текстови, како и филмски сценарија.

Тој беше еден од основачите на рускиот ПЕН-центар (1988), чиј претседател беше од 1991 до 2016 година. Во последните неколку години Битов беше потпретседател на меѓународниот ПЕН. Тој беше почесен член на Руската академија на уметностите.

Култура

Почесна „Златна рамка“ за Жаклина Крстевска, Петар Мирчевски, Петар Богоевски и постхумно за Томе Молдовски – Мољац

Објавено пред

Почетокот на првото издание на филмската ревија посветена на македонскиот филм „Златна рамка” беше означено денеска со свеченото собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) кое донесе одлука да ги награди професионалците Жаклина Крстевска за најдобар филмски автор, Петар Мирчевски за најдобар филмски актер, Петар Богоевски за најдобар филмски работник, а постхумна почесна „Златна рамка“ доби Томе Молдовски – Мољац.

Наградата во име на Молдовски ја прими член на неговото семејство, а останатите награди ќе бидат врачени утревечер во Клуб-ресторанот во МКЦ.

Овие награди секоја година ќе се доделуваат за да се одаде почит на филмските професионалци кои имаат многу значајни и многубројни остварувања зад себе.

На собранието зборуваше претседателот на ова здружение, режисерот Игор Иванов-Изи, и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

„Она за што сум се борел и ќе се борам е филмот да остане надвор од политиката. Во ДФРМ гледаме партнер со кој заедно ќе создаваме критериуми за филмот да оди напред. Ќе работиме на квалитет, а не на квантитет. Оваа ревија е начин да се направи отчет на сработеното, да не ни се случи како во минатото да се даваат средства за филмови кои никој никогаш не ги видел. И натаму се бориме да ги вратиме накалемените долгови, а во моментов наследивме 90 незавршени филмови. Сепак, во сите овие проблеми во кој била втурната Агенцијата за филм, успеваме да создаваме силни критериуми за македонскиот филм да добие видливост и успех во светски рамки како што тоа ни се случи во изминативе месеци“,  рече Тозија.

Иванов го соопшти и предлогот за прием на почесен член во ова друштво, филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре, кој е неуморен многугодишен поддржувач на македонскиот филм. Куновски беше едногласно избран од членовите на ДФРМ.

Работниот дел на Собранието продолжи зад затворени врати со претходно утврдена агенда.
Трите филмски денови на ревијата, почнувајќи од денес, се поделени во три дела: документарна програма од 17:00 часот, краткометражни филмови кои почнуваат во 19:00, додека, пак, долгометражните во 21:00 часот. Сите проекции се во кино „Фросина” и се бесплатни.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ в сабота со почеток во 11:30 е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, а в недела исто со почеток во 11:30, тркалезна маса на тема: „Нема кинематографија без филмска критика” предводена од страна на уметничкиот координатор на „Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска.

Прикажи повеќе...

концерти

Руската пијанистка со светска слава Злата Чочиева на Охридско лето

Објавено пред

Младата руската пијанистка со светска слава Злата Чочиев, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните што од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули – 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 18 часот.

Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа, а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни.

„Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата, давајќи им на публиката широка палета на звук“.

Злата Чочиева е родена во Москва, а моментално живее во Салцбург. Првпат се појави на сцената на 5-годишна возраст, а дебитираше со оркестарот две години подоцна во изведба на Моцарт концертот КВ. 453 во Големата сала на Московскиот државен конзерваториум. Потоа, завршува две години постдипломски студии кај професорот Жак Рувиер на Универзитетот Моцартеум во Салцбург, каде што беше назначена за асистентка во 2013 година.

Во текот на изминатите години Злата доби многу меѓународни награди за натпреварувања, вклучувајќи го и меѓународниот натпревар Свимановски (Полска), натпреварот за пијано Тиволи (Данска), наградата Моцарт на натпреварот ARD (Германија), првите награди на натпреварот Frechilla-Zuloaga (Шпанија) и натпреварот за пијано на Алберто Фано (Италија) и сребрен медал на Првиот меѓународен натпревар по пијано на Санта Катарина (Бразил), каде што исто така беше прогласена за најдобра изведувачка на омилениот Шопен и публиката.

Нејзиниот диск „комплет Етиди на Шопен” за пијано класици беше избран како „Избор на уредникот“ во Грамофон, и е вклучен во листата на 10 најголеми Шопенови снимки.

Пијанистката Злата Чочиева предизвика меѓународно внимание со своите високовреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори. Поздравена од страна на „Грамофон“ како “поседувач на сеопфатна техника која носи внатрешен сјај во секој такт “,Злата Чочиева редовно се појавува во најпрестижните концертни сали во Минхен, Амстердам, Париз, Венеција, Женева, Копенхаген, Порто, Лисабон, Концертната сала Чајковски во Москва, Московскиот конзерваториум и Големата сала на Санкт Петербургската филхармонија.

Има настапувано со бројни големи оркестри, меѓу кои и Рускиот национален оркестар, Националната филхармонија на Русија, Симфонискиот оркестар Светланов, Копенхагенската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Словачкота радио, Оркестарот на Ница, Михенскиот камерен оркестар и Симфонискиот оркестар на Архус .

Прикажи повеќе...

Култура

Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Објавено пред

Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.

На премиерата режисерката ќе има свое обраќање пред скопската публика.

Овој филм беше нашиот единствен претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Истиот веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација Ecumenical Award и Guild Film Prize.

Првата награда, Ecumenical Award, се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити филмот е Guild Film Prize која ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Одличен одзив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и за главната актерка, Зорица Нушева. Покрај неа, во филмот се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.

Билетите за македонската премиера ќе може да се набават по цена од 150 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ1 час

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ1 час

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет2 часа

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Регион2 часа

„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена...

Македонија4 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток17 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет19 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ20 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија21 час

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата21 час

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија21 час

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија22 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток23 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија23 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија24 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија24 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 ден

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Досие