Daily news
Почина српскиот актер Богољуб Митиќ – Ѓоша
Српскиот актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша утринава почина на 49-годишна возраст.
Српските медиуми објавија дека актерот починал од срцев удар.
Веста за неговата смрт за српските медиуми ја потврдил директорот на театарот во Лесковац, Станислав Грујиќ.
Прекарот Ѓоша актерот го доби по улогата што ја играше во телевииската серија „Семејно богатство“ што се емитуваше и во Македонија.
Актерот зад себе остави сопруга и две ќерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
