Контакт

Култура

Почина стрип-генијот Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“

Објавено пред

Јапонскиот стрип-автор Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“, почина на 54-годишна возраст во Јапонија. Причината за смртта е срцев удар.

Миура е најпознат по неговата серија „Берсерк“, која ја почна во 1989 година и која во продолженија излегуваше цели 32 години. За тоа време, беа продадени над педесет милиони примероци и се смета за најуспешна јапонска манга (стрип) серија.

Тажната вест за смртта на Мијура ја објави неговиот издавач Хакусенша.

Фановите ги преплавија социјалните мрежи  со објави дека жалат за неговата смрт. Тие посочуваат дека стрипот што Миура го црташе со децении им бил голема инспирација и дека веста за неговата смрт е тежок удар за нив.

Миура беше познат по виртуозниот стил на цртање, со многу детали, како и по сложената приказна и ликовите, поради што се здоби со голем број обожаватели, иако се соочуваше со обвинувања за прикажување експлицитни физичко и сексуално насилство во стриповите.

Според „Берсерк“ беа снимени три анимирани серии и беа направени популарни видеоигри за конзоли.

Серијата беше недовршена во времето на смртта на Миура и издавачот, засега, не даде информации дали друг автор ќе ја заврши.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Петар Петковски кој го толкуваше ликот на Бојан во серијата „Фамилијата Марковски“ со номинација на Сараевскиот филмски фестивал

Објавено пред

Aктерoт Петар Петковски кој ја толкуваше улогата на Бојан во македонската ТВ-серија „Фамилијата Марковски“ е номиниран на Сараевскиот филмски фестивал за наградата „Срце на Сараево“ во категоријата „Ѕвезда во подем“.

За признанието ќе се „борат“ и регионалните глумци Александар Димитријевиќ за серијата „Клан“, Ивана Зечевиќ за „Група“, Јана Бјелица за „Фамилија“ и Каја Шишмановиќ за „Црно-бел свет“.

Сараевскиот филмски фестивал, што оваа година ќе го има своето 27-мо издание, за првпат ги воведува наградите за ТВ серии, со цел промоција на најдобрите регионални ТВ серии и нивните автори и актер(к)и. Шеснаесет ТВ-серии од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Словенија, кои биле премиерно прикажани од 01.09.2019 до 31.05.2021 година, се номинирани за наградите„Срца на Сараево” што ќе се доделат во шест категории: Најдобра драмска серија, Најдобра комедија, Најдобар креатор на серија, Најдобар актер, Најдобра актерка и Sвезда во подем.

„Фамилијата Марковски“ е единствената серија со номинација од Северна Македонија. Серијата се емитуваше во текот на 2017 и 2019 година и беше примена со огромен интерес особено кај младата публика, заради ликот на Бојан Марковски што за Петар, кој тогаш имаше 15 години, беше прво искуство пред камера.

Проектот „Фамилијата Марковски“ е во продукција на „Арт проект лаб“. Првата сезона беше овозможена од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) додека втората е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED). Режисер на серијата е Даријан Пејовски, а останатите главни улоги покрај Петар Петковски, ги толкуваа Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Силвија Стојановска и Александар Микиќ.

Премиерата на првите две епизоди од втората сезона се случи токму на Сараевскиот филмски фестивал во 2019 година како дел од програмата „Гала пред-премиери”, заедно со уште четири балкански серии од новата продукција.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиерно прикажување на дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“

Објавено пред

Синоќа во летното кино на Кинотеката, со свечена церемонија беше претставена дигитално реставрираната копија на македонската филмска комедија „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли.

На летната кинотечна сцена, токму со филмот по кој таа го носи името, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов го претстави и веќе добро познатиот проект под име „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој веќе втора година по ред се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година. Во оваа ексклузивна ревија на архивски и реставрирани филмски класици вклучени се и филмските архиви од Брисел, Амстердам, Париз, Осло, Торино, Лозана, Болоња, Берн, Франкфурт, Будимпешта, Лисабон, Прага, Барселона, Даблин, како и филмските архивите од Загреб, Белград, Атина, Тирана, Софија.

„Целта на оваа иницијатива координирана од ACE и финансиски поддржана од програмата MEDIA на Европската комисија е да се доближи европското филмско наследство до публиката и да се запознае младата популација со она што за постарите претставува „филмска класика“, што повеќе луѓе да погледнат што повеќе наслови од европската филмска ризница – со проекции во живо и он-лајн, со лајв стрим пренос – а филмските архиви и институции да ги споделат со светот своите реставрирани филмови“, рече на почетокот на поздравната реч Ангелов.

Освен присутните гледачи кои го исполнија дворот на Кинотеката, проекцијата на „Мирно лето“ можеше да се следи и он-лајн преку лајв стримингот на Фејсбук и Инстаграм профилите на Кинотеката, како и од јутјуб каналот.

Филмот „Мирно лето“ нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Изминативе месеци Кинотеката редовно на своите профили на социјалните мрежи постираше линкови од проектот „Сезона на класични филмови“, кои можеа бесплатно да се гледаат и тоа неколку денови по ред, збогатени со он-лајн дискусии, експериментални музички настапи како илустрации на некои од филмовите, видео-приказни за процесите на реставрација… Националните Филмски архиви/Кинотеки самостојно одлучуваат не само кој наслов ќе го прикаже во рамките на проектот, туку и со какви придружни содржини ќе го збогати искуството на гледање филмски класици.

На 16 јуни (среда) во 20 часот, Кинотеката на Македонија ќе го прикаже првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ во летното кино и он-лајн.

Проектот на европските кинотеки започна со Југословенска кинотека во декември со немиот филм ГРЕШНИЦА БЕЗ ГРЕВ (Грешница без греха, 1930) на Коста Новаковиќ, потоа следуваше проектот на Филмотеката на Валенсија (Шпанија) – САНЗ И ТАЈНИТЕ НА НЕГОВАТА УМЕТНОСТ (Sanz y el secreto de su arte, 1918) на Максимилијано Тус и Франциско Санз (Maximiliano Thous & Francisco Sanz). До крајот на јуни 22 Кинотеки, члени на ACE, ќе ги претстават класичните филмски бисери од нивните (каталогот на „Сезоната на класични филмови“ можете да го симнете ТУКА).

Во духот на ведрина што веќе 60 години го емитува комедијата МИРНО ЛЕТО, публиката имаше можност да го проследи получасовниот концерт на квинтетот на пејачот Џон Илија Апелгрин, кој е и внук на актерот Илија Џувалековски, еден од главните ликови во филмот (Харалампие). Вокалистот Апелгрин, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Гоце Стефковски – тапани и Кире Кузманов -алт саксофон исполнија неколку домашни и странски евергрин мелодии од втората половина на минатиот век, кога е создаван МИРНО ЛЕТО.

Ангелов ги пренесе срдечните поздрави од филмскиот сценарист и романсиер Томислав Осмални, син на Рули, а меѓу присутните беше и Димитар Рули Османли Помладиот, внукот на режисерот, како и наследниците на учесниците во МИРНО ЛЕТО.

Публиката во летното кино и гледачите на он-лајн преносот можеа да го проследат и десетминутното видео-обраќање на д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката, кој исцрпно ги запозна гледачите со историјатот на филмовите ФРОСИНА и МИРНО ЛЕТО. Со низа детали и по некоја анегдота Чупоски на гледачите им ги презентираше историските и естетските аспекти на овие пионерски наслови во македонската кинематографија.

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата“

Објавено пред

Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата  „Струмица – град на културата“ за 2021 година.

Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20 часот и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов“, Струмица.

Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт11 час

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт12 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија19 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа19 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ19 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија19 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт20 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија23 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија1 ден

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт2 дена

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион3 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија3 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Досие