Контакт

Култура

Почна да се снима „Кајмак“ на Манчевски

Објавено пред

Во хотел „Лимак“ во Скопје, денеска почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.

Филмот ќе се снима пет недели на локации во Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Центар, Лисиче…

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот, безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината.

„Кајмак“ е европска копродукција, во која поголем дел од финансиите доаѓа од странство – 52 процента од средствата доаѓаат од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и од Бугарија, а 48 проценти од Македонија (од Агенцијата за филм на Северна Македонија). Македонската радио-телевизија е копродуцент. „Кајмак“ доби поддршка и од европскиот фонд „Еуримаж“, што е огромна потврда за вредноста на проектот. Во екипата се вклучени и филмски работници од Англија, Италија и од Србија.

Во текот на снимањето се очекува во Скопје да пристигнат и копродуцентите на филмот од Данска, Холандија, Хрватска и од Бугарија.

Режисерот Милчо Манчевски изјави: „Лето е преубава работа. Жешко лето е уште поубава. Жешко лето кога се снима најубава. Со ваков супериорен актерски тим и топ-екипа му нема крај на меракот“.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс фон Трир, како и на данскиот кандидат за „Оскар“ – „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчар во мракот“ на Ларс фон Трир и „Сè е тоа за љубов “ на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Јан Прајор од британската „Скала продакшнс“.

Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“. Продуцира Јане Ќортошев.

Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг-директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка Марио Микисанти.

Главни партнери на филмот се „Алкалоид“ и НЛБ банка и „Виза“, а партнери на филмот се „Окта“, „Тиквеш“, „Витаминка“ и „Лимак“. Филмот е помогнат од многубројни домашни и странски поединци и компании.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Театар Комедија со „Вечера за глупаци“ на „Охридско лето“

Објавено пред

Театар Комедија од Скопје вечерва ја продолжува драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ со изведбата на театарската претстава „Вечера за глупаци“ на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

„Вечера за глупаци“ е правена според текст од Францис Вебер, а во режија на Ирена Стеријовска. Во неа играат Валентин Костадиновски – Тино, Атанас Атанасовски, Илија Илиоски,Тони Денковски, Ема Давчева, Благица Трпковска, Јаков Спасов и Столе Мицов.

Станува збор за приказна која го коментира високото француско општество, кое, презаситено од сè што може да си овозможи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува. Во дејствието се раскажува за еден претставник на високото општество, кој по серија случајни несреќи што му се случуваат, заглавува на вечера со претставник на онаа група што планирал да ја исмева.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 16-годишна возраст.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот „Врба“ награден во Њујорк

Објавено пред

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата од жирито за најдобар филм на фестивалот „Стони Брук“ во Њујорк.

Фестивалот напиша: „Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката“.

„Стони Брук“ фестивалот за независни филмови годинава се одржа по 26 пат. Прикажани се 35 американски и странски филмови на независни режисери.

„Врба“ на Манчевски ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Најдобра режија на Рејнденс во Лондон, Најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, и од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О.

Деновиве, Манчевски привршува со снимањето на неговиот најнов филм „Кајмак“ на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Водно, Лисиче…

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.

Прикажи повеќе...

концерти

Се одржа Француската вечер на Охридско лето

Објавено пред

Со неколкуте успешни гостувања на врвни солисти и камерни ансамбли, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер навлезе во втората половина од годинешната 61-ва концертна сезона со звуците на харфата и уметницата Елоиз Карлин-Џонс која настапи во рамките на Француската вечер на фестивалот.

Француската вечер на „Охридско лето“ е традиционален настан 14 години и секое лето на публиката ѝ ги носи најдобрите уметници од Франција.

Прогласувајќи ја вечерта за отворена, амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер истакна дека во изминатите четиринаесет години француското културно присуство во земјава има своја летна престолнина, а тоа е Охрид.

Младата француска харфистка Елоиз Карлин-Џонс преку јасноста и умешноста на звукот на харфата покажа дека е врвен уметник кој совршено владее со инструментот.

„ Првпат сум во Охрид, и тоа е навистина голема чест. Програмата беше разновидна, составена од оригинални дела напишани за харфа, но и транскрипции, како на пример Бах. Таа беше специјално направена за фестивалот. Првата половина од концертот беше исполнета со танци, а втората со песни. Поради неверојатната акустика, чувствував како музиката што ја свирам го исполнува просторот, рече Карлин-Џонс.

Таа призна дека изминатиот период од пандемијата кога светот беше парализиран, бил тежок и за уметниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на...

Македонија2 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет3 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа3 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а...

Македонија4 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија4 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија13 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија14 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија14 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија16 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија16 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт18 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија21 час

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ23 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија2 дена

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт2 дена

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Досие