Контакт

Актуелно

Почна изградбата на дом на култура во Липково

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, присуствуваше на почетокот на изградбата на дом на културата во село Матејче, Липково.

„Со изградбата на овој објект, Владата во пракса реализира еден од најважните приоритети на своите политики во културата, а тоа е децентрализација и деметрополизација. Ние, како креатори на културните политики посветено работиме на остварување на заложбите да ја доближиме културата до сите жители на земјата“, рече министерот во рамки на настанот.

Средства во износ од 25 милиони денари, доделени преку Министерството за култура ќе бидат искористени за реализација на изведбата на дел од градежните работи.

Објектот е финансиран согласно Програмата на Владата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, информираат од ресорното министерство.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Танц фест 2020 – дводневен уметнички спектакл на отворено

Објавено пред

Викендов, под мотото „Потрага по допир“ се одржа шеснаесеттото издание на фестивалот Танц фест Скопје. На отворената сцена кај МКЦ, публиката уживаше во петнаесет авторски кореографии на млади домашни и гостински кореографии кои го одбележаа 30. јубилеј на македонската современа танцова сцена.

„Исклучително е чувството успешно да се реализира настан во овие околности, а особено годинешниот јубилеј од триестгодишното постоење на македонската танцова сцена. Работевме во рестриктивни околности, но публиката ја почувствува и се соживеа со љубовта што ја прикажавме на сцена. Особено се радувам што и покрај сè, имавме и гостински танчери, дел од програмата ФОКУС:САД кои на љубителите на танцот им покажаа една поразлична димензија, во живо и преку танцови филмови. Годинава на Танц фест Скопје дебитираа најголем број македонски кореографи што навистина ветува. Ќе продолжиме посветено да работиме и да ги шириме границите преку она што најмногу го сакаме – танцот“, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на фестивалот и кореограф која оваа година прослави 30 година активно кореографско творештво.

Покрај младата кореографка Адријана Данчевска, која годинава, покрај авторската претстава се потпиша и на истоимениот прв македонски танцов филм „ДОМА“, со свои кореографии се претставија Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Ивана Балабанова, Валентино Апостоловски, како и апсолвентите при УГД – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Како дел од годинешниот репертоар, фестивалот за првпат ја претстави програмата ФОКУС, со кореографи и танчери од Соединетите Американски Држави – Меган Бриџ и Кристин Бонансеа, кои гостуваа на фестивалот, но и Шамел Питс, кој се престави преку својот танцов филм “Lake of Red”.

Традиционално, и оваа година се додели наградата „МЕНАДА за животно дело“, која ѝ припадна на американската танцова легенда, госпоѓата Џоан Мајерс Браун, и „МЕНАДА за млад уметник во областа на танцот“ со која се закити првата македонска балерина со професионален ангажман во рускиот Бољшој – младата Стефанија Гаштарска.

Како дел од дневната програма на фестивалот, се одржаа неколку танцови работилници со кореографките Меган Бриџ и Кристин Бонансеа, а свој настап како дел од програмта „Танцуваме со Виталија“ имаа и танцовите студија „Reverence” од Струмица, „УЛТРА“ од Куманово, „Анабела“ од Велес, „АКВА“ и “Beatrix Crew” од Скопје.

Дел од годинешните поддржувачи на Танц фест беа Министерството за култура, Град Скопје, американската амбасада и организацијата American Dance Abroad.

Покрај публиката која присуствуваше на отворената сцена во парк МКЦ, настанот беше проследен и интернационално, преку јутјуб-каналот на Танц фест Скопје.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Потрагата по допир“ – 16. издание на Танц фест Скопје

Објавено пред

Вечерва и утре, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во парк МКЦ, публиката ќе може да ужива во најголем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Покрај нив, од танцовиот маратон со кој ќе се одбележи 30. јубилеј на македонска современа танцова сцена ќе бидат дел и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите Consent и Morphic Resonance и Кристина Бонансеа со исклучителната GAMER, кои ќе се претстават пред публиката во живо, додека делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамките на фестивалот, за првпат како дел од програмата ФОКУС:САД.

И покрај новиот амбиент и отворена сцена за годинешното издание на Танц фест, заинтересираноста на публиката е исклучителна. Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број нместа, согласно протоколите донесени од страна на надлежните.

На фестивалот за првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „ДОМА“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.

Публиката ќе има можност програмата да ја проследи и онлајн, интернационално, преку јутјуб-каналот на Танц фест, како и преку националната МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и американската амбасада во Скопје.

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во новата сезона Филхармонија добива шеф диригент, на програмата дела што може да се изведат со помал состав

Објавено пред

Новата сезона на Филхармонија почнува в четврток (20 часот) со концерт симболично насловен „Музика на два метри“ на кој ќе прозвучи антологиското дело за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер.

Како солисти ќе настапат тенорот Корби Велч (САД) и мецосопранистката Хајке Веселс (Германија). Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, новиот шеф диригент на Филхармонија.

„Исклучително сме среќни што по неколкумесечна пауза повторно се враќаме на сцена. Почетокот на сезона беше навистина тежок, но откако ги изработивме протоколите за заштита можеме конечно да почнеме, во строго контролирани услови кои ќе обезбедат заштита и на музичарите и на публиката. Како што веќе ве информиравме ќе се продава 30 отсто од капацитетот на големата сала или околу 300 билети“, вели директорот Виктор Илиески.

Во рамките на конференцијата за печат беше исто така најавено новото повеќегодишно спонзорство на Филхармонија со НЛБ Банка и Мастеркард кое ќе донесе нови можности за соработка и подигнување на квалитетот на музичката програма и воопшто работењето на оваа реномирана институција.

Целокупната програма во новата сезона е изработена во согласност со параметрите за заштита и вклучува дела кои може да се изведат со помал состав.

„Избравме дела кои може да се изведат со помали состави, за да има простор за дистанца на сцена. Дел од концертите се проекти кои требаше да се реализираат минатата сезона – Концертот со Јерухам Шаровски и Даниеле Акта, настапите на Дмитри Маслеев, Миша Бругергосман, Шерон Ковакс… Во новата сезона ќе настапат исклучителни солисти како руската виолончелиститка Анастасија Кобекина, виолистот Тимоти Рајдаут, виолинистот Филип Квинт и други уметници кои во моментов се актуелни на светската музичка сцена“, истакна Илиески.

Оркестарот во новата концертна сезона ќе го водат диригентите Антони Вит, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Кристијан Рајф…

„Поголем дел од концертите ќе ги води и нашиот нов шеф диригент Габриел Бебешелеа. Тоа што Филхармонија по две децении повторно добива шеф –диригент е исклучително важно за нашата институција. Претходно шефови диригенти биле Ванчо Чавдарски, Тадеуш Козловски, Андреј Андреев, Леонид Николаев. Значаен е и придонесот на Борјан Цанев, кој до лани, пред да замине на ФМУ беше матичен диригент на Филхармонија. Секој од нив оставил трага во развојот на оркестарот, но и во креирањето на програмскиот концепт на иституција. Последниве години бевме во потрага по шеф –диригент, неизмерно сме задоволни што успеавме со маестро Бебешелеа да постигнеме договор за соработка која ќе трае две години. Улогата на шефот диригент за секој оркестар и институција е многу важна, бидејќи тој игра голема улога во креирањето на програмската политика, согласно капацитетот на оркестарот и секако во подигањето на квалитетот и звукот во оркестарот“, нагласи директорот на Филхармонија.

„Имав можност да работам со оркестарот на Филхармонија и она што ме импресионираше е желбата на овој оркестар да свири добро. Имавме големи планови за програмата, но тие делумно пропаднаа поради пандемијата со Ковид-19. На отворање свириме исклучително дело ‘Песни за земјата’ кое одлично кореспондира со целокупната ситуација“, вели маетро Бебешелеа.

На тенорот Корби Велч и мецосопранистката Хајке Веселс кои ќе настапат на концертот в четврток ова им е прв настап по шест месеци.

„’Песни за земјата’ е исклучително дело, посебно последниот став кој претставува победа на смртта. Станува збор за фантастично дело и одличен избор за почеток на сезона во вакви услови“, велат двајцата солисти.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 минута

Фондот за иновации додели финансиска помош на 87 компании

Вкупно 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија4 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија4 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет5 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија5 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет6 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ6 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт6 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион19 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет20 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија21 час

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ23 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија24 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Досие