Контакт

Култура

Почнува меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

Објавено пред

Седум претстави и еден документарен филм се на програмата на шестиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој ќе почне денеска и ќе трае до 9 септември, а е во организација на Театар „Комедија“ во соработка со Општина Аеродром. Фестивалот ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот е бесплатен.

Фестивалот ќе го отвори Театарот за деца и младинци со претставата „Волшебната флејта“. Утревечер е првата гостинска претстава – „Кнегињата од Фоли Брежера“ на Народно позориште Ниш, а во наредните пет дена ќе бидат изведени претставите: „Мани, мани, мани“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово; „Забрането смеење“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица; „Како да се ограби банка“ на Драмскиот театар; „Каде е пиштолот?“ на Народниот театар Охрид и „39 степеница“ на Загребачко градско казалиште „Комедија“ од Загреб.

Фестивалот свечено ќе биде затворен идниот понеделник, 9 септември, со доделување на наградите и премиерно прикажување на документарниот филм за актерката Анче Џамбазова (1942-1997). На затворањето на 6. „Гола месечина“ за посетителите ќе има и стендап на Никола Тодоровски.

Општина Аеродром од буџетот одвои 1.200.000 денари и логистички му помога на организаторот, Театар „Комедија“, успешно да го реализира фестивалот, кој, како што соопшти, игра важна улога во развојот на културниот живот во општината и е нејзин заштитен знак.

Претставите ќе се изведуваат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ со почеток во 20 часот. За наградите во врска со претставите од програмата ќе одлучува тричлено меѓународно жири.

Култура

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември

Објавено пред

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 2 до 12 септември, како што беше планирано, рече денеска гувернерот на регионот Венето, Лука Заја.

„Поради застојот во филмската индустрија поради коронавирусот, помалку продуценти веројатно ќе присуствуваат на фестивалот“, рече Заја.

Претседателка на жирито на најстариот филмски фестивал во светот оваа година ќе биде американската актерка Кејт Бланшет.

Неодамна, организаторите на филмскиот фестивал во Кан потврдија дека годинава нема да се одржи.

Освен Кан, досега се откажани филмските фестивали во Карлови Вари, Локарно, Шангај, Сиднеј, Прага …

Италија планира да ја укине забраната за патување на 3 јуни.

Прикажи повеќе...

Книги

И монографијата „Манаки“ на Игор Старделов достапна онлајн

Објавено пред

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да додава дел од своите изданија, со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија. По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денес достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотеката од 2003 година. Тука можете да ја преземете монографијата.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Низ шест поглавја авторот ги разгледува не само биографските моменти и творечкиот опус на браќата Манаки туку и критички демистифицира одредени историски факти и тврдења за нивниот живот и дело, ги анализира содржината и структурата на нивните филмови и изразните елементи, како монтажа, структура и хронотопичност на кадар, семиотика на филмска слика, кинестетски карактеристики на масовните сцени итн. На крајот, со посебен прилог Старделов се осврнува кон предизвиците на реставраторските и конзерваторски хемиски процеси со кои се заштитени филмските ленти на Манакиевци.

Во 2014 година монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката и ESR Film Yapim од Истанбул.

Игор Старделов (1963) е раководител на Одделението на заштита на филмови и филмски материјали (Филмскиот архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историјата и теоријата на филмот во домашни и странски списанија, а меѓу другото, раководел и со проектите за заштитна реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манки, финансирани од Министерсвото за култура.

Кинотеката филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Повик за уметници, илустратори и дизајнери за картите FIERCE WOMEN WOW

Објавено пред

Проектот „Жени за жени“ (Women on Women), кој во моментот Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ го имплементира заедно со партнерите Prostor rodne i medijske kulture K-zona од Хрватска, Mesto Žensk од Словенија и Outlandish Theatre Platform од Ирска, има цел да даде видливост на значајните и инспиративни жени што нашето општество го менувале на подобро.

Во 2018 година партнерите од Хрватска развија иновативна игра со карти Fierce Women, која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Ова е забавен, едукативен и општествено ангажиран производ, кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во нашите општествени кругови.

Во рамките на овој проект во план е изработка на дополнителен шпил со 30 нови значајни или, како што ги нарекуваат нашите партнери од Хрватска, страшни жени, од Хрватска, Словенија, Ирска и од Северна Македонија. Вкупно 7 жени од ова поднебје се наоѓаат во селекцијата, и тоа: Роса Плавева, Накие Бајрам, Лилјана Дирјан, Вера Весковиќ-Вангели, Искра Грабул, Мимоза Несторова-Томиќ и Рајна Алексова за кои едвај чекаме да видиме интересни илустрации што ќе ги претстават нивните ликови и достигнувања. Апликант(к)ите треба да изберат од една до три од листата на триесетте избрани жени, од кои не се бара завршена илустрација, туку доволно е само скица.

За таа цел, објавен е повик отворен за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к) од цела Европа! Ги повикуваме креативците од нашата земја да се пријават најдоцна до среда, 24 јуни 2020. Оние автор(к)и чии илустрации ќе бидат избрани да бидат дел од овој шпил, ќе добијат награда од 160 евра (бруто) од илустрација и нивното уметничко дело како дел на овој шпил ќе биде промовирано преку разни канали на проектните партнери, како социјални мрежи, фестивали и други настани. Исто така, победничките и победниците ќе добијат шпил од картите Fierce Women WOW и еден од оригиналниот шпил Fierce Women. Повеќе информации за правилата и можностите што ги нуди овој повик можете да најдете на веб-страницата на „Тиииит! Инк.“ (tiiiitinc.com).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија4 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет4 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион5 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија5 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија6 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија6 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион7 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет19 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа21 час

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа23 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет1 ден

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија1 ден

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион1 ден

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа1 ден

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт1 ден

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион1 ден

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Досие