Контакт

Култура

Почнува снимањето на играниот филм „Хомо“

Објавено пред

По повеќемесечни интензивни подготовки, продукциската куќа „Скопје филм студио“, заедно со режисерот Игор Иванов, е подготвена за почеток за снимање на играниот филм „Хомо“.

Филмот претставува сублимат од шест приказни, на шест карактери од Скопје, кои етапно се вкрстуваат и низ лавиринтот на распаднатото општество нивните судбини засекогаш се менуваат. Во сите шест приказни провејува нишка на преиспитување на примарните човечки вредности. Сè почнува како комедија, продолжува како социјална драма и на крајот завршува со карактеристики на документарец кој тежнее да го соочи обичниот човек со степенот на дехуманизација, суровост и алчност во општеството, кое сите ние заедно го градиме и развиваме.

Во реализацијата на овој најнов македонски долгометражен филм е вклучена меѓународна екипа, која брои над 120 члена – автори и филмски професионалци. Листата на актери, која брои над 70, ја предводат Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Сергеј Димовски, Јоана Буковска, Себастијан Кавца, Александар Матовски, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

Снимањето, кое официјално почнува денес, е планирано да се реализира во временски период од 5 недели на повеќе од 20 локации во Скопје.

Култура

И „Калеш бре, Анѓо“ на „Антологијата“ на Мишо Ковач

Објавено пред

Легендарниот Мишо Ковач (1941), кој на музичката сцена е повеќе од 50 години, повторно е актуелен.

Во издание на „Кроација рекордс“ неодамна беше објавена неговата ретроспективна „Антологија“, на шест компакт-диска. Вкупно 131 песна, одбрани лично од него, меѓу кои и песна на македонски.

Снимката „Калеш бре, Анѓо“, која Мишо на своја иницијатива ја сними во 2014, од заборавот ја спаси Зулфи Назифовски.

Мишо отсекогаш многу ја сакал оваа песна, како и целото македонско богато звучно културно наследство.

Назифовски, пак, е музички новинар, колекционер на винили и компакт-дискови, човек кој има голема музичка архива. По потекло е од Македонија, а живее во Словенија.

Шесткратното издание на компакт-дискот содржи исклучително богата придружна содржина, книгичка од 52 страници, во која се содржани ретки фотографии.

„Ако ме оставиш“, „Остала си увијек иста“, „Проплакат ќе зора“ се само некои. Заедно со „Сви пјевају, ја не чијем“, „Никога нисам волио тако“, па првиот сингл „Не могу престати да те волим“. Станува збор за преработка на хитот на Реј Чарлс „I Can’t Stop Loving You“.

„Беше многу тешко да се изберат најубавите песни на Мишо за Антологијата. Можеби затоа Антологијата на Мишо е објавена дури сега. Беше тешко една таква кариера да се најде на ограничен број компакт-дискови. Затоа оваа антологија не е стандардно издание со најголеми хитови. Оваа антологија е изборот на Мишо составен од неговите најомилени песни. Еден вид подарок за неговата публика што го следи и обожава толку верно. Заслужено, затоа што во ниту еден момент од кариерата Мишо не престана да ги почитува своите фанови“. Ова во книгичката на изданието го напиша Николина Мазалин, креативна директорка во „Кроација рекордс“.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина познатиот современ уметник Христо Јавашеф

Објавено пред

Бугарскиот уметник Христо Владимиров Јавашеф, познат по своите привремени инсталации засновани на завиткување на екстериерите на зградите, мостовите и просторите на отворено, почина на 84-годишна возраст во неговиот дом во Њујорк.

Христо избегал од комунистичка Бугарија во 1957 година, прво во Прага, а потоа во Виена и Женева. Една година подоцна се преселил во Париз, каде што ја запознал неговата сопруга и уметнички партнер Жан-Клод Денат де Гилебон. Живеел во Њујорк цели 56 години.

View this post on Instagram

"La Mastaba", Christo, 2018. Esta gigantesca escultura hecha con 7.506 barriles de petróleo apilados en una plataforma flotante en el Lago Serpentine del Hyde Park fue el proyecto al aire libre más grande en el Reino Unido de Christo y se pudo ver hasta septiembre del año pasado. Christo es un artista búlgaro que junto con su esposa Jeanne-Claude (que falleció hace unos años) hicieron unas obras e intervenciones increíbles. En el año 1995, en el Reichstag de Berlín utilizaron más de 100.000 mts2 de tela y cuerdas azules para, envolver el Parlamento alemán por 3 semanas. Entre 1980 y 1983 intervinieron con tela flotante rosa, 11 islas inhabitadas de Miami, con una extensión total de 603,870 mts2. 💚🤜 Y la lista de intervenciones en ciudades, sigue y sigue… . . . . . #landart #christo #art #nature #landscape #installation #london #sculpture #contemporaryart #architecture #earth #artist #installationart #rainingclouds #christovladimirovjavacheff #foundobjectsfoundmemmories #aneveningwithchristo #parafinlondon #building #richardlon #serpentinegallery #inspiring #artists #parafingallery #architect

A post shared by Bruni (@brunisaredi) on

Во 2018 година, тој ја претстави „London Mastabu“ – 20-метарска скулптура на древна египетска гробница, изработена од 7.506 црвени, бели и светловиолетови буриња поставени на платформа во езерото во лондонскиот Хајд парк. Христо и Жан-Клод, која почина во 2009 година, исто така се познати по дела како што се „Гејтс“, инсталација од 2005 година во Њујорк и завиткување на Рајхстагот во Берлин во 1995 година во огромна сребрена завеса.

Неговиот последен проект предвидуваше обвиткување на Триумфалната порта во Париз со 25.000 квадратни метри полипропиленска ткаенина која може да се рециклира во сребреносина боја и 7.000 метри црвено јаже. Христо Владимиров Јавачеф е роден во Габрово, Бугарија на 13 јуни 1935 година.

Прикажи повеќе...

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Македонија1 час

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија3 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија5 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија5 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија6 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион8 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија9 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион9 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет11 час

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт11 час

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа11 час

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет23 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет23 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија24 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Досие