Контакт

Култура

Почнува театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица

Објавено пред

Во Струмица, вечерва ќе биде отворен театарскиот фестивал „Ристо Шишков“. Близу 50 актери од вечерва влегуваат во трка за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков. За време на петте фестивалски дена кои традиционално започнуваат на денот на независноста тетатарската публика во Струмица ќе има можност да проследи десет претстави од четири држави.

Ќе земат учество театрите од Враца Бугарија, Књажевско српскиот театар од Крагуевац, од Словенија, театарот од Струмица, Тетар за деца и младинци од Скопје, тетар Комедија од Скопје, тетарот од Битола.

Најдобриот актер за кој ќе одлучува тричлено меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Тања Бошковиќ исто како и во изминатите години ќе го добие традиционалниот златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1500 евра.

Освен официјалната програма, од фестивалот најавуваат и богата офф програма во која ќе бидат промовирани неколку книги како и средба на поети од Македонија и Бугарија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Интернационална стрип-колонија Велес 2019

Објавено пред

Од 21 до 25 август годинава Велес е домаќин на 17. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2019” . Колонијата ја организира Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес. Оваа колонија е дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија.

Уметниците имаат можност да ги разменат своите искуства и да творат на слободна тема.

„Оваа стрип-колонија е единствена од ваков тип не само во државата, туку и на просторот на балканските држави. Вто пат ја организираме, а поканетите учесници создаваат стрипови кои ќе бидат преtставени на јавноста преку изложба организирана во Велес. Создадените творби ќе бидат презентерани и популаризирани и во државите од кои доаѓаат учесниците, а ќе бидат објавени и во стрип-ревијата ‘Креатор’“, истакна извршниот директор на Стрип центарот, Ване Трајков.

Покрај домашни, (Стојче и Емилија Тоциновски, Јана Бутеска, Ана Мариа Стефаноска, Ангела Петрушевска, Васил Гаврилов ,Оливер Цветковски, Сибел Исмаилова) на втората стрип-колонија, учествуваат реномирани имиња од пет други европски држави, Кирси Салонен од Финска, Владимир Весовиќ и Ана Циглар од Србија, Марко Ѓешка од Хрватска, Исток Ситар од Словенија и Василис Герку од Грција.

Прикажи повеќе...

Култура

Почеток на детската и младинската програма на „Македокс“

Објавено пред

Програмата на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ денеска ќе биде одбележена со почетокот на детската и младинската програма.

Во 19 часот во Младинскиот културен центар ќе се случи првата од четирите премиери на филмовите на „Докуникулци“.

Како што велат од организаторите на фестивалот, честа да го разбие мразот ја има краткиот документарец „Низ објективот на копнежот“ на Розе Симоновска.

Вечерта ќе ја одбележи уште една премиера на македонски документарец и на платото пред Куршумли ан. Во 22.30 часот публиката премиерно ќе има можност да го види филмот „Господата од современа“ на Ана Алексовска.

Во програмата филмови од странски автори ќе може да се видат „Градот наречен желба“ на Питер Зак и контроверзниот „Која е Ева?“ на Пиа Хелентал, а во киното „Милениум“, како најава на утрешниот мастер-клас, ќе се одржи проекцијата на „Акварела“ на Виктор Косаковски.

Прикажи повеќе...

Култура

„Мала Италија патува”, петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Објавено пред

Единствениот музички настан, кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез-звуци, се враќа пред домашната публика овој септември.

На 18.9.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза“ пред Националната опера и балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, јубилеен петти пат ќе им овозможи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање.

Изведувачот, кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за сè поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез-песни, ќе ѝ подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија15 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија18 часа

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија18 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет19 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија19 часа

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион19 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет20 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет21 час

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија1 ден

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија1 ден

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа1 ден

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ2 дена

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 дена

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 дена

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија2 дена

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија2 дена

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет2 дена

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 дена

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие