Контакт

Култура

Почнува тринаесеттото издание на „Анимакс Скопје фест“

Објавено пред

Тринаесеттото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“ ќе се одржи од 24 до 26 ноември во Кинотека. На него ќе бидат прикажани 39 куси анимирани филмови во официјалната програма и 8 анимирани филмови кои се наменети за детската публика.

dobivaj vesti na viber

Филмовите за официјална конкуренција се избрани од пријавениот рекорден број анимации, меѓу кои најголем број од: Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија, Кина, Бразил, Унгарија и други.

„Кога растев мојот татко во една пригода ми рече: ‘Не ми е целта да те научам да бидеш успешен и богат. Само сакам да бидеш добар човек’. Тогаш не ми беше сосема јасно што сака да ми каже, но денес знам. Без такви добри луѓе, 13-тото издание на Анимакс немаше да се случи. Трпеливо ја чекаме поддршката од Агенцијата за филм на СРМ, а на Град Скопје и Кинотека на С Македонија, од срце им благодарам за поддршката на првиот фестивал за анимиран филм во Македонија, Анимакс Скопје фест“,  вели директорот на фестивалот, Кузман Кузмановски.

Оваа година жирито го сочинуваат: директорот на Кинотека Владимир Ангелов, уметницата Сашка Андреевска и историчарот на уметност Горјан Гишев.

Голем број од филмовите кои ќе бидат прикажани на фестивалот се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија. На отворањето гледачите ќе имаат шанса да го погледаат актуелниот победник на фестивалот Анеси, вториот ден ќе почне со „Бришачот“- кој доби Оскар, а третата вечер е во знакот на „Црвениот зајак“. Освен за светски признатите филмови, Анимакс Скопје фест останува доследен и во процесот на детекција на нов уметнички квалитет, давајќи простор на млади и талентирани уметници да ја прикажат својата работа. Во тој контекст во детската програма ќе биде прикажан и филмот на младата авторка Миа Панова, „Маја Новак“. Исто така во рамки на придружната програма на фестивалот Анимакс Скопје фест ќе се случи промоција/перформанс на поетската книга „Вкрстувања“ од Ѓорги Тодороски.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 19:30 часот. Проекциите на филмови за деца ќе се одржат на 26 ноември (сабота) со почеток во 12:00 и 14:00 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот анимиран филм за деца и да го одбере победникот. Влезот во Кинотека за сите проекции на „Анимакс Скопје фест“ е бесплатен.

Фестивалот „Анимакс Скопје фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-минтири“ од Скопје, со поддршка од Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија.

„Анимакс Скопје фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

 

Изложби

„Симфонија на бои во пентаграм“ на Дренуша Палоши во Мала станица

Објавено пред

На 15 декември во Мултимедијалниот центар Мала станица, во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Симфонија на бои во пентаграм“ на ликовната уметница Дренуша Палоши. Истата ќе биде достапна за публиката до 25 декември 2022.

dobivaj vesti na viber

Пентаграмите во сликите на Дренуша се претставени како потпорен и заштитен столб на колоритот и фракциите на добиените нијанси. Преклопувањето на боите по определен редослед создава мелодија која не е композитно комплицирана, но која визуелно се разјаснува, изразувајќи интерпретативни вештини на музикалноста и љубовта кон музиката.

Боите се како нотите. Тие се фиксни во одреден број. Она што ги прави попродуктивни гледано од креативен аспект е нивната меѓусебна комбинација. Ова е втората способност развиена на мелодичната ткаенина на сликарката. Секоја боја комбинирана на пентаграм ги претставува кодните ноти на симфонијата, што доаѓаат од пијаното, кое е главниот елемент, создавајќи рамнотежа во формирањето на мелодијата која се манифестира визуелно, која истотака може да се доживее во внатрешноста на набљудувачот давајќи му слобода да создаде индивидуален мелодичен ритам.

Играта внатре во сликите е пријатна и многу оригинална бидејќи е проследена со детска носталгија обвиена во љубов и спомени од часовите по пијано. Тие се претставуваат како невротични искри кои имитираат нервни влакна опиени од мелодијата на спомените! Секоја слика е придружена со посебен облик, воден од моменталната емоција која му дава уникатно значење!

Дренуша, се чини дека таа природно ја претставува среќната личност, харизмата исполнета со мелодии на среќата на нејзината ткаенина. Колоритот добиен со акрилна техника зборува многу, зборува за моќната енергија што ја има сликарката, за сигурноста и експресивноста што ја разлева врз ткаенината додека се бара формата и просторна координација на ткаенината.

Слободно можеме да кажеме дека детството поминато на часови по пијано, опкружено со љубов кон класичната музика и нежните звуци на татковата гитара кои често водеа кон еден дует, комбиниран со љубовта меѓу татко и ќерка, може да произведува вистински производ од овој вид, како што се преставува Дренуша во овој циклус.

Заробена помеѓу двата уметнички света, вреднувајќи го секој со иста љубов, сликарката избра заговор меѓу нив, помеѓу меѓусебното испреплетување, каде што во исто време слика музика и изведува сликањe.

Енеса Мемети, професор по ликовна уметност

Национална галерија на Република Северна Македонија

Прикажи повеќе...

Култура

„Сами сме дома” нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ

Објавено пред

Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, со почеток од 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.

dobivaj vesti na viber

„Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 12 и од 14 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!“ вели актерката Весна Петрушевска.

Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон.

„Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото” додаде Петрушевска.

Прикажи повеќе...

Култура

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ ја освои 7. награда на фестивалот Chicago Shorts

Објавено пред

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови Chicago Shorts, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

dobivaj vesti na viber

Инаку, ова е 7. награда за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно филмот ги освои наградите за најдобра актерка за Сара Климоска на Kiez Berlin Film Festival во Германија, на Reale Film Festival во Италија, и на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine каде наградата за најдобар актер беше доделена и на актерот Филип Трајковиќ. Филмот досега ги има освоено и наградите за најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) на CineParis Film Festival во Франција и за најдобар постер (дизјанер Коста Лазаревски) на Toronto Women Film Festival во Канада.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, исто така е во селекција на 20 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Шпанија, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион10 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија11 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа14 часа

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија16 часа

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет16 часа

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа16 часа

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа17 часа

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет1 ден

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија1 ден

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа1 ден

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија1 ден

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија1 ден

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија1 ден

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија2 дена

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија2 дена

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија2 дена

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет2 дена

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет2 дена

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...