Култура
По 13-ти пат „Вечери на женски права“ на повеќе локации во Скопје

Од 8 до 10 март 2022 година, во Младинскиот културен центар и Кинотека, ќе се одржи 13-то издание на „Вечери на женски права“.
Ова е настан кој на различни локации во Скопје, традиционално се организира од 2010 година и е под покровителство на Град Скопје. Настаните кои се организираат во рамките на оваа манифестација понудија алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а искуствата од претходните изданија покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и со родовата еднаквост.
Програма
08 МАРТ – МКЦ Галерија
19:00, Меѓународна ликовна изложба „Будење 3“;
08 МАРТ – МКЦ Кино Фросина
20:00 часот
-Обраќање на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска;
-Обраќање на Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија;
-„Дејт“, авторска монодрама на Сандра Сијалџев;
09 МАРТ – Кинотека, 20:00ч.
Проекција на документарните филмови:
– „HER“ (45 мин.) САД, режија: Хуан Карло Бореро, Мелоди Карли;
– „The Dark Way“ (48 мин.), Иран, режија: Анахид Давари;
10 МАРТ – Кинотека, 20:00ч.
Проекција на документарниот филм:
– „Caught in the Net“ (100 мин.), Чешка Република, режија: Вит Клушак и Барбора Чалупова;
Дополнителна програма
* Во месец март ќе се одржат проекции на документарниот филм „Caught in the Network“ (60 мин. верзија) за ученици од средните училишта на Град Скопје, во Кинотека.
„Вечери на женски права“ се организираат под покровителство на Град Скопје, во реализација на Авард филм и Видео и во партнерство со UN Women и Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА.
Влезот е БЕСПЛАТЕН за сите настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Викендов концертна серија Musica Viva на отворено на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Факултетот за музичка уметност – Скопје почнувајќи од денеска до 29 мај организира концертна серија „Musica Viva на отворено“ како дел од научно-истражувачкиот проект NIP.UKIM.21-22.15 поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.
Концертите ќе се одржат на Платото пред НУ Национална Опера и Балет во следниве термини:
27 мај: ПРЕЛУДИУМ (пијано, хармоника)
28 мај: SONARE (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика)
29 мај: ПРОЛЕТНИ ПЕСНИ (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика)
Почеток на сите концерти е во 19 часот.
Влезот е слободен. Резервација на седиште на тел. (02) 3134345 или на [email protected]
a
Култура
Трибина за глаголицата и кирилицата вечерва во Кисела Вода

Во седмицата кога уште еднаш се одбележува големото дело на браќата Кирил и Методиј, суштински поврзано со почетокот на создавањето на македонскиот книжевен јазик, Општина Кисела Вода организираше трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“.
На вечерашниот настан панелистите д-р Елка Јачева-Улчар, Лазе Трипков и Ласко Џуровски, поттикнаа интересна дискусија околу историските збиднувања врзани со настанокот на двете писма, како столбови на македонскиот јазик и култура. Се зборуваше за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за глаголицата и кирилицата од 9-тиот век до денес. Се отвори дебата и за проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица, во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици. Посебен интерес меѓу присутните пробудија темите поврзани со предизвиците што доаѓаат однадвор и свесноста која треба да постои кај институциите за зачувување на македонското писмо и јазик, како едни од најважните елементи според кој се препознава и македонскиот национален идентитет.
Во Домот за култура “Билјана Беличанец” каде се одвиваше вечерашната трибина, се’ уште е поставена изложбата “Македонска глаголица, македонска кирилица”, на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која претставува модерна визуелна интерпретација на двете писма. Истата беше дел од настаните со кои Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник, 6 Мај-Ѓурѓовден. Воедно, преку организирани посети, изложбата ја видоа и сите ученици од основните училишта на територија од овој дел на градот.
Култура
Почина актерот Реј Лиота

Американскиот актер Рејмонд Ален Лиота почина денеска на 67-годишна возраст.
Лиота, кој беше најпознат по својата главна улога во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе од 1990 година „Goodfellas“, почина во сон во Доминиканската Република додека снимаше нов филм, пренесува „Инденпендент“
Актерот зад себе ја остави ќерката Карсен.
Пред неговата смрт, тој беше во Доминиканската Република каде што го снимаше проектот наречен „Опасни води“.
Тој е роден во Њу Џерси на 18 декември 1954 година и бил посвоен шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште. Неговата филмска кариера траеше четири децении.