Контакт

Култура

По 40 години, Милан Кундера повторно доби чешко државјанство

Објавено пред

Познатиот писател Милан Кундера повторно е државјанин на својата родна Чешка, откако му беше вратено државјанството одземено пред 40 години.

Чешкиот амбасадор во Франција, Петр Друлак, за чешката телевизија изјави дека му го предал документот за државјанство на Кундера (90) во неговиот стан во Париз минатата недела.

Враќањето на државјанството на писателот на „Неподносливата леснотија на постоењето“ е резултат на минатогодишната средба помеѓу Кундера и чешкиот премиер Андреј Бабис во Париз.

Кундера ја напушти комунистичка Чехословачка и живееше во Франција од 1975 година, каде што има објавено некои од неговите најпознати дела, меѓу кои „Книга за смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“, потсетува АП.

Неговите подоцнежни дела напишани на француски не биле преведени на чешки.

Кундера, забележува американската агенција, повремено ја посетувал Чешка, но секогаш инкогнито и никогаш не разговарал со новинарите.

Култура

Концерт на Дарко Рундек во Охрид идниот месец

Објавено пред

По концертот на Амира Медуњанин, „Aвалон продукција“ најавува концерт на Дарко Рундек на Античкиот театар во Охрид на 15 август.

Дарко Рундек и „Екипа“ неодамна го најавија новиот албум „Брисани простор“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите свои големи хитови, како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, „Хаустор“.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и „Екипа“ во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава за следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавен нов број на списанието „Македоника“

Објавено пред

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со Македонија.

Владимир Јанев пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од разни извори.

Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од 19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата „Одисеја“, Васил Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, а Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение кон Македонија.

Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на анализите на Комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година.

Предраг Димитровски пишува за тајната дипломатија за дедо Михаил (архиепископот Михаил), а Марјан Ивановски, пак, за односот на организацијата ДООМ и на Драган Богдановски кон другите емигрантски организации.

Во овој двоброј на „Македоника“ се објавени и повеќе британски документи за Македонија, а кои се однесуваат на периодот 1903 – 1904 година. Објавени се два рецензентски осврта на Ана Витанова-Рингачева за две книги тематски поврзани со Македонија, како и еден осврт на младиот хрватски македонист Ивица Баковиќ. На крајот се објавени и куси библиографски податоци на нови публикации за Македонија

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина, во разни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион46 минути

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија3 часа

Заев и Филипче го посетија Иван, на кој му беше трансплантирано срце

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, утрово беа во посета на...

Македонија5 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија6 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија6 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија6 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија6 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија7 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион17 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет19 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион21 час

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија23 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија24 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет1 ден

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ1 ден

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Досие