Контакт

Изложби

Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Објавено пред

На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сè уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование, Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.

Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот Creative minds of the world (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.

Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Изложби

„Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски во Чифте амам

Објавено пред

Месециве наназад сите ние функционираме во поинакви услови, кои на почетокот изгледаа чудни и тешко прифатливи за денес да се сведат на „нова нормалност“. Се прифатија условите во кои неминовно се креират концепти на различен начин на комуникација при задолжителна социјална дистанца. Националната галерија на самиот почеток испорача неколку интерактивни проекти, како „Уметнички дневници“, „Уметнички предизвик“, „Нашите херои“ со цел да ја одржи врската со публиката, да се престрои во условите на „новата нормалност“ и да ја адаптира реализацијата на програмата.

Првиот програмски проект за оваа година „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски сé надоврзува на неговите претходни проекти во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на вирусот Ковид- 19 се покажа како особено нужна.
Од културната стратиграфија, како инспиративен момент се пејзажните фасцинации, кои и претходно биле својствен мотив за неговиот творечки сензибилитет. Специфичноста на овој проект, но и на претходните е препознатлив по материјалите со кои ги моделира неговите дела, колоритот и структурата, но и формата која секогаш има да пренесе некаква симболика. Многубројните варијанти на трновита вегетација која ја има во изобилство во неговата непосредна близина се еден од основните модули со кои ја гради структурата.

Станува збор за трновита вегетација која по бербата ги задржува цврстата структура и колорит. Таа нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сè порелевантно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Обликот на трнот, од друга страна, е мошне актуелен симбол на самиот вирус кој ја нападна нашата планета и го смени начинот на нашето функционирање и општење. Оваа сличност е сосема случајна и нетенденциозна, но со самото тоа концептот и изборот на материјал стануваат мошне рецентни.

Идејниот проект „Пејзажни фасцинации 20” ќе биде изграден во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам, кој со својата специфична архитектонска градба, со богата архитектонска пластика ќе претставува посебен инспиративен предизвик.

Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеќи ја куполната форма. Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови.

Оваа инсталација ќе почне да се гради од 22 јуни и самиот проект ќе го опфати и процесот на постепена конструкција и финализирање. Текот на процесот ќе го следите онлајн, вклучително со објави, фотографии, видеа и разговори преку нашите социјални мрежи.
Следете го овој настан и дознајте повеќе.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Тамара Забазноска

Објавено пред

Со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата „Натура“ на Тамара Забазноска. Мерките за претпазливост се строго почитувани.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена во Скопје 1987 година ги стекнува првите знаења преку енциклопедиите и бајките, за понатаму да го насочи својот интерес кон математиката, геометријата и релациите во просторот.

Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Модулар“ – изложба на скулптури на Ненад Тонкин

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Модулар“ на Ненад Тонкин. Мерките за претпазливост се строго почитувани.

Идејата за „Модулар“ доаѓа од набљудување на градот и сосема спонтаната анализа на состојбата во него. При таа анализа Тонкин доаѓа до идеја да ги спои потребата за естетика во јавниот простор, како и потребата од мултифункционални јавни простори, кои ненаметливо ни нудат содржини и значења и нѐ мотивираат да го искусуваме градот во кој живееме.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Еден починат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 час

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет3 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет15 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија18 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа19 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија21 час

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион22 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија22 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа22 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт23 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион23 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион2 дена

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Досие