Контакт

Култура

Први април – Ден на формирањето на Државниот архив

Објавено пред

На 1 април годинава се навршуваат 69 години од формирањето на Државниот архив и тој ден се одбележува како Ден на сите архивски работници.

Државниот архив на НР Македонија, денес преименуван во Државен архив на Република Северна Македонија, е формиран во 1951 година.

„Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а Архивот за нашата држава и нашиот народ претставува изворно сведоштво за државното постоење и континуитет, како и за нашиот идентитет“, вели директорот на Архивот, Емил Крстески.

Во рамките на Државниот архив работат девет одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и во Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.

Државниот архив денес е архивска институција со статус и ингеренции на државен орган со речиси 300 вработени.

Во Државниот архив се чуваат 7.769 архивски фондови, речиси 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво микрофилмуван архивски материјал, а интензивно се работи и врз дигитализација на приоритетните историски фондови.

Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од 12 век, а тоа е Евангелието на свети апостол Лука.

 

Култура

Томислав Османли добитник на Рациновото признание за 2020 година

Објавено пред

Писателот Томислам Османли е добитник на Рациновото признание за 2020 година, соопшти градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“.

Оваа година жири-комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година, во состав академик Катица Ќулавкова, претседател, и членовите, Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ-Стојковска, одлучи да му припадне на писателот Томислав Османли за книгата расказаи „Парадоксион“ во издание на „ВиГ зеница“ од Скопје.

А Организацискиот одбор, во состав Аце Коцевски, претседател, и членовите, проф. Кристина Николовска, проф. Људмил Спасов, проф. Гоце Ристовски и проф. Стефани Андреевска, донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура надвор од границите на Република Северна Македонија да им се додели на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД, и на проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

57. по ред „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември, на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, кога ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на годинешните добитници.

Сите настани, кои се дел од 57. „Рацинови средби“, ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од ширење на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Култура

Пред 92 години прикажан првиот цртан филм со Мики Маус

Објавено пред

Денес се навршуваат точно 92 години од првото прикажување на анимираниот цртан филм „Паробродот Вили“, кој е првиот звучен цртан филм во историјата.

Покрај тоа што претставува пресвртна точка во анимираните филмови, „Паробродот Вили“ е и првиот цртан филм на Мики Маус. „Паробродот Вили“ е краток цртан филм во режија на Волт Дизни и Уб Иверкс.

Произведен е во црно-бела боја од студиото „Волт Дизни“. Во ова остварување за првпат се појавува Мики Маус, како и неговата девојка Мини. Тоа е исто така прв филм на Дизни со синхронизиран звук, како и прво остварување со неговата оригинална музика.

Веднаш по својата премиера, „Паробродот Вили“ станал најпопуларниот цртан филм на своето време. Во 1994 година „Паробродот Вили“ е рангиран во 50-те најдобри цртани филмови на сите времиња, заземајќи го 13. место. Американскиот национален филмски регистар го карактеризираше како културолошко, историско и естетски значајно достигнување.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“ ќе се одржи следната седмица

Објавено пред

Во текот на следната седмица, поточно од 28 септември до 3 октомври, ќе се одржи Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“, кој е во заедничка продукција на НУ „Театар комедија“ и на Општина Аеродром.

,,Фестивалот на комедијата годинава се одржува малку подоцна, на поинаква локација и со малку подизменет концепт. Мора да истакнеме дека долго анализиравме дали воопшто да се одржи годинашново издание на Фестивалот или да се одложи за следната година. Сепак, одлучивме да го одржиме, но да е од ревијален карактер, со тоа што годинава ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. И локацијата на одржување на фестивалот е сменета, бидејќи така налагаат протоколите, па овој пат тој ќе се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка ‘Сонце’ во реонски центар Аеродром.

Подготовките за овогодишното издание веќе привршуваат, а програмата на фестивалот ќе биде објавена кон крајот на оваа седмица. Целата органзација и реализација се одвиваат во рамките на протоколите кои се одобрени од страна на Комисијата за заразни болести за организација на настани на отворено. Ќе бидат запазени сите мерки за безбедно следење на фестивалот од публиката, како и за безбедноста на сите учесници. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, столчињата на кои ќе седи публиката ќе бидат распоредени на соодветно растојание, а ќе бидат спроведени и сите други мерки кои се во согласност со протоколите за одржување настани на отворено. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публика ќе бидат отворени од 19 часот. Како што споменавме, во текот на оваа седмица ќе ја објавиме целосната програма на фестивалот, како и протоколот“ – истакнуваат од управата на „Театар комедија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија10 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет11 час

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија11 час

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија12 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија12 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија13 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија15 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа16 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија16 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија16 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет18 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија18 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион2 дена

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија2 дена

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие