Контакт

Култура

Прв самостоен концерт на музичкото трио „21 век“ во Младинскиот културен центар

Објавено пред

Скопското музичко трио „21 век“, по прославата пет години од оформувањето, три студиски албуми и илијадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Денсинг-салата на МКЦ на 1 септември 2023 (петок), со почеток во 21 часот.

„21 век“ е бенд што го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда“, „Ха, ха, ха“, FxPxOx), Раде Јордановски (FxPxOx) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда“, „Фонија“, My Tear).

Музиката на „21 век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како постпанк сѐ до македонската традиционална музика. Критичарите нивната музика ја карактеризираат како „поп-музика вкоренета во длабок андерграунд“.

Песната „Ужасно ми фалиш“, прва на албумот „Си нацртав живот“ (2021), се задржа долго време на репертоарот на домашните радиофреквенции, а токму албумот го доби епитетот највеселиот албум за тешките љубовни јадови.

Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми: „1“ (2020), „2“ (2020) и „Си нацртав живот“ (2021).

Како локална музичка поддршка на концертот ќе настапат музички групи од новиот домашен млад музички бран, „Мариналеда“, Red18 и Vagina Corporation.

Најново

Регион5 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија6 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава6 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија7 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион7 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ7 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион8 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион8 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...