Контакт

Книги

Преведен романот „Бележникот на татко ми“ од Кадер Абдолах

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави објавувањето на романот „Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах. Станува збор за историски роман кој преку религиско-љубовни алузии ни ја доловува Персија од бајките. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.

Кога бил дете, глувонемиот Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

Години подоцна неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен.

Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.

Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.

Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го спознавал поимот за слободата. Како студент по физика во Техеран пишувал за еден нелегален весник и тајно објавил две збирки раскази под псевдонимот Кадер Абдолах. На холандската литературна сцена дебитирал во 1993 година. Делата на Абдолах се преведени на повеќе од 20 јазици.

Книги

Објавена книгата „Утехи“ од Сенека

Објавено пред

Од

Деновиве книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје, во превод од латински на Билјана Чаловска-Караевска, ја објави книгата „Утехи“ од големиот римски филозоф, писател и драматург Лукиј Анеј Сенека. Станува збор за три текста што во вид на епистоли ги напишал староримскиот мислител, секоја од нив именувајќи ја Утеха и адресирајќи ги своите философски писма на утехи, до три различни личности: првото до Маркија, ќерката на римскиот историчар Аул Кремуриј Корд,доблесно посветена на татко си до самиот крај на неговиот живот, второто до благородниот Полибиј, инаку советник за литература на римскиот императорот Клавдиј којшто кон својот советник, инаку ослободеник, негувал особена почит; и третото утешно писмо „до мајката Хелвија“…

Лукиј Анеј Сенека бил роден во античка Кордуба на Пиринејскиот Полуостров речиси  пред прагот од нашава ера (4 година пред новата ера) и го живеел самиот нејзин почеток (сè’ до 65 година од новата ера). Бил син на Сенека Постариот познат како Реторот и на спомнатата Хелвија, и како припадник на високиот римски слој во хиспанската провинција на вечниот град се здобил со завидно образование. Лукиј А. Сенека уште како момче негувал љубов кон реториката и кон поезијата, потоа и кон филозофијата и кон науката. Кога созреал, најнапред станал адвокат, а потоа извршувал и сè’ повисоки државни функции: најнапред избран за квестор за време на владеењето на Калигула, а за во времето на царот Клавдиј бил назначен за претор и за воспитувач на идниот император Нерон, при што во времето на првата управа на Нерон Сенека станал и конзул и, во текот на неколку години, практично владеел со Римската Империја. Откако новиот цар ја покажал својата тиранска природа, Сенека се повлекол од Рим, на својот имот во Кампанија на Апенинскиот Полуостров. Карактерните одлики и едукацијата го однеле кон философијата на опстојувањето под ударите на судбината.
Сенека се смета за најзначајниот претставник на римската гранка на филозофската школа на стоицизмот. Зад себе оставил дела од филозофијата, етиката, дела од областа на географијата, фисиката и природните науки, сатири и осум трагхедии кои во подоцнежните векови извршиле големо влијание врз делото на Шекспир, како и на авторите од француската драмска книжевност… Иронијата на судбината сакала токму неговиот воспитаник да стане и негово најголемо, трагично искушение, зашто Нерон го обвинил за соучесништво во заговор против императорот и, осудувајќи го на смрт, му ја подарил „милоста“ самиот да си го одземе животот.

Пред книгата „Утехи“, исто така во превод на Биљана Чалоска-Караевска и во издание на „ВиГ Зеница“, пред неколку години беше објавена книгата со уште два философски списа од Лукиј Анеј Сенека: „За спокојството на душата и До Паулин – За краткоста на животот“. Меѓу двете книги појавени во инаку исклучителниот превод на македонски, постои и една подлабока врска: имено, се смета дека „Утехата за Полбиј“, втората епистола од новообјавената книга на „ВиГ Зеница“, всушност е продолжение на расправата „За краткоста на животот“ објавена 2011 година.

Двете исклучителни објави ги исполнуваат мудрите мисли, филантропски совети и обраќања и објасненија на еден од најголемите автори на антиката. Книгите се проследени со коментарите на превдувачката Б.Чаловска-Каевска.Двете спомнати книги со делата на Сенека се објавени во библотеката „Pro bono publico“ на книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Везеница“ од Стојан Тарапуза

Објавено пред

Од

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана најновата книга за деца и млади со наслов „Везеница“ од познатиот македонски писател Стојан Тарапуза.

За време на промоцијата за делото, кое е во издание на издавачката куќа „Панили“, ќе зборува и професор Кристина Николова.

Прикажи повеќе...

Книги

Најавтобиографскиот роман на Пауло Коелјо достапен за македонските читатели

Објавено пред

Од

Неодамна од печат излезе „Хипи“, новата книга на миленикот на читателската публика Пауло Коелјо како издание на издавачкиот центар „Три“.

Ова е 20. книга на Пауло Коелјо, најчитаниот и најпреведуван писател во светот, со над 225 милиони продадени книги, преведен на 80 јазици и објавен во 170 земји.

„Во својот најавтобиографски роман досега авторот ни раскажува за едно непознато поглавје од својот извонреден живот и го споделува со нас сонот на хипи-генерацијата за послободен и помирен свет. Коелјо нè води на едно неверојатно патување со Волшебниот автобус, од Амстердам, преку Истанбул, Кабул, Делхи до Катманду, навраќајќи се на своето духовно патување и повторно оживувајќи ги спомените на тие интензивни времиња“, наведуваат од издаваштвото.

Оттаму додаваат дека со секоја своја страница „Хипи“ го внесува читателот во неповторливите години на радост и љубопитност, во кои навистина се верувало дека револуцијата може да се направи со цвеќе и дека соништата можат да се остварат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставни измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставни измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ1 час

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија2 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет4 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија4 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион5 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава5 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет5 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион6 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет18 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион20 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија21 час

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија22 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток23 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток24 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие