Контакт

Култура

Предавање „Илјада маргини“ на Артан Садику вечерва на КРИК

Објавено пред

Годинешниот КРИК – фестивал за критичка култура продолжува вечерва во 20 часот во Чифте амам со предавањето со наслов „Илјада маргини“ на Артан Садику, истражувач, истражувач, теоретичар и активист, кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните практики во политиката и уметноста. Садику во своето предавање ќе ги истражува можностите за надминување на предизвиците преку идејата на маргините/маргиналноста. Тој предлага да се приближиме кон маргините и наместо револуционерни практики, да развиваме маргинални мисли.

Денеска се одржува и семинарот „Естетичко образование наназад: политички ќор-сокаци на сегашноста“ со Нејтан Браун, професор од Монтреал, Канада. Политичките случувања покажуваат перверзна, но сепак предвидлива врска помеѓу реакцијата и реакцијата на реакцијата. Семинарот во фокусот го има разгледувањето на тоа како општествената структура и историските ќор-сокаци на ваквата релација може да се анализираат и да се адресираат како ефекти од политичко-економските контрадикции.

Синоќа, пред публиката во Чифте амам се обратија Искра Гешоска и Артан Садику, програмски уредници на фестивалот.

„КРИК – фестивалот за критичка култура годинава се одвива како процес и тоа беше нашиот сон уште од почетокот бидејќи веруваме дека критичката култура може да постои и се развива само низ процеси и подолготрајни поврзувања и навики, кои ќе бидат будни цело време за она што се случува во општеството, но и едновремено ќе му опонираат доколку тоа општество предизвикува незадоволство“, рече Гешоска.

За темата на годинешниот фестивал „Човек без својства – политики на маргините“, која потекнува од книгата на Музил, беше речено:

„Во светот во кој денес живееме има две тенденции: прогресивни, кои се трудат да влезат во општеството и да ја променат централизираноста и да ја внесат инклузивноста во општеството. Од друга страна, гледаме тенденција за ретрадиционализација, враќање на национализмот, религиозноста, како прилично доминантни идентитески преференции и пракси во нашето општество, и тоа не само во Македонија туку и во цела Европа и тие две струи се интересни да се разгледаат. Нашата појдовна точка годинава е контра тие струи, сакаме да му додадеме позитивни својства на немањето својства и на каква било форма на стабилизирање на идентитетот, кој станува авторитарен. Од друга страна, сакаме да ги истражиме потенцијалните политики и правци, кои се на маргините на централните идеи на општеството“, рече Садику.

Во рамките на програмата на КРИК 04, Нејтан Браун го одржа предавањето „Празнината, темнината и соголеноста: засновани врз детерминантите во Цвеќињата на злото“ и преку книжевноста го анализира политичкото. Поврзувајќи ја темата на фестивалот со својата студија на Бодлер, тој го постави прашањето за разликата помеѓу тоа да се биде детерминиран или да се детерминира. Преку разни теми, концепти и форми Les Fleurs du Mal (Цвеќињата на злото) постојано се занимава со детерминирањето на проблемот: во фокус е тензијата што се создава помеѓу тоа да се биде едновремено утврден и детерминирањето што произведува субјективна желба и поетска конструкција.

„Денес пропадна квалитативното одредување и на некој начин она што го зборуваше Музил пропадна поради вишокот искуство. Да не се прави ништо, е исто како да се прави сè. Вишокот квантитет го заменува недостигот на квалитет“, рече Браун.
„Театарот на мртвите на Жене“ е насловот на второто предавање што го одржа американскиот писаел и филозоф Арон Шустер. Тој преку анализа на претставата „Балкон“ од Жене поставена во 1956 годна анализира неколку одредувачки тенденции на современиот свет, особено моќта. Театарот на Жан Жене е еден од највеличествените политички театри на дваесеттиот век иако тој самиот ги нарекува своите претстави имплицитно политички и често јасно и прецизно го одредува нивното политичко значење. Така, Шустeр зборуваше за појавата на осамениот и фаталниот политички субјективитет во светло на современата политика.
„Зборувајќи за современиот американски контекст наспроти жалбите на либералите да не се нормализира Трамп, напротив, парадоксланиот театар на Жене веројатно би го отсликал Трамп како темпераментно дете наспроти идејата дека капиталистичката демократија ја водат возрасни луѓе“, рече Шустер.

Утре (22 јуни), на програмата е критичко читање низ филмови и во кафе-киното „Котур“, со почеток во 19.30 часот, ќе биде прикажан филмот Segunda Vez („Втор пат“) од 2018, во режија на Дора Гарсија.

Култура

Балетската претстава „Есмералда“ на 31 јануари и 4 февруари во НОБ

Објавено пред

Националната опера и балет го најавува еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ – Чезаре Пуњи, овој пат со две изведби на 31.1 и 4.2.2020 со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил Чичијашвили (31.1), Мими Поп Алексова Атанасовска (4.2), Бобан Ковачевски (4.2), Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија), Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска. Билети на билетарницата на Националната опера и балет и online на www.operabalet.mk

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“, во превод од англиски јазик на Анета Пауновска. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфуцијанската мудра мисла.

На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфуциј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.

Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфуциј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја.

„Гледиштата на Конфуциј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер, како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.

„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа… Конфуциј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа. Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Каспер Ших (1937), доктор по техничка наука на универзитетот во Токио, е претседател на Глобалниот кинески фонд за конкурентност. Повеќе од 4.000 средни и мали претпријатија во Тајван постигнаа успешна трансформација под негово водство. Клучните проекти кои беа во негова надлежност се „Планот за автоматизација на производството“, „Подобрување на продуктивноста во севкупно движење“, „Проектот за подобрување на квалитетот на производите“, „Планот за технологија за воведување на средни и мали претпријатија“, итн. една од клучните фигури што го промовираа Тајван во една од четирите азиски тигри. Беше наречен „таткото на автоматизацијата на Тајван“. Имплементацијата на планот за автоматизација и програмата за промоција на квалитетот од Тајван направија лидер меѓу „четирите азиски тигри“ на почетокот од 90-тите години на 20 век.

Прикажи повеќе...

Култура

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вуќичевиќ во Куманово и Охрид

Објавено пред

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ по барање на публиката повторно ќе се прикажува во неколку градови низ нашата држава.

За февруари веќе се закажани термини во Театар Куманово на 25.02, вторник, со почеток во 19 часот и на 29.02, сабота, во Центарот за култура во Охрид.

Оваа хит-комедија се игра и во Србија, а исто така се предвидени гостувања надвор од границите на двете земји.

Главната улога во преставата ја игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ, а во преставата игра популарниот Семир Ѓичиќ, но за големо изненадување, во овој проект игра и македонскиот актер Сашо Ристовски.

Покрај Куманово и Охрид, во март се предвидени и закажани веќе неколку изведби и во нашата држава и во Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 час

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет3 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет1 ден

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Досие