Култура
Предлагачите на инцијативата „Културата е насловната страница на секое општество“ бараат целосна ревизија проектите од конкурсот

Итна средба со премиерот, министерот за култура, советникот за култура на премиерот, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка бараат од иницијативата „Култура е насловна страница на секое општество” .
„Бараме итна средба со премиерот Зоран Заев, министерот за култура Асаф Адеми, советничката за култура на премиерот Цветанка Ласкова и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, на која ќе ги образложиме нашите барања и ќе понудиме предлог-решенија за надминување на настаната ситуација. Нашето долгогодишно искуство и опстојување во сферата на културата и постигнатите успеси во земјава и надвор од неа јасно зборуваат за нашиот кредибилитет и капацитет за понатамошно дејствување. Ние ќе предложиме мерки преку кои овие прашања можат да се решат, како и примери на кој начин овие прашања се решени и како се третираат во други земји, со цел да создадеме ново, чисто и јасно поле за делување во културата. Нашата иницијатива е основана со цел да се избориме за воведување ситем кој ќе помогне во понатамошното делување во културата и правилен развој и негување на културните вредности во едно општество за сите, сакаме да помогнеме, да укажеме и во иднина да делуваме според утврдени правила, кои ќе обезбедат овие услови да се спроведат“, бараат передлагачите на оваа иницијатива.
Тие очекуваат одговорните луѓе на челните позиции во државава да ги слушнат нивните укажувања, да ги препознаат нивните заложби и да обезбедат средбата на која ќе се направи транспарентна ревизија на поддржаните проекти и повторно разгледување на одбиените проекти во сите дејности.
„Досега се направи повторно разгледување само на одбиените проекти. Бараме транспарентна ревизија на поддржаните проекти и повторно разгледување на одбиените проекти во сите дејности. Особено да се обрне внимание на оние организации чии проекти се одбиени или подржани со недоволен износ, кои доставиле комплетна документација и квалитетна програма, а притоа се организации со долгогодишна работа и активно делување во полето на културата и уметноста, признаени како во домашен, така во меѓународен контекст“, сметаат тие.
Во нивните барања стои и иницијатива за воспоставување нови и јасно мерливи критериуми за оценување и одлучување за да се избегнат сите малверзации и неправилности во доделувањето средства и начинот на делување на културните работници.
„Во иднина бараме воведување јасни, дефинирани и мерливи критериуми кои ќе помогнат во воспоставување систем на професионална распределба на средствата во конкурсите за програми од национален интерес. Не сакаме повеќе да добиваме средства по случаен избор, во случајни околности. Сакаме систем кој ќе овозможи работата на секој културен оператор и работник, искусен или млад, да може да се валоризира, систем што ќе овозможи секој поединец или група да може да даде максимален придонес во општеството, преку своето делување во културата. Оттаму бараме ‘одговорност’ како критериум, или јасни индикатори преку кои ќе оценува дали и на кој начин е реализирана поддржаната програма. На тој начин ќе се санкционира неправилното работење и ненаменско трошење на доделените средства и ќе се намали/оневозможи доделување на средства на оние субјекти кои нема да ја остварат поддржаната програма/проект. Зголемување на буџетот за поддршка на културни и уметнички програми“.
Меѓудругото, тие бараат исто така финализација на Законот за јавен интерес во културата, кој ќе ги содржи стратешките промени и негово изгласување со што ќе се овозможи правна и обврзувачка основа за негова имплементација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
Серија предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот на МКЦ

Скопското астрономско друштво преку предавачот Радан Митровиќ во Планетариумот на МКЦ ќе одржи две предавања за најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и за календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.
„Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас“, порачуваат од Скопското астрономско друштво во најавата за предавањата.
Двете предавања ќе се одржат на 17 и 18 декември со почеток во 20:30 односно 20 часот. Билетите се во ограничен број, а може да се набават во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.
Култура
Светски етаблирани уметници во Музејот на современа уметност

На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк…
Ќе бидат претставени дела од Хито Штејерл (Германија), Тања Бругуера (Куба), Артур Жмијевски (Полска), Џулиета Аранда (Мексико), Адриан Паци (Албаниjа), Даниел Гарсиа Андухар (Шпанија), Сања Ивековиќ (Хрватска), колективот Что Делат (Русија), Антон Видокле (Русија и САД), како и македонските уметници Христина Иваноска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ.
„Ние сме Mузеј на современа уметност и сакаме да ja прикажеме актуелната уметничка сцена преку автори, кои денес можат да се видат во сите водечки уметнички центри низ светот. Поставката има идеолошка позадина и се занимава со теми кои пропагираат актуелни прашања кои се спротиставуваат на десничарските глобални наративи во светот денес. Ретко имаме можност да донесеме автори кои изложуваат во Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк… и кои се предводници на светската сцена по прашања кои отвараат ангажирани тематики. Со колешката Јованка Попова на уметниците им пристапивме непосредно и на наше големо задоволство добивме позитивни реакции. Освен што прифатија да учествуваат на изложбата, дел од нив ќе бидат и наши драги гости во Скопје, а уметницата Тања Бругуера ни подари и нејзино дело за колекцијата на музејот“, вели директорката на МСУ и кокуратор на поставката Мира Гаќина.
Во Скопје на отворањето на изложбата ќе присуствуваат уметниците Антон Видокле, кој ќе одржи и свое предавање на релевантна тема, уметниците Дмитри Виленски и Николај Олеиников од уметничкиот колектив „Что делат“, кои нивниот престој во Скопје ќе го искористат за продукција на ново уметничко дело, претставено во рамки на изложбата. Уметниците Џулиета Аранда, Артур Жмијевски, Даниел Гарсиа Андухар заедно со останатите присутни уметници ќе зборуваат за своите дела во рамки на организирана прошетка низ изложбата пред поширока публика.
Изложбата „Сè што ни е заедничко“ се однесува на состојбите на несигурност во капиталистичкиот локален и глобален контекст и има намера преку анализа на конкретни уметнички дела и практики да го истражи прекаријатскиот општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.
Култура
„Таксират“ во топ 10 најдобри европски фестивали

По вторпат во последните 10 години фестивалот „Таксират“ е избран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа кои се одржуваат во затворен простор.
Преку 350.000 фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а годинава „Таксират“ е повторно меѓу првите десет во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival). Овој избор е организиран од страна на Европските награди за фестивали (European Festival Awards).
Заедно со „Таксират“ во најдобри 10 се и фестивалите: Blues in Hell (Норвешка), FOCUS Wales (Велс), Hamburg Metal Dayz (Германија), Let it Roll Winter (Чешка), MENT Ljubljana (Словенија), Mithra Jazz à Liège (Белгија), Prognosis Festival (Холандија), Reeperbahn Festival (Германија) и Sudwave – Festival & Convention (Италија). Наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија во Гронинген, Холандија, на 15 јануари, која се одржува во рамки на конференцијата Eurosonic Noorderslag.
Годинава „Таксират“ се одржа од 28 ноември до 8 декември и за време на осумте фестивалски дена настапија над 70 музички групи од 20 земји од светот и имаше повеќе од 15.000 посетители.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене