Контакт

концерти

Премиера на „Квази бурлеска“ од Пандевска, со Дуња Иванова на пијано и групата „Светлост“

Објавено пред

Пијанистката Дуња Иванова, заедно со музичката формација „Светлост“, задутре во паркот „Ибни Пајко“ со почеток во 21:30 часот премиерно ќе го изведат делото „Квази бурлеска“ за пијано и инструментален состав, од македонската композиторка Ана Пандевска.

Овој концерт е во продукција на „Слобода филм“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на РСМ и општина Центар, а како дел од годинешното 40. издание на „Скопско лето“.

Ана Пандевска е автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски дела кои опфаќаат различни музички правци и жанрови, како минимализам, фолклор, џез, електроакустична и амбиентална музика. Како редовен член на СОКОМ добитник е на повеќе награди за класична композиција.

Дуња Ивановска е магистер по пијано и доктор на филозофски науки. Концертира во Њујорк, Париз, Сараево, Тирана, Рагуза, Приштина, на Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонската музика, Музика вива, Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Winter Apricots. Посветува рецитали на музиката на Прајснер, Глас, Еинауди, Перт, Сакамото, Најман, Рајли, Рајх, Сапин, Федел, Бан, Тирсен.

„Светлост“ е музички колектив основан во 2014 година и флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

28. пат ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Објавено пред

ЈУ Детскиот културен центар – „Карпош “, од 19 до 22 септември 2019 година, дваесет и осми пат ќе го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателството меѓу децата. Во досегашното одржување на фестивалот Град Скопје и РС Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца фолклорци.

На фестивалот се поканети гости од Р. Србија, од Јагодина, Р. Грција, Р. Словачка и Р. Турција, а покрај гостите од странство, ќе учествуваат и македонскиот ансамбли.

Пред централниот настан, сите гости, тргнувајќи од ДКЦ „Карпош“, го почнуваат фестивалското дефиле, кое завршува на плоштадот Македонија.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а ќе го отвори градоначалникот на град Скопје, г. Петре Шилегов. Фестивалот ќе почне со најпознатите македонски игри и ора, кои ќе ги изведат членовите на игроорната секција од ДКЦ „Карпош.

Децата игроорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ги претстават традицијата и културата на својата земја и 28. пат ќе формираат едно големо оро без граници.

Покрај официјалниот дел, на гостите ќе им бидат претставени атрактивни локации во градот Скопје: Зоолошката градина, Музејот на илузиите, Старата скопска чаршија и знаменитостите на Скопје.

Информацијата ја испраќаме заради навремено информирање на јавноста, а со тоа ќе се обезбеди афирмирање и посетеност на фестивалот.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на јапонско-хрватскиот уметник Томохиро Адачи во Охрид

Објавено пред

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.

Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“, на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги“, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн“, на Рома меѓународниот натпревар за пијано …

Адачи е основач на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател, притоа, организирајќи бројни концерти со врвни музичари од цела Јапонија и странство, секогаш со една цел, воведување на хрватските мелодии и хрватската култура во Јапонија.

Како врвен музичар, и самиот тој изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.

Од НУ „Охридско лето“ велат дека и годинава продолжува практиката, концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на целата година, со цел, да се збогати културната понуда во градот и државата, но и да се презентираат исклучително добри уметници од светот на класичната музика.

Прикажи повеќе...

концерти

Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонијата

Објавено пред

Со еден од најдобрите пијанисти денес, врвниот Александар Мелников од Русија, и славниот маестро Антони Вит од Полска зад диригентскиот пулт, на 26 септември во 20 часот почнува новата концертна сезона на Филхармонијата на Северна Македонија, чиј слоган годинава гласи „Моја бесмртна љубов“.

Концертот на отворањето е со наслов „Моќта на Заратустра“, а ќе бидат изведени двете грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Лудвиг ван Бетовен и „Така зборуваше Заратустра“ од Рихард Штраус.

Филхармонијата од 9 септември ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на концертната сезона 2019/2020.

Како и во изминатите години, и годинава Филхармонијата нуди промотивна сезонска блок-влезница, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 – јуни 2020, вклучувајќи и неколку ексклузивни концерти.

Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари. Доколку се резервира годишна блок-влезница до 15 септември, цената изнесува 9.000 денари.

Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември, ќе изнесува 10.000 денари.

Билетарницата на Филхармонијата работи секој ден од 10 до 20 часот, како и во сабота од 10 до 14 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет13 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија19 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија19 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија20 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион20 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ21 час

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија21 час

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ21 час

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет22 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет22 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет22 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија23 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија23 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт2 дена

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија2 дена

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија2 дена

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија2 дена

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија2 дена

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие