Контакт

Култура

Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг оф“

Објавено пред

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг оф“ ќе се одржи на 6 септември во 20.30 часот во киносалата „Синеплекс“. Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6 септември на редовниот репертоар во „Синеплекс“ и во киносалите во Македонија.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

„Мејкинг оф“ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и целата младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откриете дали во тој општ галиматијас има место за љубов“, вели режисерот Кузмановски.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Филм

Култниот „Џејмс Бонд“ добива нов режисер

Објавено пред

Човекот кој стои зад новата  серија на Нетфликс „Манијак“ е одбран да го режира најновиот „Џејмс Бонд“.

Кери Џоџи Фукунага доаѓа на местото на Дени Бојл, кој минатиот месец се откажа од режисерската задача поради „разлики во креативноста на тимот“.

Продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи не штедеа на пофални зборови кога говореа за Фукунага, додавајќи дека режисерот изобилува со идеи богати со разноликост и иновативност.

Неговиот последен проект „Манијак“ е мрачна комедија, а главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Џона Хил.

Фукунага исто така стои и зад третата сезона на „Вистински детектив“. Крими-драмата доби успешни критики, а Фукунага во 2014 се закинти со Еми.

Покрај овие серии, Фукунага се јавува како режисер на филмот „Ѕверки без нација“, со Идрис Елба во главната улога.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворањето на претстојното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го режира Јаниќијевиќ

Објавено пред

Подготвките за гала-отворањето на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Центарот за култура во Битола се при крај, најавуваат од фестивалот.  За гала-отварањето на 22 септември ќе се одржи и перформанс во режија на познатиот македонски режисер Срѓан Јаниќијевиќ.

Објаснуваќи го концептот, тој ги поставува прашањата:„Што е филм? Сон, огледало во кое се огледува нашата есенција или забава? Најорганизираниот бизнис што го создаваат лудаци?“

„Тука, во Битола, кога една империја била во пелени, а друга на смртна постела двајца браќа, купуваат машина што произведува магија. Машина што ја зграпчува стварноста. Шаховска игра со жива војска. Снимено лудило на дементен ѕвер. И еве не’ сега тука на фестивал посветен на тие луцидни браќа. И како што вели Кјубрик, филмот е – или треба да биде – повеќе како музика отколку како фикција, прогресија на атмосфери и чувства. Темата, што е позади емоцијата, смислата, сето тоа доаѓа подоцна“. Така и ние, низ едноставен, минималистички пристап сакаме да ве прошетаме низ сонот на филмот, низ чувствата што што сме ги поминале, и оние кои допрва ќе следат. Да ја растуриме и одново создадеме сложувалката на филмската магија. Да ѝ се насмееме и
расплачеме на онаа уметност што нè смее и расплакува“, го објаснува концептот на отворањето режисерот Јаниќијевиќ.

Во перформансот учестуваат Јелена Јованова и Ивана Коцева, музиката е на Надежда Рубен, аранжманот на Андреја Наунов, пијано: Дуња Иванова, стихови: Јовица Ивановски, светло,  Илија Тарчуговски, костимограф е Лидија Георгиева.

По свеченото отварање, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов Изи, а веднаш потоа, во чест на годинешниот лауреат на Златна камера 300, оскаровецот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан филмот „Истребувач 2049“.

Комуникациски партнер на 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е маркетинг-агенцијата „Меккен Скопје“, која стои зад креативниот концепт Hats off (Симнуваме капа) и визуелниот идентитет на fестивалот, чијашто инспирација потекнува токму од почитта кон сите филмски уметници.

Прикажи повеќе...

концерти

Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019!
На 27 септември (четврток) во 20 часот ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг.
Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…

Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803–1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

Поранешниот шеф на „Хипо банка“ преку видео врска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на „Хипо банка“, Гунтер Штрајдингер, преку видео врска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво...

Македонија4 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија6 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија6 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија7 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија8 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија8 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија8 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија8 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет10 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија19 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија21 час

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија22 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Досие