Контакт

Култура

Премиера на претставата „Неизговорени гласови”

Објавено пред

В петок во 20 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје премиерно ќе се изведе претставата „Неизговорени гласови” – копродукција помеѓу Србија, БиХ и Македонија. Влезот е бесплатен.

Премиерна изведба на претставата која како партнери во меѓународниот проект „Неизговорени гласови” заеднички ја подготвија Театарска младина на Македонија, ЦЕКОМ театарот од Зрењанин – Србија, ДИС – Театарот од Бања Лука и Мостарскиот театар на младите од Босна и Херцеговина. Во проектот беше реализирано истражување во рамките на кое беа изработени интервјуа со конкретни прашања што се однесуваат на предрасудите на младите луѓе поврзани со ставовите на припадниците на другите народи од опкружувањето во кое живеат. Од добиениот материјал е подготвена театарска претстава во која како учесници и уметнички соработници учествуваат претставници на сите четири театарски организации. Идејата е на овој начин преку соочување на различни вистини да се придонесе за подобро разбирање на младите од различни делови на Западен Балкан и да се воспостави слободна и отворена комуникација помеѓу младите луѓе од различни етнички групи, поттикнувајќи ја нивната креативност и развивајќи естетски критериуми. Презентирањето на различни болни, тешки и трауматични лични приказни со уметнички средства има за цел да придонесе во соочувањето со минатото на широк круг  граѓани во регионот за подобра меѓусебна комуникација, разбирање и соработка. Во претставата има и многу сатира, хумор и радост, исто така.

По изведбата на претставата ќе има и краток разговор за нејзината содржина и темите што ги третира. Проектот „Неизговорени гласови“ е финансиран од страна на RYCO – Регионалната канцеларија за соработка помеѓу младите. RYCO е независен функционален механизам што е основан од учесниците на Западен Балкан 6 (WB 6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Македонија и Србија, со цел промовирање на духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот преку програми за младинска размена.

Забава

„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Објавено пред

Од

Од денеска па до недела во општина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер-артисти се дел од програмата.

Покрај активностите на главната бина, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. В недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.

Локацијата е во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата  секој ден почнува  во 17:30 и ќе трае до доцните вечерни часови.

Настапуваат: „Летечки пекинезери“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, „Токсиколози“, Бени и „Нон стоп“, „Куку леле“, Тони Зен, „Ласт експедишн“, Мугер Фугер, мјузиклот „Коштана“, „ПМГ Колектив“, Милко и многу други.

Прикажи повеќе...

Култура

Успешна презентација на продукциските можности и македонската кинематографија на фестивалот во Олденбург

Објавено пред

Од

Во рамките на Matchbox co-production lounge, што се одржа на 15.09 во рамките на јубилејниот 25. Филмски фестивал во Олденбург, Германија, била успешно презентирана македонската кинематографија и нашите продукциските можности.

На фестивалот што го носи епитетот европски Санденс, Агенцијата ги споделила можностите и поволностите за привлекување  странски филмски продукции, атрактивни локации за снимање, како и можноста за поврат на вложените средствата согласно со Законот за филмска дејност.

Пред германската публика и гостите на фестивалот во Олденбург светска премиера во официјалната конкуренција имаше македонскиот филм „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдили.

Фестивалот бил во фокусот на познатиот американски актер Кеит Карадин („Нешвил“ на режисерот Роберт Алтаман, „Двобој“ на режисерот Ридли Скот, ТВ-серијата „Фарго“ ) за кого била откриена и ѕвездата на патеката на славните во Олденбург.

Прикажи повеќе...

Култура

Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти од областа на културата

Објавено пред

Од

Град Скопје го објави јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на градoт за 2019 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

1 Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското дејствување, а се во следните области:
-Изведбени уметности
-Музички уметности
-Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
-Издавачка и библиотечна дејност
-Музејска дејност и промоција на културното наследство

2 Меѓународна соработка
3 Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Поднесените пријави треба да ги задоволуваат „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје“ што се дадени во прилог на јавниот повик објавен на официјалниот веб–портал на Град Скопје.
Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности – Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или од официјалниот веб-портал на Град Скопје.

Јавниот повик е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 15.10.2018 година, односно 30 календарски денови од денот на објавувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

За Гошева одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

За Елена Гошева одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа...

Македонија57 минути

(Видео) Уставниот суд ја почна седницата за референдумот

Почна седницата на Уставниот суд на која точка на дневен ред е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на...

Вести1 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија2 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија2 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура22 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ24 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Досие