Контакт

Култура

Премиера на „Зад затворени врати“ на Турскиот театар

Објавено пред

НУ Турски театар, в четврток, 3 октомври, со почеток во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Зад затворени врати“ од Жан Пол Сартр во режија на Џабир Доко.

Улогите ги толкуваат: Несрин Таир, Ебру Мусли, Ерман Шабан и Дин Ибрахим.

„Жан Пол Сартр не само што е еден од најголемите умови на минатиот век, кој оставил сериозен белег со својата филозофска мисла, туку тој е и ингениозен драмски автор, кој во своите дела ги рефлектира сопствените ставови и сфаќања за животот и човекот.
Зад затворени врати (No Exit) претставува една драма, која во суштина е сублимат на Сартровиот егзистенцијалистички поглед кон човекот, животот, смртта, религијата, слободата…

Дали најголемата човечка трагедија е минливоста на човечкото битие или, пак, вечната судбина на осаменост? Дали религијата и концептот на креатор – Бог претставува олеснување и излез од оваа судбина? Дали човекот, кој е единственото свесно суштество за своето постоење и минливостa, може да се бори со своите демони или, пак, очајот, стравот, мачнината, празнината, осаменоста, ништоста, злото, секогаш преовладуваат?!

Отуѓениот современ човек честопати спасот го бара во тривијалните појави, технологијата, науката, постојано креира нови култови, богови/божици, филозoфии, религии… Ваквиот човек константно го проширува својот свет, а со тоа ја намалува важноста на сопственото постоење.

Дали во современиот свет човековата волја може да биде слободна и дали поединецот има простор за сопствени одлуки или сето тоа е само една бледа копија на строго зацртаните општествени правила?! Денешните општества се трудат да промовираат максимална слобода на поединецот, а со тоа и максимална одговорност! Одлуките и постапките даваат можност на господарување со сопствената судбина, а со тоа се создава еден нов концепт на Бог!

Познатата максима на Сартр – „Пеколот, тоа се другите“, отвора една сосема нова перцепција за феноменот наречен пекол. Пеколот што го носиме со себе, пеколот кој е присутен секаде и во секое време, пеколот што се создава со самото раѓање на поединецот.

Гарсeн, Инес и Естел се ликови што се кријат меѓу сите нас, меѓу нашето опкружување, семејство, пријатели… Сите ние сме цел на погледите на садистичко-воајеристичка маса луѓе, кои уште повеќе ја зголемуваат „жештината на нашиот пекол“, ќе каже Џабир Доко за претставата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот” во Струмица

Објавено пред

Мегапопуларната актерка, која јавноста во регионот ја познава по многуте серии, како „Жикина династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии, в петок (15 ноември), гостува во Струмица со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“.

Хит-комедијата, која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји во светот.

Во неделата и во понеделникот во Театар „Комедија“ пред преполна сала, а в петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Паиќ и Семир Гичиќ ќе го чека министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 денари.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ на „Синедејс“

Објавено пред

По фестивалите во Бусан, Варшава и Котбус, филмот „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, утре ќе ја доживее македонската премиера во рамките на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“.

„Глас“ е копродукција меѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и од Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно“.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографијата е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејно реиздание на Homebound на Кирил Џајковски

Објавено пред

Јубилејното реиздание на ремек-делото Homebound на Кирил Џајковски излегува на 13 ноември, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум со своето појавување во 1999 година дефинира нов музички правец, во кој традиционалната музика и
современата електроника живеат во совршена хармонија. Оригинално објавен под
тогашното уметничко име на авторот, Кирил, Homebound беше еднакво фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од downtempo, world music, breakbeat и drum’n’bass. Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радиостаници и со тоа значително им го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Дваесет години подоцна оваа исклучителна колекција од современа музика останува да биде скапоцено сведоштво за едно време кога музиката беше забавна и авантуристичка, но истовремено и длабока и полна со значење. Речиси е неверојатно што покрај тоа што беше футуристички и авангарден во времето кога се појави Homebound, остари прилично достоинствено, па звучи извонредно свежо и релевантно цели две децении по првото објавување.

Реизданието на Homebound содржи ремастерирани верзии од сите десет песни од оригиналното издание. Излегува потпишано со новиот уметнички бренд на авторот Џајковски, а од 13 ноември ќе биде достапно на сите дигитални сервиси за музика во светот. Издавач на реизданието е Filter Label.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион52 минути

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија5 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија9 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија9 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија10 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија11 час

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа11 час

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија12 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија12 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија12 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет12 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет13 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија13 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт13 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија23 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион24 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион1 ден

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Досие