Контакт

концерти

Премиерна изведба на дела за четири пијана

Објавено пред

В четврток (22 септември), со почеток во 20 часот, во големата сала на Филхармонијата, ќе се одржи концертот со наслов „Трансцеденција за 4 пијана“, во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска.

dobivaj vesti na viber

Проектот „Трансценденција за 4 пијана“ претставува фузија на модерниот и класичниот звук. Преплетувањето на минимализмот со повторувачкиот манир, кој создава амбиент на електроника и повторното враќање кон корените на музичката историја, барокот, за публиката ќе овозможи уникатно музичко патување. Првпат на македонската музичка сцена слушателите ќе имаат можност да чујат изведба на дела наменети за 4 пијана, целовечерна естетика низ призмата на современите музички автори Рајх, Калдини, Шоненбик и основоположникот на музичката мисла, Јохан Себастијан Бах.

Стивен Мајкл Рајх е американски композитор познат по својот придонес во развојот на минималистичката музика од средината до крајот на 60-тите. Работата на Рајх е одбележана со употребата на повторливи фигури, бавен хармоничен ритам и канони.

Фулвио Калдини е италијански композитор, пијанист и музиколог. Од 80-тите години на минатиот век тој создаде голем број дела, кои, генерално, се составени според минималистички принципи покажувајќи особено влијание од музиката на Стив Рајх.

Кис Шоненбик е холандски композитор, кој во своите композиции користи звучни идиоми прифатливи за пошироката публика. Неговиот опус е широк и вклучува камерна музика, дела за хор, оркестар и дувачки инструменти. Неговиот звук е несомнено под влијание на англиските компзитори Бенџамин Бритн и Ралф В. Вилијамс.

Јохан Себастијан Бах е истакнат германски музичар и композитор, кој важи за еден од најголемите композитори на сите времиња. Неговите дела се високо ценети поради нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина. Меќу нив се издвојуваат Бранденбуршките концерти, Свитите и Партитите за пијано, Мисата во h-moll, Житието на св. Матеј.

концерти

Со концерт на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на Филхармонија

Објавено пред

Со концертот насловен „Зорнина“ на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на Филхармонија насловена „Дамар на слободата“.

dobivaj vesti na viber

„Секоја концертна сезона има ново име, оваа музичка сезона ја насловивме „Дамар на слободата“, а инспирација ни беше последниот концерт во претходната сезона кој беше насловен „Слобода“. Насловот произлезе од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Во новата сезона ќе нè води дамарот, односно „пулсот“ на слободата. Насловите на концертите се инспирирани од архаични зборови во македонскиот јазик, со што сакаме да дадеме акцент на некои заборавени зборови од богатата ризница на нашиот јазик“, вели Тина Иванова, директорка на Филхармонијата.

На концертот на отворањето на сезоната како солисти ќе настапат врвните пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд. На програмата се дела од генијалниот Волгфанг Амадеус Моцарт – три клавирски концерти и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“.

„За првпат во една концертна вечер ќе бидат изведени три концерти за пијано од Моцарт, што претставува своевиден куриозитет на овој концерт“, вели Иванова.

Со концертот насловен „Далга“ кој ќе биде изведен и во Скопје на 12 октомври, оркестарот на Филхармонија ќе гостува и во Белград на 16 октомври. Диригент на овој концерт е маестро Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи Рафаел Агире на гитара од Шпанија. На програмата се дела од Петровски, Родриго и Чајковски.

„Гостувањето во Белград е од исклучително значење за нашата институција, историски настан за нас“, вели Иванова.

До крајот на сезоната публиката ќе има можност да проследи низа интересни концерти со возбудливи солисти и диригенти и да чуе деликатно избрана програма. До крајот на годината со оркестарот на Филхармонија ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев, Виктор Митревски, а како солисти ќе настапат и голем број македонски солисти – виолинистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски.

Насловите на концертите во сезоната „Дамар на слободата“ се извлечени од богатата ризница на архаизми во македонскиот јазик – „Вида“, „Азно“, „Меѓа“, „Далга“…

Во рамки на програмата до крајот на оваа година е и концертот за деца „Магичен глас“ како и концертот „Омаж за маестро Александар Џамбазов“ кој ќе се реализира во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Филхармонија за првпат по подолго време ќе соработува и со НОБ, со чии ансамбли заедно ќе го изведат Вердиевиот „Реквием“ на „Мајските оперски вечери“ како и музиката на Збињев Прајснер од филмот „Три бои сино“ на режисерот Кшиштоф Кишловски.

Промоција на албумот „Филхармонија во срцето“

На отворањето на новата концертна сезона „Дамар на слободата“ ќе биде промовирано и новото це-де „Филхармонија во срцето“ кое го издаде „Con:tempo“ во соработка со Филхармонија на РСМ.

-Исклучително сум среќна што токму овој концерт се најде на цедето, бидејќи станува збор за изведба во живо – вели Дијана Имери Илкоска, диригентката која во водеше концертот „Филхармонија во срцето“.

Албумот е снимка од истоимениот концерт на Камерниот оркестар на Филхармонија кој го водеше диригентката Дијана Имери Илкоска, а како солисти настапија Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). На албумот може да се слушне изведбата на дела од Антон Аренски, Антонин Дворжак и од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Проекција на филмот „Амадеус“ во Кинотека

Во соработка со Кинотеката на РС Македонија, в среда, на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе се прикаже антологиското кинематографско дело на режисерот Милош Форман – филмот „Амадеус“ биопик, посветен на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. Проекцијата на филмот ќе биде своевидна увертира, пред концертот на 6 октомври на кој оркестарот на Филхармонија и пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења ќе изведат четири дела од богатиот музички опус на Волфганг Амадеус Моцарт.

-Успеавме да ги обезбедиме правата за прикажување на филмот, откако го исконтактиравме синот на продуцентот на филмот „Амадеус“. Парите со кои требаше да ги платиме парите за прикажување, на барање на продуцентската куќа ќе ги донираме во хуманитарни цели – вели Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на РС Македонија.

Филмот „Амадеус“ е снимен во 1984 година, а сценарист е Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која акцентот е ставен на наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија, во втората половина на XVIII век.

„Амадеус“ беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „оскари“ (вклучувајќи и „оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една од Режисерското здружение на Америка.

Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53. место на листата „100 години… 100 филмови“.

Освен проекцијата на „Амадеус“, Кинотеката во соработка со Филхармонија ќе прикаже уште четири филмови „Малер“ на Кен Расел, „Проба на оркестарот“ на Фредерико Фелини и немиот филм „Сатанска рапсодија“ од 1917 година за кој музиката ја напиша Пјетро Маскањи.

Прикажи повеќе...

концерти

Мистериозниот електро поп-бенд Nipplepeople со сценски настап во Скопје

Објавено пред

На 8 октомври, сабота, со почеток во 21 часот ќе се одржи 12. издание на ПМГ Рекордингс фестивал со наслов „Градот ме тера да пеам“. Со квалитетна музичка понуда и на два музички подиуми, фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

dobivaj vesti na viber

На првиот и главен подиум гости и ѕвезди на фестивалот се Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска, еден од најпопуларните електро поп-бендови во регионот. Мистериозното дуо, кое на сцената настапува маскирано во ретро – футуристички костуми, веќе десетина години егзистира на сцената. Вистински куриозитет е што досега имаат дадено само неколку интервјуа за медиуми, а во едното од нив одговориле само со музички броеви. Преферираат публиката првенствено да ја прими нивната музика и сценски перформанс, наместо да говорат за својата музика, која одлично кокетира и со трип-хопот. Музичките критичари ги дефинираат како „перверзно среќен трип-хоп“, а нивниот сценски настап го споредуваат со оној на светски познатите бендови како The Knife и Goldfrapp. Нивната песна „Фрка“ е апсолутен хит во последниве години. Уникатниот сценски настап е нивно главно обележје, а скопската публика веќе има изградено одлична комуникација со бендот.

„Луфтханса“ е еден од македонските водечки бендови на новата генерација, кој носи свежина, автентичност и неисцрпни количества младешка енергија. Периодов го издаваат нивниот нов албум „Давор“ за ПМГ Рекордингс, а на фестивалот ќе се претстават со целовечерен концерт и тоа за првпат во нивната куса, но возбудлива кариера.

„Хајка“ е бендот на годината. Настапија на сите поважни настани низ земјата и патем ги освоија срцата на публиката. За нив се пишува, се зборува, а на ПМГ Рекордингс фестивалот во МКЦ, освен фуриозна свирка, очекуваме и промоција на нивниот нов видеоспот.

Програмата на главната сцена ќе ја надополнат и младите битолчани Cut Your Nipple и феноменалниот скопски електро етно-џез состав „Кантон6“.

Вториот подиум за танц, под името PMG Tanz Digital stage, ќе биде отворен во холот пред киното „Фросина“ и ќе биде целосно посветен на електронската музика. Настап во живо ќе забележи талентираниот кавадарчанец Зоран Веселинов, а со диџеј сетови ќе се претстават некои од најквалитетните имиња кои гравитираат околу ПМГ лејблот: Галатеа, Андреја Салпе и Виолета Качакова.

ПМГ Рекордингс фестивал е годишна смотра на истоимената дискографска куќа, која со повеќе од 200 изданија на современа македонска музика е водечка сила на домашната сцена во последниве децении.

„Градот ме тера да пеам“ е и наслов на компилација, која, како јубилејно 200. издание, наскоро ќе се појави на бенд кемп страната на „ПМГ Рекордингс“ и е достапна за слободен даунлоуд.

Влезниците се пуштени во претпродажба на билетарницата на МКЦ Скопје и онлајн. Цена на билетот во претпродажба е 400 денари.

Прикажи повеќе...

концерти

„Звукот на Скопје“ ги разигра скопјани и на дождот

Објавено пред

Вториот ден од фестивалот „Звукот на Скопје“ донесе уште музика со „Баклава“ „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, Бла, Бла, Бла, Дориан и Добрила Дуо, „Перија“, „Брука бенд“, „Foolish green“, изложба на плакати од Игор Калц и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Поради дождот дел од настапите, оние предвидени да се одржат на Ибни Пајко, се префрија во просториите на Културно информативниот центар –Скопје, а публиката таму ги исполни салите до последното место и уживаше со секој звук од проектот „Со љубов за Скопје“ на групата „Баклава“, традиционалната музика од Балканот на „Перија“, музичката авантура на Дориан и Добрила Дуо, како и во препознатливите визуелни елементи на колажите на Игор Калц и авантурите на малото куферче од претставата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ во која уживаше најмладата публика.

На плоштадот Мајка Тереза, пак, дождот не ги спречи скопјани да дојдат во голем број и да ги следат настапите на бројните македонски бендови кои учествуваа на годинешното издание на „Звукот на Скопје“.

Танцуваа и пееја со нив, ја славеа уметноста, се забавуваа. Манифестацијата уште еднаш организираше прекрасно музичко патување, а гостите и учесниците испратија модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет13 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион15 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија16 часа

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија16 часа

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија19 часа

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион20 часа

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа21 час

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија21 час

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија21 час

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија22 часа

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија1 ден

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа1 ден

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа1 ден

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ2 дена

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет2 дена

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија2 дена

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија2 дена

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија2 дена

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...