концерти
Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

„Ангелите и градот“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 7 февруари (четврток) во 20 часот. Првпат на македонската музичка сцена оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе раскошната Симфонија бр. 4 „Лос Анџелес“ од еден од најдобрите современи композитори, Арво Перт.
Диригент на концертот е етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот ќе бидат изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, како и Концерт за мала флејта во Це-дур од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во Ге-мол од Јохан Себастијан Бах, каде што како солист ќе се претстави извонредната уметница на барокна флејта, Луси Хорш од Холандија.
„Симфонија бр. 4 на Арво Перт, со наслов ‘Лос Анџелес’, се смета за едно од најволшебните дела со кое може еден град да се гордее. Таа е духовен портрет на Градот на ангелите, која поседува раскошна убавина. Естонскиот композитор Арво Перт (1935) е еден од најизведуваните живи современи автори кој создаде магија од сплет на класичната и духовната музика, кој ги разби постојните контури на компонирање видени низ разновидните експерименти на другите композитори од 20 век, кој направи и разви своја техника наречена тинтинабули, кој е силно инспириран од грегоријанските црковни песни и кој на минималистичкиот музички израз му даде нова димензија“, се вели во најавата за концертот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија, која е сè во поголем број, тој за првпат ќе ја донесе својата спектакуларна кросовер-програма во Скопје во септември 2019 година!
„Неограничено” не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава Дејвид Гарет знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за кросовер, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се Purple Rain или Smells Like Teen Spirit, неговите верзии на песни како Nothing Else Matters и November Rain , новиот спин на светски познатите поп хитови како Viva la vida или Hey Jude, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или Clair de Lune ја креваат целата публика на нозе.
Продажбата на билети за турнејата UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE во Скопје ќе се почне задутре преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.
„Со нетрпение ја очекувам турнејата NLIMITED-GREATEST HITS-LIVE 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување”, вели Гарет.
„Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославувиме музиката, како и изминатите десет години”.
За повеќе од една деценија од неговата меѓународна кросовер-кариера, Гарет секој нареден пат се надминуваше себеси. Со неговата турнејата EXPLOSIVE LIVE продаде повеќе од 400 000 билети во 20 земји. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет е „ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“.
Заслужен за равој на модерниот кросовер-тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, Дејвид Гарет е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок-хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, Дејвид Гарет досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји, како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.
концерти
(Видео) Пионерот на хип-хопот Grandmaster Flash за првпат во Скопје

На 26 февруари, во ноќниот клуб „Станица 26“, со почеток во 21 часот за првпат пред македонската публика со двочасовен сет ќе настапи хип-хоп пионерот Grandmaster Flash. Двочасовниот диџеј-настап во Скопје е дел од неговата голема турнеја Hip-Hop: People, Places and Things. Она што ќе го видиме во Скопје е своевиден музички времеплов и час по едукација за сè она што значи хип-хоп од 70-тите години па до денес. Настапот е во организација на „3 Гонга“ во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.
„За нас Grandmaster Flash претставува клучна фигура во полето на хип-хоп музиката. Тој е еден од најзаслужните за револуцијата и популаризацијата на овој музички правец. Како диџеј, ‘алатките’ што тој ги креираше се од исклучителна важност за сите генерации по него кои се занимаваат со оваа работа“, велат Shorty P & Irie Scratch.
Grandmaster Flash од неодамна е добитник на Polar Music Prize наградата за 2019 година. Оваа музичка награда се смета за еквивалент на Нобеловата награда, и се доделува во Шведска. Во претходните години оваа награда ја имаат добиено Боб Дилан, Пол Макартни, Џони Мичел, Стинг, Пети Смит, Чак Бери, Кронос Квартет, Бјорк, Енио Мориконе, Пинк Флојд… На доделувањето беше најавен како еден од главните „виновници“ за креирањето на хип-хоп звукот.
концерти
15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и од Хрватска својата заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ.
OneBeat Balkans е програма за културна размена и за соработка на 15 музичари од регионот, односно од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и од Србија, како и од САД. Музичарите соработуваат создавајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарни активности, организираат јавни работилници, а преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример, да охрабрат подобар економски развој во овој регион. Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја во Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска).
Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период учесниците ги споделуваат своите размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музиката ќе патуваат во сите земји од регионот – Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска.
OneBeat доаѓа во Скопје на 17 февруари 2019 во Младинскиот културен центар со почеток од 20 часот. Во киното „Фросина“ заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.
OneBeat е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на Bang on a Can’s Found Sound Nation и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и во Србија.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал