Контакт

Изложби

Преспанските уметници ќе бидат претставени во Кавадарци

Објавено пред

Делата на преспанските уметници кои твореа инспирирани од убавините на Преспа првпат ќе бидат претставени во друг град. Од денеска до 13 декември, во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, ќе биде поставена изложбата „Преспански ликовни мотиви“, со 30-ина слики од роднокрајните преспански автори, кои создаваа на 12 и 13 септември во Претор.

„Нови видувања произлезени од четките на уметниците, кои пред себе како инспирација ја имаа распосланата преспанска убавина, се најдоа на нивните платна. Ентузијазмот и љубовта кон ликовната уметност беа ѕвездите водилки на учесниците на годинешната ликовна колонија, која веќе седма година ја организира Домот на културата „Драги Тозија“. Уметниците што работеа под отворено небо два дена во Претор твореа во разни техники и остварија една нова димензија на заедништво со другите творци. Затоа, за нас, е огромен успех што првпат дела на наши роднокрајни уметници ќе бидат претставени во друг град“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, Васко Василевски.

По изложбата, која во Ресен беше отворена на 26 септември во рамките на одбележувањето на деновите на преспанскиот јаболкобер, ова ќе биде второ претставување на ликовните уметници од Преспа, овој пат во Кавадарци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Форми во црно” – изложба на Мице Јанкуловски во Куманово

Објавено пред

Утре, во 20 часот, во Уметничката галерија во Куманово, ќе се отвори изложбата на Мице Јанкуловски.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во земјата. На изложбата ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно, од Форма 3. – најновата фаза од 50-годишното творештво на Јанкуловски. Форма 3 се карактеризира со: монохромност (зашто сите слики се насликани само со една боја – црната), модуларност (сликите се со разни димензии, но сите меѓусебно се во некој однос), мултипликација (создава посебни дела со мултипликација на повеќе дела) и минимализам – создавање на своите дела со минимум елементи.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку. Тој е препознаен од професионалната јавност во светот како најизразит претставник на апстрактната уметност во Македонија.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на Остен-павилјонот Венеција, Италија; галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; Архиви дела Мизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…
Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Сент Петербург, Русија, и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на културата „Илинден“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12 часот, во Домот на културата „Илинден“ во општина Илинден, ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со 40-ина дела.

Прикажи повеќе...

Изложби

Познатиот уметник Драган Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба

Објавено пред

„Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ е насловот на мултимедијалниот проект на познатиот уметник Драган Спасески Охридски, којшто заедно со пресекот од неговите најзначајни ликовни и поетски дела ќе биде промовиран во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, утревечер, со почеток во 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.

Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.

„Оваа година славам 30 години творештво. Насловот на овој мултимедијален проект е ‘Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил’. Проектот се состои од два дела, едниот дел е промоција на книга со истиот наслов ‘Спокоен сум ко врвот…Не прашувам зошто сум се извишил’ и пресек од досегашното творештво ќе биде презентиран во катедралната црква ‘Света Софија’. Промотор ќе биде проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе чита актерот Димитрие Доксевски. Другиот дел ќе се одвива на терасата ‘Аквариус’ каде што исто така ќе биде презентирано дел од моето творештво, ‘Охридските ангели’, компјутерска графика. Гости ќе бидат ‘Кукузел’, млади уметници кои се занимаваат со музика“, најави уметникот Драган Спасески Охридски.

По повод тридецениот творечки јубилеј на Драган Спасески Охридски, градоначалникот на Охрид, кој е колега, но пред сè пријател на Спасески, вели дека големо богатство е Охрид да има ваков сестран интелект каков што е токму Спасески Охридски.

„Со Драган Спасески Охридски сме пријатели и колеги повеќе од две децении. Сакам да му честитам за 30-годишниот јубилеј на едно извонредно творештво на повеќе полиња и да му се заблагодарам за сите совети и патишта на кои ме насочил во животот. Како градоначалник на Охрид, би истакнал дека вистинско богатство е да имаме еден ваков сестран интелект во градот,а потоа и доктор, и уметник, и пред сè човек. Сум ги посетил повеќето негови изложби, а со нетпрпение очекувам да ја погледнам и последната изложба“, вели Георгиески.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија е доктор специјалист ортопедски хирург.
Досега ги реализирал следните мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сè трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), речиси сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.
Спасески Охридски е голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија....

Македонија3 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ4 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет4 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет4 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа6 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион6 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт6 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија7 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт7 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет19 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија21 час

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија22 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет22 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа22 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Досие