Контакт

Култура

Претставата „Вардарски пастуви“ гостува во Кочани и Струмица

Објавено пред

НУ Театар „Комедија“ почнува турнеја во нашата држава со претставата „Вардарски пастуви“. Почетокот на турнејата е закажан за 27 мај, понеделник, во Кочани, каде што претставата ќе биде дел од свеченото отворање на ДАФ (Фестивал на аматерскиот театар), а веќе следниот ден, 28 мај, екипата на „Вардарски пастуви“ ќе игра во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

„Одамна размислуваме да направиме една мини турнеја низ нашава земја со хит-претставата на Театар ‘Комедија’ – ‘Вардарски пастуви’. По неколку разговори и анализи, одлучивме дека е созреано времето за да почнеме со реализација на оваа турнеја. Како што е познато, секоја изведба на оваа претстава е целосно распродадена во нашиот театар и ги руши сите рекорди на гледаност, па така, најчесто билетите се распродаваат за 40 минути. Многумина од посетителите ни реагираат бидејќи не може да дојдат на ред за билет. Морам да истакнам дека имаме многу побарувања за оваа претстава и надвор од Скопје. Ние како управа решивме да почнеме со турнеја низ државата, почнуваме со Кочани и Струмица, но во план ни се уште неколку градови“, ни изјави директорот на НУ Театар „Комедија“, Сашо Ристовски.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска и Ердоан Максут, а режисер е хит-мејкерот Синиша Евтимов.

Култура

Почина филмски режисер Кирил Ценевски

Објавено пред

Друштвото на филмските работници на Македонија испраќа последен поздрав за еден од најголемите филмски автори од Македонија – Кирил Ценевски, кој почина денеска на 76 годишна возраст.Погребот ќе се одржи утре (18.06.2019), на Градските гробишта Бутел од 11 часот.
Друштвото на филмските работници во наредниот период ќе организира настан за одбележување на ликот и делото на Кирил Ценевски.

Ценевски по многу параметри претставува уникатна појава во македонската кинематографија. Уште со првиот филм, ЦРНО СЕМЕ, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

Роден е во Крива Паланка, 28.1.1943. Филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занима уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот ЦЕНАТА НА ГРАДОТ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот ЦРНО СЕМЕ, за којшто добива повеќе награди: Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври и др.

Награди: 1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за режија / „Црно семе“ 1971 ФЈИФ Пула, Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва, Награда „Жар птица“ за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1972 МФФ Авелино, Награда Laceno D’Oro за режија / „Црно семе“ 1972 Југословенски кандидат за ОСКАР 72 / „Црно семе“ 1972 Награда 11 ОКТОМВРИ за „Црно семе“ 1976 МФФ Карлови Вари, Специјална награда за филмот / „Јад“ 1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада“ 1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980 Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“…

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Истата година беше првиот добитник и на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда што ја воспостави Друштвото на филмските работници и ја доделува на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

Објавено пред

Револверот со кој холандскиот сликар Винсент ван Гог се застрела на 27 јули 1890 година во Франција в среда ќе се најде на аукција во Париз. Аукциската куќа „Оксион арт“ соопшти дека вредноста на револверот е проценета меѓу 40 и 60.000 евра.

Ван Гог по две години поминати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година се преселил во гратче северно од Париз по совет на неговиот брат. Лекарот Пол Гаше се грижел за здравјето на холандскиот уметник, кој имал чести психолошки кризи. Ван Гог изнајмил соба во гостилница и тогаш бил на врвот од своето уметничко творештво, односно сликал по една слика дневно.

Фото: ЕПА

На 27 јули 1890 година отишол на прошетка и таму се обидел да се самоубие со револверот што го зел од сопственикот на гостилницата. Но, оружјето му се лизнало од раката и Ван Гог се онесвестил. Се разбудил ноќта и ранет тргнал да се врати кон гостилницата. И покрај помошта на лекарот, Ван Гог починал по два дена агонија.

Револверот во 1960 година го нашол земјоделец и го предал на сегашните сопственици на гостилницата. Револверот првин бил закачен на ѕидот во гостилницата, а потоа бил изложен во музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.

Американските научници имаат теза дека Ван Гог не се самоубил, туку бил застрелан од млади луѓе што си играле со оружјето.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот за критичка култура „Крик“ почнува утре

Објавено пред

Првиот дел на четвртото издание на „Крик“, фестивал за критичка култура, ќе се одржи од 18 до 24 јуни, со тема „Човек без својства – политики на маргините“, кое ќе ги спои различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои ќе се обиде критички да ги истражи и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе може да се создадат новите текстови на културата и уметноста.

„Оваа година фестивалот ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното“, велат програмските уредници и организатори, Искра Гешоска и Артан Садику.

Фестивалот свечено ќе биде отворен в среда, 19 јуни, со почеток во 19.30 часот, во Чифте амам, со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот „Конкордија“ во Монтреал, Канада.

Претходно, вторник, 18 јуни, во кафе-киното „Котур“, во рамките на програмата „Критичко читање низ филмови“, чиј селектор е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат, во 19.30 часот ќе биде прикажан филмот „Јас бев дома, но“ (2019) во режија на Ангела Шанилек.

Меѓу гостите на првиот дел од фестивалот се и Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија и други.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток7 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија7 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија11 час

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија13 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија13 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија14 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски15 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион16 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие