Контакт

Култура

Претставата „Експеримент“ на 27 јануари во МКЦ

Објавено пред

На 27 јануари, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала „Фросина“) ќе се одржи изведба на претставата „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на здружението Артопија.

Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

„Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово ‘критичко огледало’ и еднаш годишно да ‘мигрираат’ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се ‘мигрираат’ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но, сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат“, се вели во најавата за претставата.

Во претставата играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Изложби

Осумнаесетто издание на „Зимски салон“

Објавено пред

Осумнаесеттото издание на „Зимски салон“ ќе се одржи на 3 февруари во Чифте Амам со почеток во 20 часот.

„Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја.

„Денешната физиономија на ‘Зимскиот салон’ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата Гранд при’ (престој во ателјето на Citè des Arts во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум, а тоа е конкретна тема на ‘Зимски салон’, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна“, велат од ДЛУМ.

На годинешниот „Зимски салон“ селектор е македонскиот историчар на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски, а зададената тема гласи „Првиот грев – првата доблест“.

На изложбата ќе учествуваат: Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Кирил Гегоски,Тања Балаќ, Марјана Костојчиноска Узунчева, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Борче Богоевски, Илина Арсова, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Виолета Чаповска и Слободан Живковски.

Од страна на кураторот на изложбата „Зимски салон“ како поканет гости ќе се претстави уметникот Алекандар Зафировски.

Прикажи повеќе...

Култура

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Објавено пред

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи на 9 февруари.

Режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со познати холивудски ѕвезди, меѓу кои и Леонардо ди Каприо.

„Да биде јасно. Јас не стоев до него. Тој стоеше до мене. Имам две номинации оваа година“, се пошегува Котевска за фотографиите на кои стои до Ди Каприо.

На официјалните профили на Академијата на социјалните мрежи е објавена и групна фотографија од сите номинарини за Оскар оваа година, меѓу кои и Ал Пачино, Бред Пит, Роберт де Ниро, Шарлиз Терон, Квентин Тарантино…

„Медена земја“ има две номинации за Оскар – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер. Кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума, кои ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм на 34 доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Првпат во историјата на „оскарите“ се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

Прикажи повеќе...

Култура

Уметникот Глигор Стефанов подари 21 дело на Музејот на современата уметност

Објавено пред

Еден од најзначајните македонски современици, уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност, одлучи делата од оваа поставка несебично да ги подари на музејот. По пат на подарок, уметникот ги пренесе неговите авторски права и овластувања на МСУ за сите дела од поставката „Грабење во просторот“.

„Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек дело на нашиот уметник Глигор Стефанов“, велат од музејот.

Стефанов, кој години наназад живее и работи во Канада, вели дека дарувањето е израз на благодарност и љубов.

„Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата ‘Млада генерација’, Соња Абаџиева ме покани да земам учество во изложбата ‘Интервенции во простор’, Зоран Петровски ме предложи за наградата ‘Млад борец’, а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба ‘Критичарите бираат’. Така почна веќе познатата долгогодишната соработка. Конкретно, подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување благодарност кон институцијата и секој еден со кој соработував и работев во минатото и во деновите на подготовки на истата, благодарност до сите што го вреднуваа и поддржуваа моето творештво. Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ се една целина која ја заокружи мојата уметничка активност, која интензивно се одвиваше во 80-тите и 90-тите години на минатиот век и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет“, вели Стефанов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија3 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија3 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија4 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ5 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура5 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет6 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет7 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет7 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет7 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија20 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ23 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија23 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија1 ден

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија1 ден

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија1 ден

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет1 ден

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Досие