Култура
Претставување на израелската поетеса Дорит Вајсман во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајман в среда, 23 октомври 2019 година, со почеток во 19 часот во познатото место за алтернативни културни настани Sub Club во Струмица.
Дорит Вајсман (Dorit Weisman) е поет и филмски режисер од Израел, родена 1950 година во Тел Авив. Има издадено десет поетски збирки, две книги со преводи на поезија од Чарлс Буковски на хебрејски јазик, два романа и уредила две антологии со социјално ангажирана поезија.
Добитничка е на престижната награда „Јехуда Амихај“ за поезија, наградата од Министерството за култура за израелски автори и други интернационални награди. Има режирано три документарни филмови кои се проектирани во кината во Израел, на националната телевизија и на неколку интернационални филмски фестивали.
Дорит Вајсман е основач и активен член на „Poetry Place“, место за поезија цо центарот на Ерусалим и член на глобалното движење „100 илјади поети за промена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Издавачката куќа „Арс ламина“ се приклучи кон акцијата за донација на книги за училишните библиотеки во општина Центар

Издавачката куќа „Арс ламина“ беше дел од акцијата на општина Центар за донација на книги на македонски и на англиски јазик за општинските основни училишта. Повод за оваа донација беше 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права, и целта беше збогатување на библиотеките, а со тоа и читањето и љубовта кон книгите кај основците.
– Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната здравствена криза и од вонредните околности што го наметнаа онлајн-учењето и секојдневното користење на дигиталните платформи за комуникација во училиштата, оваа иницијатива претставува позитивен пример за моќта на книгата, како важен аспект за правилен интелектуален и емоционален развој на личноста кај децата – истакна градоначалникот Саша Богдановиќ.
„Арс ламина“ донираше голем број книги за деца, меѓу кои и изданија од наши автори, „Игра со именки“, „Игра со глаголи“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Преминот не е осветлен“, „Шарам-барам“ и многу други. Секако, не беа изоставени и бестселерите од светот на детската книжевност, како „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Мери Попинс“, „Авантурите на Хаклбери Фин“ и огромен број други дела.
– Како општествено-одговорна компанија секогаш со задоволство се вклучуваме во ваков тип иницијативи. Со оглед на тоа што учениците минуваат исклучително тешка учебна година и сосема веројатно го губат допирот со книгите, дониравме голем број изданија што ќе ја разгорат нивната љубов кон литературата – истакна Александра Лукиќ-Камиловска, маркетинг-менаџер во „Арс ламина“.
Во акцијата се вклучија шест издавачки куќи, книжарници и компании од целата земја и вкупно беа донирани 1.000 книги за основните училишта во општина Центар.
(ПР-текст)
Култура
„Здраво млади“ по 11. пат во МКЦ

Фестивалот „Здраво млади“ по 11-ти пат ќе се одржи во МКЦ.
Оваа година публиката има шанса да ја ужива фестивалската магија во 2 дена при крајот на август. Првата најава стигнува денес директно од Стокхолм, Шведска, и го најавува првиот бенд, кој ќе настапи на 26 август во паркот на МКЦ. Viagra Boys е шведски пост-панк бенд, кој со секој нов албум станува сè подобар и подобар. Беше планиран за ланското издание, но поради компликациите произлезени од ситуацијата со коронавирусот неговото доаѓање се одложи за оваа година.
Овогодишниот Фестивал на нова музика ќе понуди разновидна програма со најактуелните имиња од новиот бран на музичката сфера. Првата најава за фестивалот стигна на 30 март, со објавување на резултатите од конкурсот за дизајн на ова издание.
Првонаграденото дизајнерско решение е исто така и официјалниот визуелен дизајн на фестивалот „Здраво млади 11“, кој е дело на Катја Штркова. Во рамки на придружната програма ќе се реализира и групна изложба со сите дизајни на уметниците што аплицираа на конкурсот. Фестивалот ќе се реализира согласно мерките за организирање настани на отворен простор.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од следната недела. Истите ќе бидат достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk
Култура
Речиси 60 основци од Македонија дел од младото жири за избор на најдобар европски филм за млада публика

Од утре па до недела 60-ина деца од неколку основни училишта од Македонија, на возраст од 12 до 14 години, седми пат ќе бидат во улога на жири-комисија за избор на најдобар европски филм за млада публика.
Поради актуелната ситуација, и оваа година целиот процес ќе се одвива онлајн на веб-платформата на EFA Young Audience Award, а основците филмовите ќе може да ги гледаат со превод на македонски јазик.
По проследувањето на филмовите, учесниците, како дел од европското жири, ќе го дадат својот глас за трите номинирани филма: Pinocchio, The crossing и Wolfwalkers и ќе го изберат својот фаворит.
Во рамките на денот за оценување/гласање основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито од 37 земји од Европа преку платформата International Chat Booth – Hello Europe.
По сумирањето на резултатите од сите 38 земји од Европа, в недела, 25 април, во 19 часот, комплетно онлајн на веб-страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu) ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата за најдобар филм од млада публика.
Оригинални наслови на филмовите, режија, продукција:
PINOCCHIO на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција), 2019
THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN) на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција), 2020
WOLFWALKERS на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција), 2020
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?