Контакт

Култура

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови CAN for BALKANS

Објавено пред

Меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“ се одржа во периодот од март до јули 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во финалето на натпреварот влегоа 27 автори од Белгија, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Украина и Кина.

Сите избрани стрипови се создадени специјално за овој натпревар. Покрај уметничкиот квалитет и историската документација, други важни критериуми за оценување беа оригиналноста и начинот на кој се почитуваше темата, особено изборот на теми со пораки за помирување, мир и градење доверба, толеранција и почит.

Меѓународното жири го формираше проф. Адријан Чиоројану (Романија), историчар, дипломат, автор на стрип сценарија и универзитетски професор, проф. Ардијан Исуфи (Албанија), уметник, декан на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот за уметности Тирана (2016-2020), Етјен Шредер (Белгија), познат сценарист и стрип автор, Дражен Ковачевиќ, еден од најважните стрип уметници во Србија и Томе Трајков, промотор на стрипови од Македонија.

И наградените дела и оние прифатени од жирито во финалето (вкупно 141 табли) за прв пат ќе бидат претставени на Меѓународниот историски стрип фестивал во Брашов, почнувајќи од 13 октомври 2022 година, како дел од завршната изложба на европскиот проект. Изложбата потоа ќе гостува оваа година во Тирана (ноември) и Брисел (декември) и следната година во Лесковац (февруари) и Велес (март).

Големата награда на првото издание на конкурсот „CAN for BALKANS“ ја освои Ражван Бронеску од Романија со делото „Аурел Петреску, пионерот на романската анимација“.

Првата награда му припадна на романскиот уметник Јонут Попеску со делото „Балкан засекогаш“. Подиумот го комплетираат уметници од Србија. Коста Миловановиќ ја освои втората награда со „И тројцата пријатели се…“, стрип инспириран од неговиот сопствен живот од почетокот на граѓанската војна (1991 година), која го фати во југословенската морнарица. Третата награда е доделена на стрипот „Ветерот“, дело на Марјан Миланов (сценарио) и Срдан Тодоровиќ (цртежи), со тема инспирирана од трагедиите на битките на српско-бугарската граница во зимата 1915 година.

Меѓународното жири додели и пет специјални признанија: Аљоша Томиќ и Драган Стокиќ Рајачки (Србија) за делото „Деда Рога“; Максимилиен Ван де Виле (Белгија) за делото „Тузла“; Славица Купенкова (Македонија) за делото „Одисеја“; Валентин Јонеску со делото „Другар Ракија“ и Влад Форсеа со делото „Балкански хумор против светот“ ја делат споменатата награда посветена на Романија.

Проектот „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“ е еден од 13-те победнички проекти на повикот „Зајакнување на културната соработка со и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан“ (EACEA 39/2019), во рамките на Програмата за финансирање Креативна Европа и ја спроведуваат Историскиот музеј на округот

Брашов (водач на проектот), Националниот музеј на Албанија, Музејот на уметноста на стрипот Брисел – белгиски стрип центар, Стрип Центар на Македонија – Велес (Македонија), Училиште за стрип „Никола Митровиќ Кокан“ – Лесковац (Србија).

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) во Брисел и има период на имплементација помеѓу март 2021 и март 2023 година.

Култура

Отварање на самостојната изложба „Земја“ на Бојана Артиновска Трпческа

Објавено пред

Вечерва во КСП Центар – Јадро, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Земја“ на уметницата Бојана Артиновска Трпческа.

dobivaj vesti na viber

Во својот осврт кон изложбата, историчарката на уметност Викторија Димеска истакнува: „Стремежот за автономни својства на обликот и експресивниот сензибилитет на бојата ја откриваат амбициозната творечка тенденција на Бојана Артиновска Трпческа. Следејќи ги законитостите на субјективниот внатрешен творечки порив, односно интуитивната потрага по современи концепти и содржини, авторката создава комбинација од повеќе стилови преплетувајќи ги во различни теми. Динамиката на формата и нејзината промена претставуваат уште еден визуелен впечаток којшто ја мотивира авторката и понатаму храбро да истражува и твори. Создавајќи сопствената естетска поетика, таа гради автентичен и суптилен ликовен јазик.

Трпческа интуитивно и јасно ја согледува важноста и моќноста на карактеристиките на женскиот принцип и притоа, суптилно ја толкува и изразува преку тонски богатата палета на бои и нивната суптилна транзиција. Неуморната борба против вечната објективизација на жената и женското тело ја изразува преку алегориски ликовен јазик. Во сопственото творештво таа ја воспоставува космичката рамнотежа во архетипскиот танц меѓу машкиот и женскиот принцип.

На отварањето ќе се оддржи и поетки перформанс со авторите Тихомир Јанчовски , Елена Пренџова , Марија Г. Вардарска и Горазд Китановски.

Бојана Артиновска Трпческа е родена во Велес 1977 година, каде завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија. Дипломска работа изложи во Сули ан под наслов „Архитектура на времето“

Од 2000 до 2003 година живее и работи како слободен уметник во САД.

Во 2008 година во Музејот на НОБ во Крушево ја реализирала својата прва самостојна изложба на манифестацијата „10 Дена крушевска Република“ под наслов: – Во МЕНЕ.

Својата втора самостојна изложба ја реализирала во 2011 год.во ликовната галерија во Прилеп. Насловена ,,Гозба” изложбата е своедвидно ретроспективно видување на нејзината дотогашна работа. Tретата самостојна изложба ја реализрала во 2020 год.во Ниш, Република Србија.насловена е „Трепет“. Следува „Позадини“ изложба која е реализирана како интерактивен проект 2021г. во Прилеп.

2022 година го реализира проектот „Земја“, мултимедијален перформанс,каде беа вклучени литератуни творци , кои читаа свои дела на истата тема во Прилеп и во месец октомври во Скопје

Од 2005 година е член е на Друштвото за Ликовни Уметници Битола, а од 2010 година е член на Друштвото на Ликовни Уметници Прилеп, со кое има остварено повеќе групни изложби, хуманитарни акции и перформанси. Од 2021 е член на ДЛУМ.

Живее и работи како самостоен уметник во Прилеп. Во повеќе прилики соработувала како надворешен соработник со НУЦК Марко Цепенков и Театарска Работилница за изработка на kостими, сценографија, шминка и рекламен материјал.

Напоредно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворено 31. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“

Објавено пред

Со двете балетски претстави: „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, во изведба на уметниците од Националната опера и Балет, синоќа, во Битола, почна 31. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека локалната самоуправа продолжува да биде поддржувач на овој значаен фестивал на кој гостуваат врвни музички имиња од целиот свет.

dobivaj vesti na viber

„Годинава, на 31. издание на фестивалот, очекуваме дека учесниците од Србија, Австрија, Италија, Унгарија, Турција и од Германија ќе заминат со импресии за битолската култура, за прекрасната концертна сала во Офицерскиот дом со најубавата акустика, која првпат годинава се става во функција на изведба на концертните настапи, кои се дел од „Интерфест“.

Неуморноста на брачниот пар Шперовиќ-Рибарски и годинава е бедемот на организационите настани и концерти на фестивалот, кои креирајќи една прекрасна програма, ја вклучуваат и изведбата на театарската претстава „Демони“, а фестивалот го збогатуваат и со поетска вечер и ликовна изложба. Со оваа програма се овозможува да допре до нас звукот на пијаното, харфата, трубата, виолината, виолата, гитарата, зачинети со убавиот изговорен збор, надополнет со визијата на уметникот, изразена на платно“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање.

Вечерва, „Интерфест“ продолжува во Офицерскиот дом со ликовната изложба „Пат за Дихово“ и рецитал на Мерсиха Шукри. Фестивалската програма ќе трае до 12 октомври.

Прикажи повеќе...

Култура

Бугарската писателка Оља Стојанова-Џакова на книжевна резиденција во Скопје

Објавено пред

Во рамките на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во октомври престојува писателката од Бугарија, Оља Стојанова-Џакова.

dobivaj vesti na viber

Во текот на својот резиденцијален престој Оља Стојанова-Џакова ќе настапи на книжевниот фестивал „Букстар“, каде што заедно со писателот и режисер Петер Денчев ќе биде дел од настанот „Нова бугарска книжевност“, а исто така ќе учествува и на читањето што во рамките на фестивалот ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во текот на октомври Стојанова-Џакова ќе има можност подобро да се запознае со македонската книжевна сцена остварувајќи средби со писатели, преведувачи и уредници од Македонија.

Оља Стојанова-Џакова (1977) е прозаистка, поетеса и драмска писателка. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Софија, каде што и докторирала на тема од областа на новинарството и масовната култура. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги добила наградите „Николај Канчев“ и „Иван Николов“ за најдобра збирка поезија. За драмите „Покана за вечера“ и „Бојата на длабоките води“ ја добила наградата „Аскер“ за најдобар драмски текст. Работи како новинар во Бугарското национално радио.

Резиденцијалниот престој на Оља Стојанова-Џакова во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Обвинителство: Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба...

Економија2 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет2 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет3 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет5 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет5 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет5 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет5 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет5 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет5 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион18 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа20 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет20 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија23 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија23 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија1 ден

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија1 ден

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 ден

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...