Контакт

Култура

Проектот „Потполно нешто друго“ – врвно естетско доживување за публиката на Охридско лето

Објавено пред

Стоечки овации, восхит и уште една одлична вечер за љубителите на добрата музика, донесоа уметниците од словенечкиот состав „Балкан нуево“, предводени од светски познатиот кларинетист Горан Бојчевски, гудачкиот квартет од Македонија и Димитар Михајловски, соло-виолина, кои синоќа музицираа во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето.

Во преполниот црковен амбиент беа изведени композициите од проектот „Потполно нешто друго“. Станува збор, велат организаторите на фестивалот, за авторска музика напишана од Бојчевски, со која овие уметници настапуваат на разни фестивали во светот.

„Секаде каде што настапивме со оваа музика, наидовме на одличен прием, како што беше и синоќа. Бевме во Австрија, на елитни фестивали во Словенија, Германија и насекаде добиваме стоечки овации, но овациите синоќа беа најубавите за мене и ме допреа до срцето. Воодушевени сме од самата публика на Охридско лето и од самиот настан воопшто. Убаво е да си дома и да си добредојден. Во сите тие години, кога уметник ќе оди да живее надвор и кога повторно ќе се врати, со ваква публика добиваме потврда дека работиме добро и дека сме на вистинскиот пат. Огромна благодарност до организаторите и од срце се радувам на следна средба“, изјави кларинетистот Бојчевски.

Уметниците велат дека уште од самиот почеток одлично се вклопиле во целиот проект, а потврда за тоа, како што додаваат, е одличниот прием кај публиката.

Проектот „Потполно нешто друго“ што беше претставен синоќа пред фестивалската публика ги опфати композициите „Балкански циркус“, „Импресија“, „Подемот“, „Грешка“, „Прелудиум за југ“, „Танцот“, „Клезмер за 2“, „Мементо мори“, „Валцерот на седумте велови“, како и една од најпознатите македонски народни песни „Зајди, зајди“, исто така во аранжман на Горан Бојчевски, соопштија организаторите.

Словенечкиот состав „Балкан нуево“ го сочинуваа кларинетистот Горан Бојчевски, хармоникашот Томаж Марчич, контрабасистот Јошт Лампрет и Јан Север на клавир.

Во гудачкиот квартет „Македонија“ членуваат Владимир Цветковски – прва виолина, Дијана Мирчевска – втора виолина, Илза Бафтиари – виола и Димитар Ангелов – виолончело.

Во рамките на фестивалот Охридско лето, со овие два состава настапи и Димитар Михајловски – соло-виолина.

Изложби

Изложба на фотографии за проектот ,,Во моите чевли/In my shoes”

Објавено пред

Во рамки на годинешната програма поддржана од Министерство за култура на Република Македонија, на 17 ноември (сабота) 2018 година, во Mултимедијалниот центар „Мала станица” (19 часот) ќе се отвори изложба на модни фотографии, како завршна фаза од проектот со наслов „Во моите чевли”.

Проектот имаше за цел да ги истражи потребите на лица со попрeчен вид, церебрална парализа и Даунов синдром, при процесот на селекција и купување облека. Посетителите на овој настан ќе имаат можност да се запознаат со индивидуалните потреби на секој од учесниците и различни начини како може да се воведат нови инклузивни решенија во текстилната индустрија во Македонија, со фокус на малопродажните канали.

„Инспирацијата за создавање на овој проект дојде од предизвикот со кој се соочуваат лицата со попреченост во процесот на селекција, купување и користење на облеката, времeто што им е потребно да се облечат и подготват наутро, помошта што им е неопходна за селекција на облеката или облекување на истата, информациите за одржување на облеката, постојаната потреба за корекција и адаптација на облеката, како мал дел од предизвиците на лицата со попреченост“ – велат авторите на проектот: Маја Ѓуреска (моден дизајнер), Антонија Гугинска Јорданова (моден дизајнер) и Росица Колева (специјален едукатор).

Благодарение на професионалноста и соработката на учесниците: Јулијана Петковска, Никола Колев, Ема Ананиевска, Игор Петров и Искра Донева, како и соработниците и поддржувачите на овој проект: Fashion Group – Скопје, Музеј на современа уметност, Елена Бојаџиева (автор на фотографија), Мартина Димовска (комуникации), Гораст Цветковски, Ирена Сенокозлиоска (шминка), Јована Соколоски (фризура), Винарница Картал, Винарница Камник, Пиварница – Скопје и сите останати пријатели, овој проект в сабота ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани. Изложбата ќе биде поставена за посетители до 20 ноември  2018 г., а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Трејлер за македонскиот филм „Еј!“, кој ќе го затвори „Синедејс“

Објавено пред

Македонскиот филм „Еј!“ на режисерот Васил Христов ќе ја има својата премиера на завршната вечер од филмскиот фестивал „Синедејс“ в недела, на 18 ноември.

„Еј!“ е сниман пред точно десет години без никаков буџет и поддршка од тогашниот филмски фонд. Режисерот Васил Христов вели дека филмот настанал по неговата позната субверзивна претстава „Мара Сад“, која и покрај овациите на публиката била тргната од репертоарот на театарот.

Како одговор на политичката цензура, голем дел од екипата на претставата – поточно околу педесетина соработници, обединети во неформалниот „Еј! Колектив“ решиле да снимат целовечерен игран филм. Филмот е политичка сатира, а тимот од професионални ентузијасти го снимил за шест недели, работејќи по шеснаесет часа дневно.

За време на една ноќна забава, група пријатели имаат спиртуална сеанса во која на шега се обидуваат да го повикаат духот на Александар Македонски. Наместо него, меѓу нив се материјализира премиерот на земјата. Набргу низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот премиер.

Во филмот играат голем број актери кои низ годините изградија успешни домашни и меѓународни кариери: Кирил Коруновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Јордан Симонов, Александар Микиќ, Игор Ангелов, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Софиа Насевска Трифуновска, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Мијатовиќ, Марија Новак и многу други. Васил Христов е режисер, сценарист и монтажер на филмот. Душан Кардалевски е директор на фотографија а како ко-сценаристи се појавуваат и Николина Кујача и Оливер Митковски.

Од 22 ноември филмот ќе биде достапен на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Милениум“.

Прикажи повеќе...

Култура

Хит-претставата на Шоиќ конечно во Скопје

Објавено пред

По големата европска турнеја и турнејата во САД, хит-преставата, која експресно ги распродава билетите за „Украдена личност“, конечно, во Скопје.

Претставата „Украдена личност“ е приказ на моралната слика на практичната, модерната и приспособлива личност за која условите за постигнување на личните цели се невообичаено лесни. Истите овие услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската Унија како кандидат за претседател.

Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува соработка. Диктирајќи ја неговата понуда за претседател, тој со сета нејзина искривоколченост открива дел од личноста што го прават интересен на сцена. Сè што зборува е со леснотија, со измама, вешто ја искривува реалноста и се приспособува на моментот, а сето ова го прави виртуозно со невиност, што одвреме-навреме станува слично на невиноста на едно кротко животно. Мисламе дека овој став е премногу сериозен за веселата и лесна претстава што ве очекува. Таа можеби ќе биде завеса што може да ги покрие некои од сличностите на овој лик со актуелните луѓе што сомнително ги красат нашето време и тешкиот политички момент. Во претставата игра Милан Гутовиќ, а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ (Бараба). Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус. Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба преку продажната цена на mktickets.mk по ексклузивна цена од 500 денари. Организатор на претставата е „Бекстејџ медија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести16 минути

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски13 часа

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија17 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија18 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија18 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски19 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски20 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија21 час

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет21 час

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија21 час

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија22 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски22 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток23 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија1 ден

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа1 ден

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски2 дена

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија2 дена

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски2 дена

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија2 дена

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски2 дена

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Досие