Контакт

Култура

Проекција на украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“

Објавено пред

Украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ од Марисја Никитук ќе биде прикажан во Europe House Скопје в сабота во 17 часот. Проекцијата е во рамките на програмата „Џифони филмски денови“, што ја организира фестивалот „Џифони Македонија“. Филмот е наменет за деца над 16 години, а по проекцијата ќе следува и дискусија на тема „Перспективите на младите во период на транзиција“, а Украина е земена како актуелен пример. Целиот настан ќе се одвива на англиски јазик.

dobivaj vesti na viber

„Кога дрвјата паѓаат“ е дебитантски филм на Марисја Никитук, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2018 година. Филмот е копродукција меѓу Украина, Полска и Македонија.

На осмата сесија на „Џифони филмски денови“ во редовниот термин од 10 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани три кратки филма за публика над 10 години. Ќе гостуваат и претставници од екипите на филмовите. Станува збор за наградуваните: „Змија“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Јас не сум Игор“ на Сергеј Ѓеоргиев и „Перики“ на Ангела Димеска, која беше учесничка на „Џифони Италија“ во 2015 година. Филмот „Змија“ има учествувано на 30-ина фестивали, а освои три награди на фестивал во Грција. „Јас не сум Игор“ зборува за спортското навивање и кога тоа се претвора во националистичко скандирање и борба.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. По секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со РУТА е уште еден мост за поврзување на регионот

Објавено пред

Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, почна второто издание на регионалниот театарски фестивал РУТА во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Фирма“, по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, со избрана актерска екипа, е првата претстава на фестивалот што го поврзува театарскиот живот на регионот.

На отворањето на неколкудневниот театарски празник во Скопје, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги поздрави актерите и гостите од сцената на Драмскиот театар, која, како што рече, буди посебна емоција и додаде дека преку театарот уметниците успеаја да го подигнат и да го одржат мостот наречен РУТА.

„Ви благодарам што давајќи дел од себе, нè опоменувате и нè потсетувате на последиците од алчноста, од отуѓеноста, од кусогледоста, од непромисленоста. Нè потсетувате на повторливоста на смртоносните пандемии, на бавното ослободување на жената, на еволутивните слабости на човештвото.

Вашата улога, веројатно, најдобро ја опиша уникатниот режисер Јагош Марковиќ, кој, за жал, веќе не е меѓу нас: „Мораме да сведочиме. Мораме едни на други да кажеме – за да не помислиме дека сè е во ред“ – рече Костадиновска-Стојчевска.

Заблагодарувајќи им се за гостувањето на сите ансамбли на ова издание на фестивалот РУТА, министерката Костадиновска-Стојчевска ги покани театрите од регионот со особено внимание да се вклучат преку РУТА и во 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата.

„Регионот му е потребен на Скопје. Скопје му е потребно на регионот“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Фестивалот продолжува со „Декамерон“ на Градско позориште од Подгорица во копродукција со Народно позориште од Ниш, на режисерот Пројковски, и со „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, Словенија, во режија на Нела Витошевиќ. Потоа следуваат: „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево, во режија на Дино Мустафиќ, и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште, во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“, пак, театарот Улисис од Хрватска го затвора фестивалот РУТА в недела (8 октомври). Режијата е на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на Сараевски ратни театар од Сараево.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерти на „Сетстат“ и „ПМГ колектив оркестар“ во Софија, Бугарија

Објавено пред

Оваа среда, на 5 октомври во Софија, со почеток во 20 часот, во клубот Синглс, лоциран во Националната палата за култура, со концерт во живо ќе се претстават македонските бендови Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар.

dobivaj vesti na viber

Концертите на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар се реализираат како дел од концертната серија на дводневниот музички настан организиран од Аларма Панк Џез од Софија во соработка со музичката програма „Христо Ботев“ при Бугарското Национално Радио.

Првиот ден (5 октомври) е македонска музичка вечер а со концертите на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар го претставуваме и македонскиот фестивал за џез и светска музика „Крај Вардарот Џез“ пред тамошната публика. Со ова гостување воспоставуваме континуитет на меѓународната соработката во полето на современата, џез и светска музика помеѓу музичари, продуценти и културни актери од Македонија и Бугарија, започната во 2022 година со гостувањето на бугарскиот состав Спејс Трио како дел од програмата на третото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Скопје.

Со континуирана работа повеќе од 30 години Сетстат е нашиот најквалитетен и најдолготраен џез состав. Зад себе имаат 10 студиски албуми. Освен од љубовта на публиката, успехот на бендот се гледа и од добиените признанија од критиката. Композиција MVP во 2004 беше број 1 на Top Downloads 200 листата на реномираниот џез портал All About Jazz websit. Во 2015 култното радио Канал 103 го прогласи како албум на годината „Се Плашам од Македонци“ (соработка со Никола Коџабашија и Мирко Попов). Албумот во живо „White Night” снимен од настапот на „ПМГ Рекордингс Фестивал“ во 2021 година, издаден за ПМГ Џез, влезе во селекцијата на најдобрите џез изданија на музичката платформа Bandcamp во јануари 2022 година. Бендот има динамична концертна активност, како во домашен, така и во меѓународен контекст, а во Софија ќе се претстават со последниот студиски албум „Соба 107“ издаден во 2022 година за ПМГЏез/ПМГ Рекордингс.

ПМГ Колектив Оркестар е уште еден состав со исклучителна дискографија и активна работа повеќе од 20 години. Нивниот звук носи софистицирани танцови линии, прилично уникатни и речиси поп-мелодични. 9 студиски албуми, двоен винил со „Најголемите Хитови“, бројни ЕП-а, синглови, компилации, видео записи, ремикси, и неколку македонски и европски турнеи. Моменталниот состав на бендот е прилично авантуристички микс на танцов ритам базиран на современа електронска продукција, тапани во живо, бас, гитара, дувачка секција, вокали и синтисајзери. Вистински оркестар составен од некои од најдобрите и најталентирани македонски музичари споени со цел да донесат правда и зрели аранжмани на добро познатите ПМГ песни (Скопјанка, Манекенки, 80Ти, 90Ти, Ти си мојот свет, Луѓе од градови, Деца на два века…), патем максимално задоволувајќи ја публиката на концертите.

Концертно гостување на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија и се реализира во партнерска соработка со „Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски на филмски фестивали во Романија, Грција и во Обединетите Арапски Емирати

Објавено пред

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30-то издание на документарниот филмски фестивал АСТРА што се одржува во Сибиу, Романија од 15 до 22 октомври, 2023.

dobivaj vesti na viber

Филмот ќе има две проекции на 18-ти и 20-ти октомври и се натпреварува во престижната програма на Централна и Источна Еворпа. АСТРА филмскиот фестивал е еден од најважните фестивали за документарни филмови во Европа, кој започна во 1993 како еден иновативен проект што во своите триесет години живот одигра важна улога во стимулирање на креативни документарни филмови и стана важна платформа и за романската и меѓународната кинематографија.

По Сибиу, ,,Љубовната соба“ ќе имa проекција на 27-ми октомври во рамки на 9-иот Пелопонешки филмски фестивал во градот Каламата, Грција. Фестивалот е организиран од креативниот документарен центар на Каламата. Фокусот на фестивалот се меѓународни долгометражни и краткометражни документарни филмови но и мастеркласи, ретроспективи, едукативни проекции, и семинари се дел од фестивалот.

Во периодот од 9 до 12 ноември, ,,Љубовната соба“, ќе биде дел од официјалната селекција на филмскиот фестивал МЕТА што се одржува во киното VOX – Вафи Сити, во Дубаи, ОАЕ. МЕТА фестивалот е единствениот меѓународен филмски фестивал во Дубаи и е поддржан од владата на Обединетите Арапски Емирати и од советот за медиуми. Исто така, филмот е селектиран за учество на меѓународниот фестивал ,,Светот на филмот“, во Глазгов, во Велика Британија, во периодот од 2-ри до 9-ти ноември.

Режисерката и продуцент Сузана Диневски е поканета да го презентира филмот и да учестува во панел дискусијата за филмот на претстојните фестивали во Романија, Грција и Обединетите Арапски Емирати.

Документарниот филм ,,Љубовната соба”, на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејстваниз призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд Филм и Видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски.

Инаку, својата светска премиера ,,Љубовната соба”, ја имаше на филмскиот фестивал во Финекс, Аризона, во САД во март 2023 година во категорија на светски долгометражни филмови и европска премиера на Загребдокс, во Хрватска во регионална конкуренција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија41 минута

Македонците почнаа да плаќаат 30 отсто поевтин роаминг во ЕУ, во 2028 година цените ќе бидат исти како дома

Договореното намалување на трошоците за роаминг е веќе во сила и Македонците што патуваат надвор од државата имаат 30 %...

Европа1 час

Шарл Мишел: Украина може да се приклучи на ЕУ во 2030 година ако двете страни си ја завршат домашната задача

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година...

Македонија3 часа

Поведена постапка за делови од Законот за средното образование, кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот...

Македонија3 часа

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, има уште еден активен пожар

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева,...

Европа4 часа

(Видео) Идентификувани 11 повредени во сообраќајната несреќа кај Венеција, многумина се на интензивна нега

Работник од Гамбија, кој работел во „Финкантиери“, заедно со својот колега стана еден од хероите на спасувањето патници од автобус....

Свет4 часа

(Видео) Пукање на универзитет во Балтимор, САД, неколку повредени

Неколку лица се повредени во пукотница во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор доцна синоќа, соопшти полицијата во градот на...

Регион5 часа

(Видео) Голем пожар во компанија во Осиек: „Не останувајте на отворено“

40-ина минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанијата „Драва интернешнл“ во населбата Брјест во Осиек. Гори пластична маса...

Европа6 часа

(Видео) 21 лице загинаа во страшната несреќа кај Венеција, меѓу загинатите и две деца

Најмалку 21 лице загина кога автобус излетал од надвозник во близина на Венеција. Scene in Venice, Italy where a bus...

Македонија13 часа

(Видео) Мечка и вечерва се спушти во Жировница

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка во селото Жировница. „Вечерва низ тесните улички...

Македонија14 часа

Ако секој политичар јасно ги кажува ставовите државата ќе оди напред, рече Спасовски

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди...

Регион15 часа

Османи за „Си-ен-ен“: Потребни се санкции против Србија, сакаме Радоичиќ да биде екстрадиран во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и дека меѓународната заедница треба да воведе санкции кон...

Македонија17 часа

Нема да има отстрел на мечки: проблемот ќе се решава преку чистење на ѓубрето, посебни хранилишта, обезбедување на имотите

Владата, на денешната седница, го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување...

Македонија19 часа

Народниот правобранител најави постапка, а инепкторатот надзор во „Демир Хисар“ по случајот со 17-годишното момче со аутизам

Институцијата народен правобранител ќе поведе постапка за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно во медиумите беше објавено...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со законот за амнестија, тогаш нека ја напушти Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што рече дека...

Македонија23 часа

Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура, без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку...

Македонија24 часа

Тренчевска: За линеарно покачување на пензиите повеќе нема да се разговара, легитимно е да се протестира

Пензионерите имаат демократско право да протестираат, но за линеарно покачување на пензиите повеќе со нив нема да се разговара, рече...

Топ1 ден

Загина 18-годишник од Тетовско: со возилото излетал од патот и удрил во столб

Вчеравечер, околу 21.30 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Пирок – Тетово, во тетовско Долно Палчиште,...

Македонија1 ден

28 години од атентатот на Киро Глигоров

Поминаа 28 години од атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот...

Македонија1 ден

Бистри и матни случаи за септември 2023 година според „Транспаренси интернешнл – Македонија“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење случаи и дејства поврзани со коруптивни однесувања...

Македонија1 ден

Вељаноски: Во овој парламентарен состав се сменија тројца министри за правда и двајца премиери, а сè уште немаме донесено закон за вонредна состојба

„В година ќе имаме претседателски и парламентарни избори! Нема никаква оправданост економска, политичка, во текот на една година да имаме...