Контакт

Култура

Проекција на филмот „Манаки – приказка во слики“ од Роберт Јанкулоски во Софија

Објавено пред

Во киното „Одеон“ во Софија, денеска, со почеток од 18.30 часот, ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказна во слики“ од Роберт Јанкулоски.

dobivaj vesti na viber

Продуцент, режисер и кинематографер е Роберт Јанкулоски, сценариото е на Илинденка Петрушева и Роберт Јанкулоски; монтажа – Блаже Дулев; музика – Горан Керкез; дизајн и звук – Дарко Спасовски.

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот „Манаки – приказна во слики“ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти.

Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работа од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

Настанот се реализира во соработка со Бугарската национална филмотека, со помош на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.

Култура

Simply quartet вечерва ќе музицира во црквата „Света Софија“

Објавено пред

Еден од најперспективните квартети од новата генерација Simply quartet вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Членовите на ансамблот, виолинистите Данфенг Шен и Антониа Ранкенсбергер, Ксианг Лју на виола и виолончелистот Иван Валентин Холуп Роалд доаѓаат од Кина, Норвешка и Австрија и иако се релативно млад, интернационален ансамбл, тие веќе се здобиваат со одлична репутација на светската камерна музичка сцена.

Simply quartet постојано ја истражуваат музичката литература барајќи дела кои ќе го претстават нивниот уникатен музички израз: од класични до современи дела за квартет.
Оригинално основан во Шангај под раководство на Јенсе Хорн-Син Лам, квартетот се сели во Виена каде на институтот „Јозеф Хајдн“ при Универзитетот во Виена студираат како ансамбл со Јоханес Мејсл, кој е нивни најзначаен ментор по преселбата во Австрија. Исто така, квартетот добива значајно искуство низ годините поминати на Европската академија за камерна музика.
Досега се добитници на први награди на значајни меѓународни натпревари како „Карл Нилсен“ во Копенхаген, натпреварот „Квартети во Бордо“ во 2019 година, „Франц Шуберт и модерната музика“ во Грац во 2018 година и во 2017 година победуваат на натпреварот за камерна музика „Јозеф Хајдн“ во Виена.

Во сезоната 2021/22 квартетот е еден од избраните ансамбли на наградата „ЕХО“ со име „Ѕвезди во подем“ која им овозможува концертни настапи во „Бозар“ во Брисел, во Баден- Баден и „Концертгебау“ во Амстердам. Композиторката Јулија Лахершторфер пишува дело специјално за квартетот, а тие меѓу другото ќе дебитираат во салата на Берлинската филхармонија, и во „Филхармонијата“ во Париз. Во виенскиот „Концерхаус“ квартетот е дел од програмата „Големи таленти“, каде што покрај концертите тие добиваат поддршка од истакнати уметници кои се дел од оваа програма.

Прикажи повеќе...

Култура

Чешка – земја во фокус на фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“

Објавено пред

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Europe House Скопје“.

dobivaj vesti na viber

Програмата Земја во фокус ќе се одвива со тематски наслов „Чешки филмски експеримент – два, нула, два, два“ и ќе опфати осум долгометражни и неколку кратки, анимирани и доку-анимирани филмови кои ќе ја претстават најновата чешка документаристичка сцена, доловувајќи ѝ ги на публиката на „МакеДокс“ атмосферата и темите што ги интересираат авторите на чешките документарни филмови, нивниот начин на работа, како и односот кон протагонистите и развојот на првичната идеја до филм како целосно дело.

Време на промени, историски и политички превирања, пандемии, научни откритија, експерименти, авантури – се теми што ги обработуваат најновите чешки документарни филмови. Интересен е фактот што најголем удел при продукцијата на овие чешки документарни филмови има Чешката национална телевизија, која очигледно сè уште покажува особен интерес за презентирање на овие социјални и општествени проблеми и настани на граѓаните и се јавува како главен продуцент во најголем број од документарните филмови.

Програмата ќе почне на 19 август, со проекција на филмот „Рене – Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102’) на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“. Таа на 20 август во „Europe House Скопје“ ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години.

Програмата Земја во фокус – Чешка е поддржана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија и Сивус – Групација „Арикома“.

Фестивалската програма на 13. „МакеДокс“ ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, плато пред Куршумли-ан, МКЦ и „Europe House Скопје“.

Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 13. „МакеДокс“ се: Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Еспресо.мк.

Прикажи повеќе...

Култура

Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

Четириесет и третото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на претходни лауреати на Специјалната златна камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина.

dobivaj vesti na viber

Така Дод Ментл, по 13 години, откако во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната златна камера 300, годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“.

Во меѓувреме, неговиот опус е збогатен со уште десетици филмови и ТВ-серијали кои се и негова специјалност (меѓу помаркантните, тематски и како портрет на контроверзниот Путин, „Интервјуа со Путин“ (The Putin Interviews), во режија на водечкиот американски режисер Оливер Стоун.

Роден во 1955 година во Витни во Оксфорд, во Обединетото Кралство каде и што се школувал во гимназиската возраст, Ентони Дод Ментл вели дека, иако живее во Данска, сепак тој се буди секој ден чувствувајќи се Британец/Англичанец. Но, чудно или не, наместо да студира во Оксфорд или Кембриџ, од 1985 до 1989 година студирал камера на Националната филмска школа во Копенхаген, кога и започнува да живее и работи во Данска. Со тоа станува натурализиран Данец со британско потекло.
Веднаш по студиите ја започнува својата соработка со неколку дански режисери кои се носители на новиот дански филмски бран, при што најзначаен му е Догме периодот. Тој станува еден од творците на тој оригинален дански филмски израз/тренд, започнувајќи соработка со родоначалниците на ова филмско движење. Така, во 1998 ќе го сними официјално првиот Догме филм „Семејна прослава“, кој на режисерот Томас Винтерберг му ја донесе светската слава. Cо својата снимателска работа и Дод Ментл го сврте вниманието, зашто суштината на Догме изразот и неговите аскетски правила биле базирани на начинот – како ќе биде сниман секој Догме филм (главно со користење на камера од рака) и добивање филмска фотографија без артифициелни светлосни извори, туку природни.

Во 1999 година веднаш следува и третиот Догме филм што го потпишува Дод Ментл, тоа е „Мифуне/Mifune’s last song“ на режисерот Серен Крег Јакобсен. Тоа е современа социјална драма за момчето Крестен, кој од семејната фарма се сели во велеградот Копенхаген. Во истата година, американскиот независен автор, 20 години помладиот од Ментл, Хармони Корин, ја бара соработката со искусниот Ментл, со кого го реализира првиот американски Догме филм – „Џулиен магаренцето“ (Julien donkey boy“), учесник во натпреварот на 21. „Браќа Манаки“ во 2000 година.

За Ентони Дод Ментл, соработката со главниот иницијатор и основач на Догме движењето – Ларс Фон Триер, била неизбежна, од двата филма на провокативната трилогија за Америка: „Кучешки град“ („Dogvil“) oд 2003 година и „Мендерлеј“ (Manderlay) oд 2005 година, до подоцнежниот, исто така кански учесник, уште поконтроверзниот „Антихрист“ („Antichrist“) од 2009 година, во кој Ментл го демонстрирал своето врвно кинематограферско мајсторство. Дод Ментл соработувал и со данската водечка режисерка Лоне Шерфиг во двата филма „Роденденскиот излет“ (The birthday trip), веднаш по завршените филмски студии во 1990 година, како и подоцнежниот „Баш како дома“ („Just like home“) во 2007 година.

Ментл му се врати и на режисерот Томас Винтерберг во 2003 како кинематографер на неговиот филм „Сè за љубов“ („Аll about love“), со американското актерско трио: Шон Пен, Џоекин Феникс, Клер Дејнс. Со стекнатото искуство, Дод Ментл ја проширува соработката и надвор од Догме кругот, па создава неколку маркантни филмови во неговиот опус, како „127 часа“ („127 Hours“) во 2010 година, во режија на Дени Бојл, со актерот Џејмс Франко, во улогата на автентичен алпинист кој бил 127 часови заглавен меѓу карпи, борејќи се да преживее во амбиентите на еден кањон во Јута). Во филмот „Последниот крал на Шкотска“ („Тhe last king of Scotland“) Ментл го слика актерот Форест Витекер, во личноста на озлогласениот африкански диктатор Иди Амин.

Во филмот „Тие прво го убија татко ми“ („First they killed my father“) oд 2017 година, со режисерката Анџелина Џоли, ги реконструираат потресните автентични настани од драмата на една камбоџанска активистка за слобода, која ги преживеала ужасите на смртоносниот режим на Црвените кмери.
Триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл (со кого, таа година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“). Така е крунисана и тандемската соработка на Дод Ментл со режисерот Дени Бојл, со кого претходно уште ги снимаше двата ТВ-филмови „Комплетно голо издишување во рајот“ („Vaccuming completely nude in paradise“) и „Блудница“ (Strumped), обата реализирани во 2001 година. Потоа следуваа и двата филма „28 денови подоцна“ („28 days later“) од 2002 година, како и „Милиони“ („Millions“) од 2004 година.

По тоа искуство и соработка беше природно комплетното зближување на Ментл со Бојл, кои максимално ефектно ги обединија своите креативни потенцијали во создавање  филм од оскаровски калибар каков што е „Сиромашниот милионер“, кој им донесе осум Оскари за најдобар кинематографер и режија, како и за најдобар филм. За нивната соработка во ова ремек-дело инспирирано од автентичниот живот во индиските сламови, од кои на скоро документаристички начин, Ментл ја доловува драмата на сиромашното момче, 18-годишниот Џамал од предградието на Мумбаи, кој е на дофат на апсолутната среќа да биде милионски добитник на популарната пансветска ТВ шоу игра – „Кој сака да биде милионер?“

Ментл во една пригода изјави: „Работењето на филмот „Сиромашниот милионер“ беше физички напорно и ментално истоштувачки. Но, со другарство, доверба и разбирање вие можете да го преживеете тоа. Тоа помага ако имате континуирана врска каква што јас имав со Дени, тој е режисер кој држи сèво рацете, со многу енергија која ве води до крај, успешно. По сè изгледа, светот искрено го засака филмот „Сиромашниот милионер“. Индија ми е многу драга и јас сум среќен што имав удел во создавањето на филмот таму.”

Автор: Благоја Куновски – Доре

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија1 час

Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени...

Македонија2 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион4 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија4 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија5 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа5 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа5 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа5 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија22 часа

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија24 часа

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија1 ден

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ1 ден

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија1 ден

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет1 ден

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...