Книги
Промовирана книгата „Вермахтот и Македонија“

Во рамките на овогодишното издание на фестивалот „Бит фест“, во малата сала на НУ Завод и музеј -Битола се одржа промоција на книгата на д-р Роберто Трајковски, со наслов „Вермахтот и Македонија (1943-1944 година)“.
Пред публиката на промоцијата се обрати д-р Александар Литовски, историчар, осврнувајќи се на делови од содржината на книгата и нејзиното значење.
За книгата и мотивите за нејзиното создавање зборуваше и авторот, Роберто Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги
Италијанскиот мегахит „Осумте планини“ од Паоло Коњети и на македонски јазик

„Македоника литера“ набргу ќе го објави италијанскиот мегахит – романот „Осумте планини“ од Паоло Коњети, добитник на наградата „Стрега“ и продаден за превод на 39 јазици. Досега е веќе продаден во еден милион примероци во светот (во Италија над 350.000, Холандија – 2.000, во Франција и во Германија над сто илјади примероци) и доби уште шест високи книжевни награди во Италија и светот.
„Осумте планини“ е најпријатното откритие во италијанската литература последниве години, интересен и извонреден роман и е единствен случај во Италија – иако е дело со високи книжевни вредности и со високи награди, многу бргу го освои светот, за една година правата се продадени дури во 39 земји.
„Осумте планини“ е романескна приказна за пријателството и за планината како метафора на животот. Тоа е приказна за машкото пријателство, осаменоста и семејните врски и за тешкиот пат кон индивидуалниот развој. Стилот на Паоло Коњети е од суштинско значење за успехот на романот – лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност.
Книги
Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

Традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, со која ќе се одбележи 72-годишнината од основањето на писателската асоцијација.
Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“ („Димитар Митрев“),Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ („Ванчо Николески“) и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик.
Книги
Роман за предвоените Евреи на македонски јазик

Романот „Романса во малото гратче“, своевиден реквием за предвоените Евреи, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт медија“. Автобиорафскиот роман, сметан за ремек-дело на авторот, е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот Григориј Канович, познат како еден од најважните еврејски автори на нашето време.
Воден од споменот на својата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет рекреирајќи го минатото, кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на своето родно место, на политичката криза од30-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој ги следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата. „Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.
Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов. Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо на природата. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал