Контакт

Книги

Промовирана поезија на Борис Јовановиќ-Кастел

Објавено пред

Медитеранската книга со поезија „Чекаат ли бродовите“ од црногорскиот писател Борис Јовановиќ-Кастел беше промовирана на меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“, што се одржа викендов во Битола, во организација на здружението за наука и култура „Нова“.

Станува збор за прва книга медитеранска поезија преведена на македонски јазик, објавена со поддршка на Министерството за култура.

Книгата, што ја промовираа Мирјана Стојановска и Ленче Милошевска, содржи педесетина песни во кои жителите на морето ги носат поединечните раскажувања за традицијата и мудроста на старите времиња.

Во рамките на фестивалот беа претставени и тројца автори од Здружението на писатели од дијаспората од Франкфурт: Љубиша Симиќ, Костадинка Ѓорѓевска и Злата Икановиќ и беше потпишана повелба за соработка со здружението „Нова“.

 

Книги

Писателката Лидија Димковска гостинка на Лекторатот за македонски јазик во Будимпешта

Објавено пред

Познатата македонска поетеса и писателка Лидија Димковска, добитничка на европската награда за литература, од 11 до 13 декември гостуваше на Лекторатот по македонски јазик при универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

На 12 декември на универзитетот се одржа промоција на романот „Резервен живот“ во превод на унгарски од Анамарија Цинеге-Панзова и издание на издавачката куќа Напкут, Будимпешта.

За романот говореше познатата унгарската писателка, Ноеми Киш, која рече дека има потреба од повеќе преводи од македонската литература на унгарски јазик, имајќи го предвид квалитетот на современата македонска литература.

Промоцијата предизвика голем интерес кај студентите и професорите, а присуствуваа унгарски писатели и претставници од Друштвото на Македонци во Унгарија.

На 13 декември студентите по македонски јазик подготвија поетски омаж во чест на Игор Исаковски со негова поезија посветена на Будимпешта во превод на унгарски јазик од страна на самите студенти, претставен пред студентите и професорите од Институтот за славистика и балтичка филологија.

Ова се дел од активностите за промоција на македонскиот јазик, литература и култура на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта кои ги организира лекторот Златко Панзов. Гостувањето на Лидија Димковска беше реализирано со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта.

Годинава 14 студенти го изучуваат македонскиот јазик на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта.

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурс на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2018 година

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година.

Станува збор за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија.

Конкурсот е отворен до 31 декември годинава, а книгите до ДПМ треба да се испратат по пошта или да се достават во канцеларијата во четири примероци.

За доделување на наградите ќе решаваат жири-комисии составени од петнаесет истакнати писатели, литературни критичари и есеисти. Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари 2019 година на денот на формирањето на ДПМ.

Прикажи повеќе...

Книги

Средба со писателката Драгица Најческа

Објавено пред

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, на 13 декември (четврток), со почеток во 12 часот ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85. роденден и педесетгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.

За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“ за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.

Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Се преврте македонски автобус во Србија – тројца загинаа, 30 повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во...

Регион14 часа

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија15 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ17 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија18 часа

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија19 часа

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“20 часа

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион21 час

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија21 час

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија21 час

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ22 часа

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија23 часа

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија24 часа

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија24 часа

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа1 ден

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија2 дена

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија2 дена

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија2 дена

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Досие