Контакт

Книги

Промоцијата на романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе

Објавено пред

Денеска во 20 часот во „Кино култура“ ќе се одржи промоцијата на романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, кој излезе неодамна, за време на Саемот на книга. Разговорот со авторката ќе го води Владимир Јанковски.

Ова е 162. издание во популарната едиција „Проаза“ на издавачката куќа „Или-или“, за чиј дизајн беше задолжена Марија Смилевска, а излегувањето е поддржано од Министерството за култура на РМ.
Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18 век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1990 се посветува целосно на прозата, особено на романот.

Нејзини дела се: „Егејци“ (Култура, Скопје, 1990), „Снегот во Казабланка“ (Издавачки центар „Три“, Скопје, 2005 –прво издание, Магор, Скопје, 2007- второ издание), „Жените Гаврилови“ (Табернакул, Скопје 2008) и „Река во наследство (Ein Fluss als Erbe)“ ( Скопје и Лангенфелд, 2009). „Снегот во Казабланка“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2006 година, а „Жените Гаврилови“ во 2009 беше македонска номинација за наградата „Балканика“.

Во „Земја на бегалци“ можеме да прочитаме многу вистини, за кои можеби веќе сме прочитале или слушале, но низ стилско повторување на одредени дејствија и проживеани чувства на главните протагонисти, авторката како да сака да ги потенцира нештата, да ги потврди за да се запаметат, за век и навек. Затоа што „не луѓето, туку книгите се оние кои паметат, подолго и од надгробните плочи“. Овој текст е само едно од можните читања на оваа книга која содржи многу (под)слоеви, бидејќи „Земја на бегалци“ е повест која и по затворањето на последната страница, потоа долго ќе ве прогонува“.

Книги

Мемоарите на Мишел Обама попродавани од бестселерот „Педесет нијанси сиво“

Објавено пред

Книгата на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, се продава подобро од бестселерот „Педесет нијанси сиво“, објави „Амазон“.

Иако на пазарот е 65 дена, книгата „Бикаминг“ влезе меѓу највлијателните наслови на деценијата, објави „Си-ен-ен бизнис“.

Мемоарите на поранешната прва дама е најпродавана книга на „Амазон“ во последните 47 дена.

Книгата е објавена на 13 ноември. Во неа Мишел раскажува за својот живот почнувајќи од детството. Пишува за расизмот во јавниот живот, за бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, но и за личните искуства како прва дама со афроамериканско потекло.

Од издавачката куќа „Рендом хаус“, која наводно платила 65 милиони долари за авторските права на мемоарите, соопштиле дека книгата е продадена во повеќе од 1,4 милион примероци само во првата недела од издавањето.

Книгата е преведена на 23 јазици, а освен во САД, на прво место е и во Финска, Норвешка, Данска, Германија, Португалија, Англија и во Сингапур.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа

Објавено пред

 

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување. Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еротизмот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и последно, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состојки што секогаш го дополнуваат задоволството од читањето на оваа писателка.

Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со преземениот антијунак на Џемс Џојс преку кого дејствува авторката во романските ситуации.

„Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поетесата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам“. (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)

Нора Југа е литературниот псевдоним на Елеонора Алмоснино. Таа е позната романска поетеса, романсиер и преведувач од германски јазик. Родена е во 1931 година во Букурешт. Татко ѝ бил виолинист, а мајка ѝ балерина.

Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Букурешт (1953). Работела како професорка по германски јазик во 1954 и 1955 година, а потоа како библиограф во Државната централна библиотека во периодот 1955 – 1969. Од 1969 до 1977 била уредник во Енциклопедиското издателство. Била новинар во весниците на германски јазик Neuer Weg и Volk und Kultur (1977 – 1986). Од 1971 година е член на Сојузот на писателите на Романија и член на ПЕН-клубот.

На 70 години Нора Југа стана највозрасен литературен блогер. Во 2009 година ја доби најзначајната стипендија доделена од германската влада на странски писател Deutscher Akademischer Austausch Dienst (DAAD). Добитник е на петнаесетина книжевни награди.

Има објавено повеќе триесетина книги поезија и проза, превела над 15 книги од германската литература, а нејзините книги се преведени на повеќе од десет странски јазици.

Романот „Сапунот на Леополд Блум“ е објавен во 1993 година за кој во 1994 година беше добитник на наградата на Сојузот на писателите на Романија. Романот доживеа второ издание во 2007 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ го објави преводот на романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. Авторот Зајлер за овој роман ја доби германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“.

„Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед, бегајќи од големата лична трагедија, заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позна дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот Ед завршува во ‘Еремитот’, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот водач на сезонските работници на островот…“, пишува за кратката содржина на романот.

Во 2018 година, според овој роман, германскиот режисер Томас Штубер го сними истоимениот филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет4 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија23 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија24 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 ден

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие