Контакт

Изложби

Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш“ од Ѓорѓе Јовановиќ

Објавено пред

Денеска во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

Графичката новела „Хашиш“ е седма книга од стрип-едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“.

Анри Мишо е еден од најуникатните творци на 20 век кој покрај пишувањето поезија, проза и патеписи, долги години се занимавал со сликарство. Мишо се занимава со „внатрешниот свет” на човечките соништа и кошмари. Во еден период од неговото творештво тој користел дроги, особено мескалин, за да достигне состојба на поголема чувствителност што би влијаела врз неговата уметност.

 

Мишо им припаѓа на групата уметници кои ги уриваат конвенциите во литература – метафората и декорациите се ретки. Неговиот свет е полн со страв, вознемиреност и отуѓување.Тој создава надреални слики кои произлегуваат од неверојатната моќ на имагинацијата, често исполнети со многу апсурден хумор.

„Битно за мене беше тоа да не биде ‘сува’ илустрација на текстот туку поттик да го пресоздадам со една моја визура. Светот во графичката новела ‘Хашиш” изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизвик да бидат преточени во слика или, пак, графичка новела.

Исто така,  факт е дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти – записи или, пак, дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за ‘маневрирање’”- вели Ѓорѓе Јовановиќ, визуелен уметник од Скопје.

Изданието е финансирано од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ и „ХОПС -опции за здрав живот“ – Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Ретроспективно-монографска изложба на Драган Попоски – Дада во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски – Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето на 24 октомври 2018 година. И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на јубилејот посветен на 70-годишнината од основањето на нашата институција.

Драган Попоски – Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во изложбениот простор на Даутпашиниот амам. На отворањето ќе се обратат министерот за култура, господинот Асаф Адеми, директорот на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова-Ќерими, Маја Стевкова-Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, покровител на монографското издание.

Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски – Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува во далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег, кој беше инспирација за многу нови генерации ликовни автори, а земaјќи предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.
Изложбата, која ќе биде отворена во атрактивниот објект – Даутпашиниот амам, ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски – Дада.

Делата што ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, СОЗР при Владата на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Кураторите на проектот Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24. 11. 2018 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада во Даут пашин амам

Објавено пред

Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето во среда, на 24 октомври. И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.

Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам. На отворањето ќе се обратат Министерот за култура, Асаф Адеми, Директорот на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, покровител на монографското издание.

Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво, укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Изложбата која ќе биде отворена во атрактивниот објект – Даут пашин амам ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски Дада.
Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, СОЗР при Влада на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Куратори на проектот Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24 следниот месец.

И оваа изложба, како сите претходни, ќе биде подржана од нашиот јубилеен придружник, Винарската визба Тиквеш.

Прикажи повеќе...

Изложби

Дела од кичевската ликовна колонија ќе бидат изложени во Прилеп

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:30 часот, во ликовниот салон на НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од реномираната 24. Интернационална кичевска ликовна колонија.

На изложбата ќе бидат презентирани 25 дела, работени во летните месеци во 2017 година.

Изложбата во Прилеп ќе биде отворена до 31 октомври, а е поддржана од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија36 минути

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет1 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет2 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија2 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет3 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет4 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија13 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија16 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија19 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија19 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија20 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија21 час

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија22 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија24 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Досие