Контакт

Изложби

Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш“ од Ѓорѓе Јовановиќ по текст на Анри Мишо

Објавено пред

В петок, во галеријата на Младинскиот културен центар, ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот, кој специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

Графичката новела „Хашиш“ е седма книга од стрип-едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“.
Анри Мишо е еден од најуникатните творци на 20 век, кој, покрај пишувањето поезија, проза и патописи, со години се занимавал со сликарство. Мишо се занимава со внатрешниот свет на човечките соништа и кошмари. Во еден период од неговото творештво тој користел дроги, особено мескалин, за да достигне состојба на поголема чувствителност што би влијаела врз неговата уметност.

 

Мишо им припаѓа на групата уметници што ги уриваат конвенциите во литература – метафората и декорациите се ретки. Неговиот свет е полн со страв, вознемиреност и отуѓување. Тој создава надреални слики кои произлегуваат од неверојатни моќта на имагинацијата, често исполнети со многу апсурден хумор.

„Битно за мене беше тоа да не биде сува илустрација на текстот, туку поттик да го пресоздадам со една моја визура. Светот во графичката новела ‘Хашиш’ изобилува со ситуации што претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или графичка новела.

Исто така, и фактот дека текстот нема класична наративна линија, туку претставува збир на фрагменти – записи или, пак, дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за маневрирање“, вели Ѓорѓе Јовановиќ, визуелен уметник од Скопје.

Изданието е финансирано од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ и „ХОПС – опции за здрав живот“ – Скопје.

Изложби

„Кина во моите очи“ – изложба по повод 70 години од основањето на НР Кина

Објавено пред

Во Заводот и музеј во Битола од синоќа па во наредните седум дена е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Заменик-градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна Костурски.

Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во Амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата ‘Еден појас, еден пат’, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на заемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.

Настанот, кој го организираа Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ претставена во музеј во Солун

Објавено пред

„Сè што ни е заедничко“ е основното мото во делата на 14 уметници од Југоисточна Европа во рамки на изложбата организирана од Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе се отвори в среда, 17 јули, во 20:00 часот во Момус – експериментален центар за уметност во Солун.

Изложбата ја испитува несигурноста во различните социјални, политички и културни контексти поврзани со ранливоста и егзистенцијалната непредвидливост во земјите од Југоисточна Европа.

Видео, сликарство, фотографија и инсталации се медиумите кои се користат за да се подигне свеста за општата опасност и да нè натера да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели.

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова од Музејот на современата уметност – Скопје.

Во изложбата се претставени делата на уметниците Ана Адамовиќ (Србија), Лучезар Бојаџиев (Бугарија), Флака Халити и Албан Муја (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу и Антонис Питас (Грција), Рената Полјак (Хрватска), Анри Сала (Албанија / Франција), Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски (Северна Македонија).

Изложбата „Сè што ни е заедничко” е соработка помеѓу двата музеи како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот, Европа и пошироко. Музејот на современа уметност во Скопје на крајот од септември 2019 година ќе биде домаќин на изложба на дела од колекцијата од Музејот на современата уметност Момус од Солун.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 септември 2019.

Изложбата е финансиски подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и „Еуролинк осигурување“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена изложбата „Великата Степа: историја и култура“

Објавено пред

Во присуство на голем број гости и посетители, вчера во Археолошкиот музеј свечено беше отворена изложбата „Великата Степа: историја и култура“, која се реализира во рамките на проектот „Патувањето на Златниот човек низ музеите во светот“.

Изложбата за отворена ја прогласи министерот за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека оваа изложба на Националниот музеј на Република Казахстан, од Нур Султан, ќе ни ја доближи земјата што ја живее својата цивилизациска сегашност врз темелите на сопственото богато минато.

„Пред нас се артефактите што ни ги илустрираат историските секвенции од културното наследство на Казахстан и кои истовремено се потврда за негувањето на мултикултурниот и мултирелигискиот аспект на граѓаните кои живееле и живеат на територијата на оваа држава. Велат дека Казахстан е земја во која се соединуваат Европа и Азија. Нејзината историја, култура и културното наследство денеска се претставени преку ексклузивните раритетни предмети, како: накит, воена опрема, традиционални ракотворби, кои говорат за историското траење на оваа земја и нејзиниот културен идентитет. Особено вреден и најзначаен артефакт на оваа изложба, секако, е симболот на казахстанското културно наследство – Златниот човек или Казахстанскиот Тутанкамон од 5 век пред нашата ера, идентификуван како воин на народот Сака”, рече Исмаили.

Тој додаде дека оваа изложба, која патува низ музеите во светот, е извонредна можност македонската јавност да се запознае со историјата и културното наследство на Казахстан, кои се потврда за разновидноста и посебноста на казахстанската култура. Изложбата „Великата Степа: историја и култура“ ќе биде отворена за посетителите до 11 август.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија3 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет5 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија6 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија14 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион19 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија21 час

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија24 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија1 ден

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Досие